Renault MEGANE R.S.

Дизајн за подобри перформанси

Надворешен дизајн

Заводлив стил

Дизајн за подобри перформанси

MEGANE R.S Го буди во Вас возачкиот инстинкт и сите дополнителни карактеристики на ова чувство...сето доживување инспирирано од професионалните трки со возила.

  • eксклузивни бои на Orange Tonic и Sirius Yellow 
  • калници од 60 mm      
  • предна маска за воздух  
  • прилагоден браник со F1 лајсна, напред         
  • функционален заден дифузер    
  • централна цевка за издувни гасови
  • тркала од 18 и 19’’
  • стилизирани прагови со R.S потпис
  • предни светла R.S Full LED Vision     
Renault MEGANE RS - focus sur entrée d'air avant

Поширок преден дел

Нов поширок браник со F1 лајсна која го насочува движењето на воздухот за полесно ладење на моторот. Решетка со дизајн на саќе и предни R.S Full Led Vision светла кои привлекуваат внимание.
Renault MEGANE RS - homme sortant de sa voiture au look sportif

Комплетно нов профил

Акцентирани, сензуални странични линии на шасијата на новиот Renault MEGANE, визуелно поврзување на  предниот и задниот дел од автомобилот. Вентилите, продолжените прагови како и црниот браник се инспирирани од карактеристичната естетика на Renault Sport возилата.         
Renault MEGANE RS - focus sur double sortie d'échappement central

Аеродинамичен заден дел

Новиот, специфичен проширен заден браник, инспириран од карактеристики те на Формула 1. Централна издувна цевка, функционален дифузер како аеродинамична поддршка, странични отвори на браникот за насочување на воздухот, редизајниран спојлер за балансирано возење и др. Неговите перформанси не се само чиста случајност!         

Внатрешен Дизајн

Спортски дух во секој детал
Renault MEGANE RS - zoom sur appuis-tête

Ексклузивен амбиент

Превземете контрола и откријте ги ексклузивните тапацири со црвени и црни детали. Спортска контролна табла, седишта со интегрирани потпирачи за глава и опционална поддршка, специјален R.S. управувач - со менувач на управувачот, педали и алуминиумски потпирачи за стапалата... Влезете во новата, спортска димензија.         
Renault MEGANE RS - vue sur tableau de bord depuis siège passager

Ексклузивни материјали

Седиштата се тапацирани со ексклузивни R.S. ткаенини или Alkantara, управувачот е обложен со кожа или Alkantara, ексклузивен црн крoв, црвен и шевови и др. Материјалите и завршната обработка на новиот MEGANE R.S. Ве водат во светот со високи перформанси.   

Дали сте подготвени за возење во новиот Renault MEGANE R.S.?

Откријте го неговиот дизајн