Дизајнирани странични линии, хромирана ласјна, затемнети стакла, Full LED предни светла, светлосен потпис во форма на буквата C и 43cм (17 '') Diamond тркала. Подгответе се за новиот SpaceClass, да Ве oсвои со својот елегантен изглед. Погледни ја разликата!
Откријте го внатрешниот дизајн кој може да се споредува и со луксузните салони. Ексклузивни материјали, хромирани детали, кожни седишта, црн тепих и патосници. Уживајте во елегантно и удобно опкружување, за патување во целосен комфор.
Маса која се преклопува, Led светло за читање, држачи за шишиња, задна клупа или лизгачки и ротирачки седишта, каде може да се сместат 6 лица, седнати едни кон други. Пронајдете ги сите удобности што ги нуди новиот SpaceClass.
Софистициран декор, XXL внатрешност, рекордна модуларност... Новиот SpaceClass е дизајниран да ги задоволи потребите на возачите и сите останати патници. Од модерен и удобен патнички простор, заден дел каде може да се сместат 6 лица седнати едни кон други, уживајте во околина која комбинира елеганција и чувство на удобност.
Пренесување на вашите деца на училиште, купување на нами рници, патување со семејството за викенд или одмор... Најдобро опремен во својата класа, новиот SpaceClass се прилагодува на вашите потреби и планови. Со својот елегантен и модуларен распоред, опкружете се со ненаметливиот луксуз, кој е тука со цел да обезбеди ваша пријатност и удобност.
Препуштете се на искушенијата и тргнете по неоткриени патишта! Со удобен ентериер, задно седиште кое се преклопува во вистински кревет за две особи, постојано вклучени LED светла за читање, многу прегради за складирање и темни завеси... Удобност како во вашата спална соба, подготвени за пат?
Со новиот мотор 2.0L и автоматскиот EDC менувач со двојна спојка, новиот SpaceClass Ви нуди поголема моќност и поголем вртежен момент со намалена потрошувачка на гориво. Комбинирајте пријатно возење и заштеда на гориво!
Решенија за тракција
Не мора повеќе да ги заобиколувате предизвикувачките патишта! Со подобрената технологија за контрола, новиот SpaceClass комбинира удобност и сигурност, со цел да озбезбеди перфектна безбедност на неоткриените патеки.