Комплетно Новиот Renault TRAFIC

Мотор и погон

Мотор

Подобри перформанси, помала потрошувачка на гориво!

Нов 2.0-литарски дизел мотор петта генерација, која содржи најнова технологија за моќност од (+ 25кs) и поголем вртежен момент (+ 40Nm) со поголема достапност, ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂ . Уживајте во неверојатно подобрено искуство во возењето и економичност во потрошувачката на гориво.
Renault TRAFIC

AdBlue®

ечноста AdBlue® значително ги намалува емисиите но истовремено ги одржува перформансите на моторот. Со брзо пристапување до делот за гориво десно од врата та на возачот, можете лесно да го наполнат резервоарот за гориво од 20 литри. Течноста можете едноставно да ја побарате и на локалните бензиски пумпи.         
Renault TRAFIC

Stop & Start

Системот помага во намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на стаклени гасови. Технологијата „ Stop&Start “ го сопира моторот на возилото кога застанувате ( на сообраќајниот метеж, црвени светла од семафорот и сл.) и автоматски го стартува моторот кога повторно притискате на спојката.
Renault TRAFIC

Режим на возење ECO + DRIVINGECO2

Едноставно, вклучете го режимот ЕCО и намалете ја потрошувачката на гориво. Забавната и корисна карактеристика DRIVINGECO2 * е вградена во R-LINK Evolution за да го анализира вашиот стил на возење и да Ви понуди совети за уште помала потрошувачка на гориво. Благодарение на тековниот индикатор за стил на возење можете да направите чекор по веќе во однос на економично возење.
Потрошувачката на гориво е сертифицирана според стандарден регулаторен метод што се однесува на сите производители на возила и може да се користи за споредување на возилата. Вистинската потрошувачка на гориво и додатоци на AdBlue зависи од условите на употреба на возилото, опремата, товарот и стилот на возење.

Во зависност од верзијата.

         

Решенија за погон



Дали се возите често, или можеби секој ден и тоа на предизвикувачки терен? Откријте ги нашите решенија Extended Grip и напредните решенија за погон. Комплетно новиот  TRAFIC, во комбинација со помош при тргнување по нагорнина е вашиот совршен придружник во сите услови.         

Extended Grip


Extended Grip (стандардна)

Дали животот Ве води по саканите патеки? Иновативната технологија Extended Grip е дел од стандардна опрема за новиот TRAFIC.
Овој систем за набудување на погонот обезбедува оптимален зафат. 


Како работи? Кога тркалата на погонот се лизгаат, системот веднаш утврдува дека зафатот е исклучително слаб. За разлика од другите системи за набудување на погонот, тој не ја намалува моќноста на моторот. Наместо тоа, им овозможува на тркалата да се лизгаат за да се отстрани снегот, калта или песокот, со што го враќа приоѓањето и полека се зголемува брзината. Возачот, нормално одржува контрола над моторот преку педалата за гас.

        

Помош при движење на нагорнина


Помош при тргнување по нагорнина (стандардна)

Непречено движете по нагорнина со наклон поголем од 10% благодарение на системот за помош по нагорнина.


Како работи? Вашиот нов TRAFIC автоматски останува во функција две секунди, давајќи Ви доволно време да ја притиснете спојката и едноставно да продолжите.


Комплетно новиот Renault TRAFIC


Одберете ја верзијата         

Дали сте подготвени да го проширите вашиот бизнис со комплетно новиот Renault TRAFIC?