Renault ESPACE

Карактеристики

Многу повеќе од раскош и удобност


Уметноста на создавање силен впечаток

ESPACE INITIALE PARIS


Волшебен допир на прилагодување

Со составот "One Touch" одберете прилагодување и бидете практичи.

Espace Initiale Paris ви нуди само најдобро во поглед на прилагодување. Ви го представуваме копчето One Touch, на средишната конзола и во багажникот. Со смо еден допир на него седиштата можат да се тргнат и уредно распоредат ; седиштата во задните редови можат оделно или заедно да се преклопат и сокријат во подот и да создадат рамна површина. Секогаш повторно возбудливи моменти. Чувство дека се е волшебно.

Сигурност и помош во возењето

Вградена технологија за задоволство

Задоволството во возењето и сигурноста го чувствувате благодарение на управувачот на Espace Initiale Paris ултразвучни сензори, систем за сензори и камери за возење.  Континуирано праќаат податоци на системот за активна и пасивна сигурност и удобност, на пример ограничувач на брзината со контрола на растојание или систем за предупредување за пречекорување на брзината со препознавање на сообраќајни знаци.Системот му помага на возачот, го предупредува или поттикнува на реакција на соодветен начин што му овозможува оптимална контрола на надворешните околности. Така безгрижно се соединуваме со патот.

Пакет опрема - Crusing - возење на соодветно растојание

Доколку растојанието помеѓу вас и возилото пред вас е мало, адаптивниот регулатор на брзината автоматски ја подесува брзината за да се запази безбедно растојание. Ограничувачот на брзина со контрола на безбедно растојание автоматски ја прилагодува поставената брзина како би се задржало безбедното растојание. Екранот  "HUD " на ветробранското стакло на возачот му ги прикажува сите најважни податоци. Задржете го погледот на патот.

Пакет опрема Visio - бидете чувар во служба на вашата сигурност

Три системи со камери и сигнални предупредувања ја подобруваат видливоста и вниманието.
1 - Систем за предупредување за пречекорена брзина со препознавање на сообраќајни знаци.Системот ги зема во обзир важните податоци ( дожд, работење на патот, итн. ) кои се следат со навигацискиот систем. Информациите кои возачот ги добива му овозможуваат да го прилагоди возењето спрема условите на патот.
2 - Предупредување за менување на сообраќајната лента. Не дозволува ненамерно преминување во друга лента, особено на автопат, кога се намалува концентрацијата.
3 - Автоматско вклучување на долги и кратки светлаСогласно моменталните услови на патот автоматски го прилагодува осветлувањето  (разминување со друго возило од спротивна страна, возење во населено место).

Пакет на опрема Advanced Safety - за избегнување опасност

Избегнете ги опасните ситуации со одржување на безбедно растојание.
Системот го предупредува возачот кога не го почитува адекватното растојание. Прилагодувањето на брзината е препуштено на возачот. Кај послабо сопирање, штом забележи опасност од сообраќајна несреќа, автоматски се вклучува системот за активно сопирање доколку е неопходно.

Пакет опрема City- препуштете се на автоматско управување

Голем кросовер кој едноставно се паркира со системот Easy Park Assist.Системот го мери местото за паркирање и сам го одредува патот. Препуштете му го управувачот и се што треба да правите е да ги контролирате папучите за гас, сопирачката и рачката на менувачот. Задни, предни и странични сензори како и камера за возење наназад се сигурна контрола околу целото возило за спречување да удрите во некое столбче или во друго возило.

Iso Fix-одлична идеа за мали деца

Мора да го зацврстите детското седиште? Системот за прицврстување Isofix на трите задни седишта  ја намалува опасноста од неправилно поставување. Детска игра за безбедност на вашите најмили. Системот е препорачан од Здружението за безбедност на патиштата (APR).

Пасивна сигурност

Никогаш не се знае од каде доаѓа опасност, затоа треба секогаш да сме подготвени.Новиот Espace Initiale Paris  има зајакната конструкција, шест воздушни перничиња (предни воздушни перничиња, странични воздушни перничиња за глава и гради, воздушни завеси), сигурносни ремени со затегнувачи и ограничувач на силата на затегнување, наслон за глава против повреда на вратот и систем за безбедност на децата со три точки за прицврстување Isofix. Што уште да кажеме?

R-LINK 2

dede

Интуитивност во голем формат

На ред е интуитивност, со мултимедијалниот таблет Renault R-Link со интернет врска. Вистинска иновација од која се управува преку екран со дијагонала од 8,7 инчи (22 см).
Повеќе функции и подобра прегледност. Управување со овој систем веќе ни е во крвта.
r4r

Превземете ја контролата врз Espace

R-Link2 овозможува нов начин на управување.
Склоп од дигитални инструменти кои се наоѓаат на инструментната табла пред вас. Вашиот управувачки центар; Renault Multi-sense, патен компјутер, индивидуално преклопување на задните седишта... Вие имате иницијатива во возилото; преку вертикално поставениот екран и повеќефункционалниот потенциометар управувате со својата и удобноста на патниците.
vv

R-Link 2, прилагодување по мерка

Добродојдовте во светот на прилагодувањата по мерка.
Да го земеме како пример R-Link 2.Почетна страница со апликации. Навигација, радио ... R-Link 2 овозможува управување по сопствена желба.Може да направите до 6 кориснички профили за зачувување на податоци во возилото ( мултимедијални содржини, навигација, Работа на клима уредот, седишта или Multi-Sense}. Едноставен и прегледен кориснички интерфејс, јасно мени, големи типки за управување. Со гласовното управување не мора да го тргате погледот од патот.
dede

Ништо не смее да недостасува

3D, "Мултимедијална содржина" за репродукција на музика или дури фотографии или филмови само кога возилото е во мирување ), " Телефонирање " со функција телефонирање со слободни раце преку Bluetooth и читање на SMS на глас, "Возило" за поставување многубројни поставки. И на крај"Апликации " за пристап до Renault апликации, услуги и купување во R-Link Store продавници. На сето ова додадете го сеопфатното поврзување на сите мултимедијални уреди; четри USBприклучоци (два напред, два позади), 3,5-мм аудио приклучоци, три влеза од 12 Vи еден влез за SD картичка (во зависност од верзијата).
r4r

Прилагодување со R-Link Store системот

R-Link Store 2 е поврзан систем; Првата година е бесплатен и има комплетно решение за детално поврзување и олеснување на секојдневно работење. Освен за детелни сообраќајни информации, овозможува пристап до комплетната понудана R-Link продавниците и многубројните апликации прилагодени на возилото. На продавниците R-Link Store може да им пристапите и да ги прегледувате и да управувате со апликациите од возилото или преку интернет.
vv

Радиото е дигитализирано

Дигиталното радио е помалку осетливо на пречки и има прецизен и јасен звук во кој ќе уживате. Дигиталното радио не е достапно таму каде се наоѓате? Нема проблем, автоматски ќе се префрли фрекфренцијата на FM.

Прилагодете го вашето возење и удобност

Прилагодлив

Одберете го режимот на системот 4CONTROL®

Екслузивната иновација на Renault, шасијата 4control® со погон на сите тркала ја подобрува агилноста, ракувањето и лежењето на патот.Шасијата 4Control® во градското возење ги претвора задните тркала за подобро ракување при мали брзини. На отворен пат, системот за управување го подобрува движењето на возилото во согласност со фитинката и управувачката положба на тркалото.

Renault MULTI-SENSE®

Целосна палета на чувства

Со новиот Espace Initiale Paris, Renault ја истражува новата димензија на задоволство при возењето: сеопфатна забава. Дури и повеќе возбудливи чувства и искуства достапни за возачот. Дали сте во расположение за спортско возење, негрижа, ефикасност?
Новата технологија на Renault наречена Multi-Sense®, ви овозможува да го промените одговорот на возилото во зависност од вашето расположение и момент. Системот Multi-Sense®, кој дејствува како диригент на оркестарот, ги контролира и прилагодува сите технолошки системи на новиот Espace Initiale Paris.
Сите системи работат во целосна хармонија, од одзив на возилото до внатрешната атмосфера, поизразени звуци на моторот или посилно светло, сега ќе ги почувствувате вашите чувства поинтензивно. Вие ги контролирате.

Напредна суспензија

Шасијата 4Control® работи според прилагодливата суспензија. Системот постојано ги контролира условите на патот со неговите сензори и моментално ја прилагодува суспензијата во согласност со избраниот Multi-Sense® режим на возење, за да гарантира удобно работење на суспензија и цврста адхезија на површината .

Амбиентално осветлување

Атмосферата на возилото одговара на вашиот стил на возење и се прилагодува на вашите параметри со прилагодување:
- бои на амбиенталното осветлување: зелена, сина, жолта, црвена, виолетова
- режим на прикажување на податоците и бојата на екранот за контрола- звук на моторот- интензитетот на функцијата за масажа на вашето седиште- режим на климатизација

Возете со задоволство

Системот Renault Multi-Sense, вистинско чувство за време на управување

Имајте ново возбудливо искуство во возењето со системот Renault Multi-Sense. Изберете начин на возење од најудобно до најспортско. Сите функции кои влијаат на возењето - системот 4Control, подесување на суспензијата, управувачки систем, управувач, реакција и звукот на моторот како и амбиенталното осветлување - работат во совршена хармонија. Откријте нова димензија на задоволства кои ќе ве обземат.  Сами одберете кога ќе се предадете на новите задоволства, а времето е на ваша страна.

Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе ESPACE?