Renault ESPACE

Мотори и перформанси

Ефикасност

Ефикасност

Почувствувај го задоволството во возењето и намалете ја потрошувачката на гориво благодарејќи на аеродинамичниот дизајн, умерена тежина и енергетската ефикасност на моторот на новиот Espece.Капацитетите се плод на 35 годишно искуство во автомобилскиот спорт остварени со стучност и знаење на нашите конструктори и технолошки познавања за намалување на потрошувачката на гориво, како што е намалување на зафатнината на моторот така нарачен downsizing.

Технологија Twin Turbo за еластично возење и побрза рекција

Запознајте ја технологијата на Twin Turbo моторот Energy dCi 160.На мали вртежи на моторот, турбополначот со мала инерција обезбедува ефикасна работа на овој мотор, а дополнителниот турбополнач ја превзема задачата кај поголемите вртежи. За еластично и брзо возење како и силно забрзување искористете го големиот вртежен момент достапен во краток рок.

Energy TCe 200 EDC- совршена хармонија на удобност и спортски карактер

Дали сакате соодветен бензиски мотор? Со новиот Energy TCe 200 мотор ви нудиме одлично решение. Потекнува од нашиот мотор R.S. и со додатни подобрувања става акцент на изразено чувство за динаничност. Особено е ефикасен кај новиот Espace, со динамично и агилно возење. Може да си дозволите и поголемо забрзување со седмостепениот автоматски менувач "EDC"  со двојна спојка и краток пренос. Моторот Energy TCe 200, автоматски менувач EDC, начинот на работа Sport  во  Multi Sense системот... сè  е тука за да доживеете вистинско чувство при возењето.

Energy dCi 160 EDC со Twin Turbo технологија - чувство под контрола

Запознајте го новото чувство завреме на возењето со моторот Energy dCi 160 EDC поврзан со Twin Turbo технологија, менувачот "EDC" со двојна спојка кој обезбедува еластичност и удобност, дополнително го нагласува чувството на флуидност. Ова технолошко решение го позиционира Energy dCi 160 EDc моторот во новиот Espace во самиот врв од понудата на пазарот.

Energy dCi 130

Дали сакате истовремено мотор кој нуди удобност и економичност ? Одберетe мотор  Energy dCi 130 со шестостепен рачен управувач.

Перформанси

Автоматски менувач " EDC " со двојна спојка кој менува сè


За да ви се допадне возењето во новиот Espace, нашите конструктори го создадоа автоматскиот менувач со нов управувачки мехамизам Shift-by-Wire.Ова решение кое потекнува од Формула 1, ја подобрува прецизноста и еластичноста кај промени со подобра контрола на притисокот. Немањето на механички врски овозможи доградување внимателно дизајнирани делови како лебдечка централна конзола и компактна рачка на менувач превземени од воздухопловството.

Корисна аеродинамика

Инженерите и дизајнерите во Renault со заеднички сили ја подобрија аеродинамиката на новиот  Espace за скоро 10% во споредба со старата верзија. Ова подобрување ја намалува потрошувачката, особено на автопат.
d

Уметноста на создавање силен впечаток

Новиот Ranault Espace оствари пет звездички на испитот Euro NCAP, како независно тело за оценка на пасивната сигурност. Резултатот е постигнат и покрај строгите критериуми поставени во Јапонија оваа година и уште еден доказ за стручност наекипата на Renault. Новиот Renault Еspace остварил вкупен резултат од 81 посто и тоа е шеснаести модел наRenault кој добил пет звездички на тестот Euro NCAP.Освен оваа потврда од автомобилската индустрија, новиот Renault Espace има сигурни возни карактеристики, пред се благодарејќи на бројните технолошки решенија за предупредување на возачите и заштита на патниците кои придонесуваат за врвна активна сигурност на тој модел.Component actions

Дали сте подготвени да ве заведе ESPACE?

Откријте ги неговите карактеристики