Новиот Renault KADJAR


Опрема


Удобност


Доживејте авантура во знакот на удобноста...

Овој SUV со 5 седишта ќе Ве заведе со сите подобности при возењето како и со удобна положба во седиштата.


Renault KADJAR

Подесете ги седиштата и централниот наслон за раце

Едноставно подесете ја должината на седиштето за сигурно и удобно возење. Лизгачкиот преден потпирач за раце нуди дополнителен простор за складирање .
Renault KADJAR

Мултифункционален управувач

Гласовно препознавање, темпомат - ограничувач на брзина, телефон, инструмент табла...Допрете го тастерот на управувачот и пристапете на сите функции во вашиот SUV
Renault KADJAR

Преден и заден клима уред

Уживајте во оптималната топлина со ефикасниот клима уред кој се прилагодува на вашите потреби .
Renault KADJAR

Помош при возење по нагорнина

Тргнете сигурно! Помошта кај возењето по нагорнина го одржува притисокот на сопирачката неколку секунди како би имале доволно време мирно да тргнете.
Renault KADJAR

Bose Аудио систем

Чист звук, спектакуларен ритам, суптилни акорди... Напред како и позади, звукот е јасен и квалитетен. Авантурата со новиот KADJAR се чувствува и низ музика.
Renault KADJAR

Греење на предните седишта

Пријатни во зима и обложени со двојно погуста пена, седиштата даваат топлина, удобност и цврста потпора во текот на патувањето.

Удобност во возилото


... И уживајте во практичната и светла внатрешност...

Великодушен простор, интелигентна модуларност и капацитет за складирање... Мислевме на сẻ за да животот Ви го направиме поедноставен.


Renault KADJAR

Исклучителен волумен на багажникот

Едноставно натоварете сẻ што ви е потребно до 527 L.
Renault KADJAR

Задна клупа со можност за преклопување

Сите ваши предмети долги до 2,5 м превезете ги со едноставно преклопување на задната клупа.
Renault KADJAR

Фиксен панорамски кровен прозор

Максимално уживајте во својата околина и внесете светлина во вашиот SUV преку наговиот фиксен стаклен кровен прозор со површина од 1,4 m².
Renault KADJAR

Складирање и 12V приклучок

Поврзете ги сите ваши мултимедијални уреди со USB приклучоци, jack приклучок и приклучоци од 12 V, како и паметно смислени места за складирање ( до 30 L ) распоредени во целата внатрешност.

Технологија & Renault EASY CONNECT


... Почувствувајте го патувањето на поинаков начин...

Ништо полесно од подесување на брзината, паркирање или автоматско префрлање на кратките светла, преку неговиот систем за помош при возење.


Renault KADJAR

Easy Park Assist

Кога ќе започнете со маневрите за паркирање, неговиот систем целосно го превзема управувањето. Исто така преку камери и сензори за возење назад Ве предупредува за евентуално постоење на препреки со што ви овозможува заштита од 360 °.
Renault KADJAR

Предупредување за надминување на брзината

Приспособете ја брзината на возење со податоците од сообраќајните знаци кои ги детектирала камерата. Доколку ја пречекорите брзината, вашата инструмент табла и навигацискиот систем со визуелна сигнализација ќе ве предупреди на тоа.
Renault KADJAR

Интелигентни светла

Новиот KADJAR е опремен со светла за магла со функција за прилагодување во свиоците, силни LED Pure Vision светла и автоматско вклучување и исклучување на долгите светла со цел подобра видливост.

Запознајте го и ова...

Нашата мрежа Renault EASY CONNECT нуди решение за заштеда на вашето време , така да останете конектирани во тек на слободното време или деловни активности. Извршете телефонски разговор, слушајте музика, користете го вашиот мрежен асистент за да поставите директно прашање... и уште многу!


Renault KADJAR

R-LINK 2

Интуитивен и ергономичен, неговиот 7 инчен екран овозможува исклучителна удобност при користење. Неговиот графички интерфејс кој потсетува на таблет овозможува повлекување на иконите и прикажување на информациите со скролање и зумирање .
Renault KADJAR

Android Auto (tm) и Apple Carplay (tm) R-LINK

Со Android Auto (tm) и Apple Carplay (tm) многу едноставно може да пронајдете рута, диктирате и погледнете SMS пораки, телефонирате и слушате музика зачувана на вашиот телефон.

Сигурност


.... Во добро секојдневно следење.

Една од задачите кои новиот Renault KADJAR си ги поставил е возењето да Ви биде помирно и посигурно.

Renault KADJAR

Предупредување за мртов агол

Доколку некое возило се најде во вашиот мртов агол, светлосниот сигнал на левиот или десниот надворешен ретровизор ќе Ве предупреди на тоа.
Renault KADJAR

Предупредување за ненамерно преминување во друга лента

При брзина поголема од 70 км/h овој систем Ве предупредува доколку ненамерно преминете преку полна или испрекината линија. Со оваа опција се зголемува безбедноста бидејќи Ве предупредува дека возилото е во опасност од излегување од патот.
Renault KADJAR

Активно и нагло сопирање

Кога ќе забележи опасност од судир , звучно Ве известува, а доколку не реагирате на предупредувањето, се вклучува систем за активно нужно сопирање за да се спречи или ублажи евентуалниот судир.
Renault KADJAR

Пасивна и активна сигурност

Нашите стручни лица задолжени за безбедност мислеле на сẻ : 6 воздушни перничиња, потпирач за глава кој заштитува од инерциски повреди, затегачи на сигурносните појаси со лимитер на затезната сила . За заштита на деца , новиот KADJAR доаѓа со системот за прицврстување Isofix во две точки.

Дополнителна опрема


Дизајн


Пофалете се со неговата дизајнирана дополнителна опрема...

Персонализирајте го вашиот SUV да добие карактер и оригиналност .

Renault KADJAR - Marchepieds et élargisseurs d’ailes

Прагови и проширени браници

Праговите овозможуваат вистинска удобност преку заштитата од лизгање и го олеснуваат пристапот до кровот. Проширените браници* подобро ја заштитуваат каросеријата од мали удари при секојдневното возење.


* Проширените браници не се компатабилни со системот за надзор на мртов агол и системот Easy Park Assist.
Nouveau Renault KADJAR jantes accessoires

Асортиман на фелни

Од широкиот асортиман на фелни изберете фелни од 17", 18" и 19". Имаат елегантен и префинет стил, како и бескомпромисна сигурност .
Nouveau Renault KADJAR Pédalier sport

Спортски педали

Додадете спортска нота во внатрешност на вашиот SUV со спортски педали*

*Достапни со рачен и автоматски менувач.

Удобност во возилото


...Практична и едноставна за користење...

Неговите естетски и функционални елементи совршено се вклопуваат со патничкиот простор .

Nouveau Renault KADJAR Chargeur à induction

Индукционен полнач

Наполнете го едноставно вашиот паметен телефон со поставување на мобилниот врз подлогата за полнење која се наоѓа во празното средишно катче. Полнењето на вашиот паметен телефон никогаш не било толку едноставно.
Nouveau Renault KADJAR Tapis de sol

Патосници

Посебно дизајнирани да ја заштитат внатрешноста на вашиот SUV. Се прицврстуваат со две сигурносни копчиња и не пречат на педалите. Лесни се за одржување, изработени од гума и ткаенина како би ги задоволиле сите ваши потреби.
Nouveau Renault KADJAR Support multifonction sur appui-tête

Повеќенаменски потпирач на глава

Едноставно се прицврстува на потпирачот за глава, овој мултифункционален систем на патниците им овозможува удобно пратење на содржините од нивниот таблет, да оставаат или закачуваат некои предмети.

Превоз


... Пренесете се што ќе посакате и каде ќе посакате...

Секогаш брзо се монтира и едноставно употребува, а секако ги задоволува високите сигурносни норми.

Nouveau Renault KADJAR Gamme attelages

Приклучоци за влечење

Кука која може да се демонтира или преклопи без алат, нашите приклучоци за влечење имаат антикорозивна заштита и ги исполнуваат строгите барања на стандардите во однос на безбедност и отпорност.
Nouveau Renault KADJAR Barres de toit et coffre de toit

Кровни држачи и кровни куфери

Кровните држачи овозможуваат монтирање на дополнителната опрема на кровот како држачи за велосипеди, држач за скии или кровен куфер. Едноставен е за монтажа без алат со системот за брза монтажа Quick Fix .
Nouveau Renault KADJAR Porte-vélos

Држач за велосипеди

Едноставен за поставување и користење, нашите држачи за велосипеди овозможуваат сигурен и едноставен превоз на велосипеди.

Заштита


... Со добра заштита.

Уживајте во заштитата по мерка и долготрајност.


Nouveau Renault KADJAR Protections de coffre

Заштита на патничкиот простор

Неговите модуларни заштитни кутии ефикасно се заштитени со оригинални теписи во вашиот SUV. Практични се и лесно се поставуваат и чистат .
Nouveau KADJAR Alarme

Алармен уред

Неговиот систем детектира секаков обид за провала и ефикасно го намалува ризикот од кражба на вашиот KADJAR и предмети во него.
Nouveau KADJAR Chaînes à neige

Ланци за снег

Едноставна употреба и брза монтажа. Гарантираат безбедност, удобност и контрола врз подлогата во најтешки зимски услови.