KANGOO Express

Мотори и перформанси

Почувствувајте ги перформансите

Energy dCi 119 број 1 во испуштање на СО2

Врз основа на 1,5 - литарски мотор dCi, произведен во повеќе од 1,1 милиони примероци во 2011 год, Renault создаде нови мотори  Energy dCi 75  Energy dCi90. Со технолошките иновации потрошувачката на гориво и испуштање на CO2 е намалено за 13 % во однос на предходните верзии, а силата останала иста.За постигнување на  такви перформанси моторите Energy dCi 75 и dCi 90  обединуваат многу технологии како системот Stop &Start, обновување на енергијата при сопирање, рециркулација на издувните гасови со низок притисок ( EGR ), термо регулација итн. насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на моторот, a со цел постигнување на поголема ефикасност и задоволство со намалена потрошувачка на гориво.Трошоците за користење на Kangoo Express се намалени со оглед на потрошувачката од 4,3 l /100km * (122g CO2/km*) и продолжен сервисен интрвал на 40.000 km или две години - помали трошоци за одржување.
Со новите мотори Energy dCi 75 Energy dCi 90, Kangoo максимално го намали влијанието на околината и стана лидер во мало испуштање СО2 во својата класа.*Потрошувачката на гориво и емисија хомологирани се по важечки прописи

STOP & START


Моторите Energy dCi 75 i Energy dCi 90 ( Energy dCi 110 i Energy TCe 115 : зависи од годината ) ,опремени се со технологија наменета за подобрување на работниот ефект и најмала потрошувачка и емисија.
Технологија Stop&Start , заедно со системот за обновување на енергијата на сопирање/ забавување, автоматски го гасне моторот штом возилото мирува. Така автоматски престанува загадувањето.
Кога возачот ќе го притисне квачилото , моторот моментално повторно стартува. За да се обезбеди многубројното стартување на моторот, подобрено е стартувањето и системот за вбризгување гориво и ( пумпа и вбризгувалки со висок притисок ).

Моторот е конструиран за 410 000 циклуси на стартување ( на 300 000 км ), односно скоро седум пати повеќе отколку кај класичниот мотор без Stop&Start системot.
 
Energy dCi 110

Ефикасен, со поволна цена и ефтин за користење, моторот Energy dCi 110 достапен од 2013 год во понудата на новиот Kangoo Express. Со сила од 110 KS при 4000  vrt/min прилагодени за тешки товари и долги патувања. Бидејќи 80% од целиот вртежен момент е од 1500 vrt/min, Energy dCi 110 лесно се движи под полно оптеретување и добро забрзува во сите услови.
МоторотEnergy dCi110 е полн со технолошки иновации. За комбинација на сила и заштеда на гориво , применета е иновативна конструкција на турбина која овозможува поголема енаргетска ефикасност. Патот на воздухот при усисот е поедноставен што го подобрува работниот ефект на турбината и обезбедува подобри перформанси со иста потрошувачка. Турбината на моторот Energy dCi 110 има многу мала инерција ; времето на рекција при мал број на вртежи е подобрено со подобро димензионирање на турбината.

Со технологијата Stop&Start моторот автоматски престанува да работи кога возилото ќе застане. Така повеќе нема емисија на штетни гасови и се заштедува повеќе од литро гориво на 100км при градско возење. Кога возачот ќе ја притисне папучата на квачилото , моторот моментално стартува. Секако, задоволството при возење беше составен дел од барањето упатено до инженерите кои го развија новиот Energy dCi 110. Благодарејќи на тоа  Kangoo троши само  4,4L/100km ,  а испушта само 115g CO2/km*.
Energy Tce 115

Energy TCe 115, во Kangoo Express е од втората половина на 2013., има исклучителни перформанси кога се работи за сила, вртежен момент и потрошувачка. Алуминиумскиот блок на моторот дава одлично забрзување од место и при возење. Станува збор за 1,2 литарски ( 1198 см3 ) мотор со 4 цилиндри и 16 вентили, турбополнач и директно вбризгување. Тоа е намалување на зафатнината за 25 % во однос на предходниот мотор. Развива сила од 115 КS  и дава најголем вртежен момент ( вртежен момент = за брзи движења, добри вбризгувања од место и при возење ) од 190 Nm достапен од 2000 до 4ооо   vrt/min , од што 90% достапно веќе од 1500 vrt/min.Со сите тие перформанси , моторот TCe 115 се одликува и со економичност , троши само 5,9 L/100km, а испушта 140 g/km CO2 . Таква комбинација на сила, мала потрошувачка и емисија СО2 е можна само со вградување на нови технологии. Вртежен момент постигнат веќе со мал број на вртежи е резултат на директно вбризгување., на двојниот подигач на брегастата осовина и пренабивање преку вградениот колектор. Поради намалени енергетски губитоци, триењето е намалено, а пумпата за масло со променлива зафатнина го контролира нивото на масло; моторот троши помалку гориво за потребното количество на енергија.

Techno-Eco

Kangoo Express нуди голем избор: три должини (Compact, Express, Maxi) два, три, или пет места (во зависност од верзијата) и две должини на комплетно електричен Z.E. Верзијата со три предни седишта е новина во новиот Kangoo Express, но и во категорија компактни доставни возила.
Тоа не се единствени новини во палетата Kangoo Express, тој доаѓа со новите  ефикасни и економични мотори, камера за возење наназад, нова генерација ESP во комбинација со системот Extended Grip и помош при движење по нагорнина, ново авторадио со USB приклучок и  Bluetooth како и мултимедијален систем R-Link со навигација.Kangоo Express ја задржал широката палета  на практични и функционални опции: прегради ( преградни ѕидови, подвижни прегради...) сензори за возење наназад, комплет на дрвени облоги, поголема носивост...


Дали сте подготвени да ве заведе KANGOO Express?

Откријте ги неговите карактеристики