MEGANE Grandtour

Карактеристики

Уживајте во пространата кабина

Прилагодете ја внатрешноста како за своја душа

Неговата рекордна должина на багажникот, голем простор за складирање и големата модуларност го прават новиот Renault MEGANE Grandtour вистински избор за секојдневен партнер.

Рекордна товарна должина

Натоварете и превезувајте се што сакате, без ограничувања. Кога задната клупа и седиштето на совозачот  се преклопени  на располагање имате рекордна должина од 2,7 м.

Модуларен багажник

Новиот Renault MEGANE Grandtour е модуларен, бидејќи може да го подесувате багажникот по своја мерка. Систем на прегради, рамен под, потпорни мрежи, куки и простор на страничните страни, ви овозможува да го организирате својот багаж така да ништо нема да се помести.

Голем простор за складирање во предниот дел

Во централната конзола и наслонот за раце може да ставате секакви секојдневни ситници, а притоа се да е при рака.


Уживајте во патувањата

Уживајте во возењето

Повторно почувствувајте задоволство

Сместете се во кабината на новиот Renault MEGANE Grandtour и уживајте во потполно ново искуство на задоволство.

Ултра удобни седишта

Неговите удобни седишта од пена со двојна густина даваат одлична потпора и можност за подесување во лумбалниот дел. На возачката страна масажната функција гарантира опуштено возење.

Удобност за патниците на задните седишта

Далеку од тоа дека се заборавени, петниците на задните седишта имаат голем простор, особено во пределот на колената и искосени задни седишта за оптимална удобност.

Стаклен кровен отвор

Стаклениот кровен отвор со голема површина е достапен како опција кај новиот Renault MEGANE Grandtour  за повеќе светлина при вашите патувања.


За вашите безбедни патувања

Возете безгрижно

Возете безгрижно



За ваше безбедно патување, нашите експерти го опремија новиот Renault MEGANE Grandtour со многубројни сигурносни и помошни системи за возење.

Видео Систем

Тргнете на пат сосема сигурни. Со системот за препознавање сообраќајни знаци, предупредување за излегување од сообраќајна лента и автоматско вклучување долги и кратки светла со себе имате вистински коопилот.

Активно нужно сопирање

Способен е да детектира опасност од судир со возилото пред вас и ве предупреди со звучен и визуелен сигнал. Доколку не реагирате тој превзема и сопира наместо вас и ќе ги избегне несаканите последици.

Предупредување за мртов агол

Преку системот за следење на мртов агол, новиот Renault MEGANE Grandtour ви помага да избегнете непријатни изненадувања. Доколку е присутно возило во подрачјето кое не може да го контролирате без да гледате наназад, се појавува светлосен сигнал на ретровизорот.

Разбудете ги сетилата

Доживејте иновација

Почувствувај ги иновациите

Опремен со технологија на најновата генерација и повисок сегмент, новиот Renault MEGANE Grandtour го прави возењето поедноставно.

MULTI-SENSE

Разбудете ги сетилата. Новиот Renault MEGANE Grandtour  се прилагодува на вашите желби. Со MULTI-SENSE може вашето возачко искуство да го персонализирате.

Head-up дисплеј во боја

Новиот Renault MEGANE Grandtour овозможува да се сконцентрирате на возење без да го вртите погледот од патот. Овој дисплеј во боја ви ги пренесува сите важни информации.

Прецизност со 4 CONTROL

Технологијата 4 CONTROL кај новиот Renault MEGANE Grandtour GT овозможува да профитирате со исклучителна стабилност на патот. Единствен во својот сегмент, овој систем дава максимална подвижност во град и недостижна динамика во свиоци.


Останете поврзани на сосема едноставен начин

Одлучете се за најдоброто од мултимедијата

Одберете го најдоброто од мултимедија

Почувствувај го патот на интензивен начин. Со нашата мултимедијална опрема, новиот Renault MEGANE Grandtour ве носи во својот поврзан и интуитивен свет.  

R-LINK 2

Вградениот таблет на допир R-LINK 2 овозможува со неколку кликови да влезете во функционално и персонално подесување на новиот Renault MEGANE Grandtour. Навигација, радио, апликации...Неговиот едноствен интерфејс - интуитивен и поврзан, овозможува да дефинирате до 6 кориснички профили. Така штом стапнете во возилото добивате приказ на вашиот програм или подесено седиште.

Дигитална контролна табла со TFT екран

Концентрирана со информации, дигиталната инструмент табла во новиот Renault MEGANE Grandtour овозможува со еден поглед да ги прочитате информациите корисни во возењето. Заедно со MULTI-SENSE  неговиот екран се прилагодува на стилот и режимот на бои кои ги избравте.

Аудио систем Bose

Допуштете музиката да ве понесе. Со  Bose аудио системот ќе имате прилика да уживате во звукот со врвен квалитет. Неговите 9 звучници, идеално распоредени во возилото и неговиот нискотонец интегриран во багажникот, даваат исклучително аудио искуство при секое ваше патување.

Видео

Дополнителна опрема


Сакате спортско возење?

MEGANE Grandtour GT-Line


Новиот MEGANE Grandtour Limited

Ексклузивен дизајн

Направете разлика во внатрешноста на моделот Renault MEGANE Grandtour Limited! Додадете нота на неговите алуминиумски 16 инчни фелни Silverline. Ретровизори во сјајно црна боја, задни затемнети стакла и хромирана ознака Limited даваат динамика на неговиот дизајн и неговиот стил. Внатре ќе ве шармира прецизната завршна обработка и смисолот за детали. Удобно сместени во сјајно црни седишта со србрени шавови, подготвени сте за истражување на светските метрополи.

Технологија

Поедноставете го животот со многуте вградени технолошки иновации во НовиотRenault MEGANE Grandtour Limited. Пред вас, неговиот мерач TFT од 7" ги прилагодува боите на вашиот стил на возење. Поврзана и богата со многубројни функционалности, неговата мултимедијална конзола R-LINK управува со навигацијата и ве носи низ Европа. Со системот паркинг кочница ќе го снема стравот при возење по нагорници. За Renault MEGANE Grandtour Limited, единствена порака: уживајте! 

Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе MEGANE?