Renault MEGANE

Заводлив и атлетски дизајн

Бидете поразлични од другите

Надворешен дизајн

Динамичен и сензуален. Renault MEGANE просто зрачи.

Привлечете ги сите погледи

Новиот Renault MEGANE зрачи со својата динамичност и сензуалност. Неговите пропорции и спортска елегантна линија ве канат да го завземете местото зад управувачот.

Почувствувај го неговиот спортски дизајн

Ниска става и високи странични линии на новиот Renault MEGANE му даваат совршен изглед. Неговите привлечни облини и линиите на профилираната каросерија го насочуваат вниманието во предниот дел. Динамичниот дизајн на новиот Renault MEGANE укажува на брзина и возбудување.

Одберете елеганција во сите детали

Широката предна маска и голем вертикално поставен знак - Renault MEGANE гордо ја претставува својата марка. При обликување на неговите линии, нашите дизајнери го вложија сето свое знаење што може да се забележи во усогласениот преод помеѓу деловите од каросеријата на Renault MEGANE, што ги става неговите карактеристики во повисока класа. Неговата елеганција се препознава во најситните детали; хромирани површини на предниот дел, издолжена рамка на стаклата и крајот на издувната цевка.

Препуштете се на неговата заводливост уште на прв поглед

Препознатлив светлосен потпис co Edge Light 3D (LED) Технологија и дневни светла во форма на буквта С, го истакнуваат елегантниот дизајн на на новиот Renault MEGANE. Кога ќе дадете контакт, тродимензионалниот темноцрвен светлосен потпис го осветлува задниот дел и го истакнува неговиот став.

Воодушевување со прекрасни фелни


Одберете фелни за своја душа. Достапни се фелни до 18", и со лесната конструкција се истакнува неговата префинета линија. Покажете го својот стил. Renault MEGANE одговара на Вашиот карактер.


Доживејте технологија

Внатрешен дизајн

Превземете ја контролата над вистинската пилотска кабина

Штом влезете во новиот Renault MEGANE, влегувате во светот на врвна технологија. Возачкото место е како во вистинска пилотска кабина опремена со могубројни врвни технолошки решенија досега навидени во оваа класа. Системот Multi-Sense овозможува со еден потег да ги подесите сите системи во автомобилот, до најмал детал. Ние мислевме на сè за да го почувствувате задоволството. Дали сте подготвени да ја превземете работата во свои раце ?

Неговиот Head-up екран Ве воодушевува

На head-up екранот со преклопување, пред возачот прикажани се најважните информации: брзината, навигацијата, информации за помош при возењето... сè на едно место само вашиот поглед да остане онаму каде треба - во патот. Овој систем на прикажување на податоци е земен од воздухопловниот свет, и во голема мерка ќе влијае на вашата сигурност и удобност.

Уживајте во возачкото место преполно со врвна технологија

Средишната конзола на новиот Renault Megane изгледа како вистинска технолошка кутија со интуитивни инструменти видливи на прв поглед. Тука е и префинета инструмент табла и вграден 8,7 инчен екран на допир на мултимедијалниот систем R-LINK 2 со кој ги контролирате сите функции на возилото: радио, навигацискиот систем, телефон, апликации, системот за помош при возењето.

Уживајте во предноста на дигиталната инструмент табла со TFT екран

Пред вас е дигитална инструмент табла со 7" TFT екран со стабилен приказ на податоци, дење и нoќе. Технологијата  TFT овозможува прилагодување на прикажаните податоци така да не ги оптеретуваат очите на возачот.

Прилагодете го своето искуство со системот Multi-sense


Новиот Renault MEGANE е опремен со единствениот систем MULTI-SENSE кој гарантира неповторливо искуство во таа класа. Со овој систем возачкото искуство може да го прилагодите на своето расположение и своите желби од одзивот на папучата за гас, брзина на пренос на степени*, интензитет на масажата на седиштето, звукот на моторот и амбиентално осветлување во патничкиот простор. На располагање се и пет начини на работа: Sport, Normal, Comfort, Perso или Eco, во комбинација со пет бои на амбиентално осветлување: црвена, зeлена, сина, виолетова и жолта.
*со автоматски менувач EDC


Дали сте подготвени да ве заведе MEGANE?

Откријте ги неговите перформанси