Renault SCENIC

Карактеристики

Патувајте безгрижно!

активно нужно сопирање со забележување пешаци во непосредна близина

Не  плашете се од градскиот метеж и бројните препреки. Исклучиво  новиот Renault SCENIC е опремен со систем за активно нужно сопирање и забележување пешаци во непосредна близина. Исто така може самостојно да прикочи, доколку вие не реагирате, а постои можност од судир.

асистенција за задржување правец и предупредување при детекција на замор

Монотон пат? Опаѓа вниманието? Надвор од урбаната средина, доколку излезете од сообраќајната лента, а не сте ја најавиле вашата намера, новиот Renault SCENIC ќе ве предупреди. Доколку не реагирате тој сам ќе го врати возилото во лента предвидена за негово движење.
Преку системот за анализа на патеката, детектира било каква аномалија поврзана со замор и ќе ве предупреди со адекватен сигнал.


доживејте иновација

Патувајте технолошки

технологија MULTI-SENSE

Вашето расположение може да се смени, тоа важи и за   Renault SCENIC! Со технологијата MULTI-SENSE, може да изберете 5 начини на возење   ("Comfort", "Neutral", "Sport", "Perso", "Eco" ). Почувствувајте ново искуство на секое патување.

Head Up екран во боја

Не го врти погледот од патот. Со Head Up екранот во видното поле ги добивате сите информации. (брзина, GPS навигација при возење). Единствена во сегментот, оваа опрема ја оптимизира вашата удобност и сигурност.

Pack Easy Park Assist

Паркирањето никогаш не било толку лесно! Со камера за возење наназад, 12 сензори подготвени да проценат растојание, прецизното паркирање станува детска игра. Но тоа не е се - тој може да ги превземе командите.

сместете се во кабината

Уживајте во прилагодувањето

уживајте во неговата пространа внатрешност

Впечатлив волумен. Новиот Renault SCENIC е осмислен да ги направи вашите патувања едноставни. Уживајте во неговата внатрешност и иновативната опрема Easy Life.

One-Touch инстант прилагодување

Трансформирајте го новиот Renault SCENIC за миг. Со инстант прилагодување One-Touch доволно е само со еден притисок да ги соборите задните седишта  и добиете импресивен волумен на багажникот. 

лизгачка средишна конзола Easy Life

Култната опрема на новиот Renault SCENIC, лизгачка средишна конзола ревидирана да се прилагодува внатрешниот распоред според вашите потреби при возењето. Насочен кон возачот создава амбиент на " кокпит  "  и овозможува складирање на сите ваши ситници. На совозачката страна, фиока  Easy Life  од 13L.

таблет Easy Life


Вашите патници на задните седишта ќе бидат воодушевени! Tablet Easy Life овозможува лесна и удобна употреба на паметни телефони и мултимедијални таблети. Потребни се повеќе батерии? Не паничете, USB приклучоците со функција за полнење се наоѓаат на задниот дел од лизгачот Easy Life.

погледнете го видеото

Видео - Дополнителна опрема


одберете го најдоброто од мултимедија

Патувајте во верзија 2.0

таблет на допир R-LINK 2

Интуитивно поврзан вградениот систем R-Link 2 овозможува контрола на целата технологија во новиот Renault SCENIC. Започнете MULTI-SENSE подесување и на апликациите, Bluetooth телефонија, TomTom навигација. Достапен во голем R-Link 2 екран на допир со 8,7 инчи и едноставен за ракување. Претпоставуваме дека креирате свој профил за да пронајдете повеќе содржини само со еден клик.

аудио систем Bose Surround

Направен по мерка за  Renault SCENIC аудио системот Bose Surround создава звук од кој ќе ви застане здивот. Со 11 висококвалитетни звучници и нискотонец со јасен и прецизен звук.

восхитувајте му се

Видео галерија

Ослободете ја својата креативност

уживајте во единствените мигови

Оставете да ве вози

посакајте да уживате

Дозволете да ве вози. Нашите експерти го вложија своето знаење како во новиот Renault SCENIC да создадат вистински простор за уживање.

удобни седишта

Сместете се удобно и патувајте. Новиот Renault SCENIC опремен со седишта како неговиот претходник Renault ESPACE; дупло погуста пена со целосна подршка на телото, електронско подесување со 8 режими и функција за масажа и греење во предниот дел. 

пространа внатрешност

Чувство на волумен, лизгачки задни седишта, лизгачка конзола Easy Life... Имајте своја лична идентификација во уживањето. Новиот Renault SCENIC ви го овозможува тоа задоволство.

ветробран со голема видливост

Бидејќи вашиот комфор зависи од вашата перцепција на пат, новиот Renault  SCENIC го опремивме со голем ветробран. Тој  нуди панорамски поглед  и подобра странична видливост.

Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе SCENIC?