TRAFIC Патнички

Карактеристики

TRAFIC Патнички

Достапен во две должини, Л1 и Л2, Во новиот Trafic можат удобно да се сместат до девет лица (возачка за В категорија). На вас останува да ја одберете конфигурацијата што ви одговара.  Индивидуално седиште или со позиција со две совозачки места, еден или два реда клупи со три места одпозади.  Новиот Trafic се прилагодува на сите ваши потреби без разлика дали се професионални или семејни.


Сигурност

ESP нова генерација

ESP на новата генерација обезбедува стабилност и го забележува нивото на оптоварување што овозможува исправање на насоката на движење на возилото. Кај сите верзии е во сериска опрема, а збогатен е и со три дополнителни функции потребни за секојдневна употреба;  Extended Grip го подобрува прилепувањето на возилото со подлогата, особено на песок, кал или снег; Hill Start автоматски ја држи сопирачката  притисната две секунди што е доволно возачот да ја префрли ногата на папучата за гас, а Assist Trailor Swing Assist го забележува занесувањето на приколката и го стабилизира.

Hill Start Assist

Овој систем е од голема помош на нагорнини.  Hill Start Assist автоматски се вклучува кога возилото се движи по нагорнина поголема од 10%. Возилото тогаш останува во место две секунди, што е доволно време возачот мирно да тргне.

Регулатор - ограничувач на брзина

Овозможува да одберете постојана брзина (функција на регулаторот) или да поставите најголема брзина (функција на ограничувачот). Командата на управувачот го овозможува изборот на брзината.

Сензори/камера за паркирање

За полесно управување при паркирање, камерата за возење назад, вградена во висина на стоп светлата, овозможува целосен преглед на просторот зад возилото. Сликата од камерата се прикажува на внатрешниот ретровизор или екранот на навигацискиот систем во моделите со R-Link. Камерата директно е поврзана со сензорите.

Пасивна сигурност

Зајакната шасија, предни воздушни перничиња за возачот и совозачот со систем за програмирано попуштање во пар со сигурносни појаси со затегнувач и ограничувач на затезната сила, странични воздушни перничиња за заштита на градниот кош и воздушни завеси (како опција 0). Децата се безбедни со системот за прицврстување на детски седишта Isofix (страничните седишта назад во првиот ред).

Исклучување на совозачкото воздушно перниче

Совозачкото воздушно перниче се исклучува да може безбедно да се постави детско седиште.


Предни светла за магла

Подобра видливост при магла или дожд.

Систем за контрола на притисок во пневматици и резервното тркало

Предупредува на намалување на воздухот во една или повеќе гуми. Во вентилот за дување се поставени сензори кои редовно го мерат воздухот во гумите.

Двоен асферичен надворешен ретровизор

Подобра видливост за полесно возење (паркирање).


Удобност


Прилагодлив


Дополнителна опрема

Скалички

Додаток на опремата кој на возилото му дава поубав лик. Полесно межете да го сместите товарот на кровот.

Капаци на ретровизорите

Сјајните хромирани капаци ги заштитуваат и разубавуваат ретровизорите.

Теписи

Текстилни или гумени, даваат целосна заштита на подот во кабината. Правени се по мерка и дизајнирани за овој модел.Се прицврстуваат едноставно и не пречат на папучите. Лесни се за одржување. Достапни се за втор или трет ред на седишта.

Навлаки за седишта

Удобните и отпорни навлаки ги заштитуваат оригиналните навлаки на седиштата.
Навлаките се направени од отпорна ткаенина. Достапни се за втор и трет ред.

Полица за багажник

Идеална е за транспорт на различни производи, а особено валкани предмети. Совршено се вклопува во обликот на багажникот и го заштитува тепихот. Лесно се поставува и чисти.


Привремена заштита на багажникот

Направена е по мерка, а овозможува привремено да го заштитите багажникот.

Кровен ковчег со кровни носачи

Овозможува зголемен багажен простор. Куферот е прицврстен на алуминиумските кровни носачи.

Носач за велосипеди и влечна кука

Едноставен (не е потребно никакво подесување) и сигурен транспорт на велоситеди за целото семејство.


Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе Trafic Патнички?