Спортски и персонализиран дизајн

Новиот Renault CAPTUR

НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД

Дозволете да Ве освои со неговиот изглед

Новиот модел со сите карактеристики на еден спортски SUV

ДИЗАЈН ПО МЕРКА

Персонализирајте го својот модел по своја желба и вкус

Дизајн на надворешниот изглед, по мерка

Дизајн на надворешниот изглед, по мерка

Широка палета на бои за вашиот нов Captur. Дизајнирајте ја надворешноста (кровот, ретровизорите, заштитата на шасијата) по ваша желба.

Внатрешен дизајн, по мерка

Внатрешен дизајн, по мерка

Одберете ја внатрешноста по ваш вкус. Од тапацирот, до потпирачите за рака и централниот панел на таблата со инструменти - одберете го вашиот пакет на LOOK внатрешност каде имате опција да одберете помеѓу 3 уникатни бои (портокалова и светло сива), или пак да додадете акценти на боја, со 4 бои на персонализирани прилагодувања (сина, тиркизна, црвена и портокалова). 


Внатрешност

Револуција

Паметната кабина е опремена со мултимедијален екран чувствителен на допир од 23 cm (9,3 ''), дигитален инструмент на таблата од 25 cm (10 ''), иновативна лебдечка конзола со футуристички рачен менувач »E-shifter«, паметни места за складирање и уште многу повеќе. Откријте го технолошкиот ентериер и ексклузивниот дизајн.
Renault CAPTUR

Квалитетот на прво место

Сместете се во пријатен простор, каде на прво место е квалитетот (врвни материјали, рабови од пена, удобни седишта).

Паметни места за складирање

Откријте ги паметните оддели за складирање (преграда за ракавици, преграда во средишниот потпирач за рака, конзола и врата). Оптимизирајте го вашето внатрешно доживување!
Renault CAPTUR

Поголем и подобар

Искористете ја предноста од 536L на багажникот, најголем во својата класа. Уживајте во уникатната модуларност, благодарение на лизгачката и задната клупа со функција на преклопување.
Renault CAPTUR

Renault EASY CONNECT

Откријте ги поврзаните услуги - Renault EASY CONNECT, нов мултимедијален систем кој автоматски се ажурира. Пристапете до содржината преку најголемиот екран чувствителен на допир во оваа категорија, со димензија дури од 23 cm (9,3 ''). Ние го поедноставивме вашиот секојдневен живот.