Новиот Renault Megane

Почуствувајте ново уникатно искуство за време на возењето

MEGANE compact saloon

ДОЖИВЕЈТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

Иновација - со цел да се чувствувате подобро

Оптимизирајте го вашето секојдневно искуство на возење со помош на нашата врвна  технологија: систем за помош на возачот - Renault EASY DRIVE,  мултимедијален систем EASY LINK, системот MULTI-SENSE и многу повеќе.
EASY LINK - MEGANE system

Додадете поголема возбуда на вашето возење со системот EASY LINK

Дали сте подготвени за комплетно ново искуство на конектираност? Со мултимедијалниот систем EASY LINK кој е компатибилен со Android Auto ™ во Apple CarPlay, лесно можете да пристапите до сите апликации и слични услуги преку централниот екран од 24 cm (9,3 инчи) во новиот MEGANE.
MULTI-SENSE - MEGANE

Доживејте уникатно искуство за време на возењето благодарение на технологијата MULTI SENSE

Звук и реагирање на моторот, управување, амбиентално осветлување и прилагодлив дисплеј за возачот. Со системот MULTI-SENSE можете да одберете помеѓу четири режими на возење (MySense, Eco, Comfort и Sport) и да го прилагодите возењето според вашите потреби и тоа како се чувствувате.
MEGANE saloon exterior profile

Систем за помош за возење - Renault EASY DRIVE

Патувајте безгрижно! Систем за помош на возачот на автопат или во сообраќаен метеж, адаптивна контрола на патувањето Stop & Go, систем за активна помош при сопирање (AEBS) со откривање на велосипедисти и пешаци. Нашите системи за помош при возење кои се предводници на иновациите ја подобруваат вашата безбедност и помагаат за полесно возење.

ДИЗАЈН

Доживејте го возењето со напредна технологија

Атрактивен и динамичен новиот MEGANE зрачи со својот уникатен  стил  и уште пософистицирана силуета, како и технолошки напредна внатрешност. 

Новиот MEGANE Grandtour

Новиот MEGANE Grandtour претставува нова визија на караванот MEGANE и ви овозможува една нова димензија на управување.
Елегантен и модуларен караван
Новиот MEGANE Grandtour со своите елегантни линии, рекордна должина на товарен простор, пространиот и модуларен багажник, како и бројните простори за складирање се издвојува како караван, комбинирајќи елеганција и сестраност.

Повеќе информации за новиот Renault MEGANE