Новиот Renault TWINGO

Oпрема

УДОБНОСТ

Создадете од градот ваше лично игралиште...

Бескрајно снаодлив, Новиот TWINGO ќе биде вашиот совршен сојузник за уживање во градот.

Renault TWINGO  - Photo boîte automatique à double embrayage EDC

Автоматски менувач EDC со двојна спојка

Автоматскиот менувач со двојна спојка EDC, единствен избор на пазарот за мал градски автомобил овозможува непречено лесно менување на брзините. Задоволство во возењето без никакви попречувања!   
Renault TWINGO - Photo volant multifonction

Мултифункционален волан

Гласовно препознавање, регулатор - ограничувач на брзината ... Едноставно и лесно пристапувајте им на сите сите функции во вашиот мал градски автомобил само преку мали едноставни движења на рацете на воланот.
Renault TWINGO  - Photo direction assistée à démultiplication variable

Променлив серво управувач

 
Овозможува брзо да се постигне максималното вртење на тркалата.
Помалку напор за поголема мобилност!
Renault TWINGO - Photo climatisation régulée

Клима уред

Клима уредот Ви овозможува да одберете идеална температура! Интегрираниот филтер во кабината Ве штити од надворешните загадувачи.         
Renault TWINGO - Photo toit ouvrant en toile

Платнен подвижен кров

Со подвижниот платнен кров, овозможете му на вашето возило гламурозен изглед и уживајте во сите пејсажи како и сончеви зраци.
Renault TWINGO - Photo aide au démarrage en côte

Помош при тргнување по нагорнина

 Нема потреба од загриженост доколку се движите по нагорнина ... Благодарение на помошта која ја овозможува притисокот на сопирачката, со движењето по нагорнина сопирачката се притиска за неколку секунди и ќе Ви овозможи доволно време за мирно да продолжите понатаму.         

ИСКУСТВО ВО ВНАТРЕШНОСТА

...и уживајте во неговиот практичен ентериер ...

Погоден и практичен пристап како и можност за товарење на гломазни предмети...

Renault TWINGO - Photo volume de coffre petite voiture citadine

Волумен

Едноставно, поставете сè што Ви е потребно во багажник од 219 dm3. Со спуштено и преклопено задно седиште, добивате рамен под и 980 dm3 максимален волумен         
Renault TWINGO - Photo longueur de chargement

Транспорт на предмети со поголема должина

Новиот TWINGO е компактен со простран ентериер. Едноставно, транспортирајте ги вашите предмети дури и со должина до 2,3 m така што ќе го преклопите задното седиште како и предното совозачко седиште.         
Renault TWINGO  - Photo rangements petite voiture citadine

Паметно создадени места за складирање

Мрежа на задните седишта, кутијата за складирање на задната врата, централната конзола помеѓу предните седишта, затворен простор за складирање на средината, кутијата за ракавици или текстилната торба, панел за багажникот... Новиот TWINGO размислуваше за сите ваши секојдневни мали ситници.         

Renault EASY CONNECT И ТЕХНОЛОГИЈА

...на дофат на рака...

Пристапете до сите функции на вашиот паметен телефон и новиот TWINGО со лесна употреба со Renault EASY CONNECT. Останете поврзани и заштедете време за вас или за вашите деловни активности.

Renault TWINGO - Photo Renault EASY LINK petite voiture citadine

EASY LINK

Интуитивниот и ергономскиот 7 "екран чувствителен на допир, Ви овозможува голема удобност при неговото користење. Со новиот мултимедијален систем EASY LINK, ќе ги имате сите апликации Android Auto ™ и Apple Carplay ™ кои ќе Ве поддржат за време на вашите патувања.
Renault TWINGO - Photo Radio Connect R&Go

Радио Конекција R&Go

Преземете ја апликацијата R&Go и уживајте во мултимедијалниот свет директно на вашиот паметен телефон: безбедно остварувајте повици додека возите, слушајте текстуални пораки. Едноставно пронајдете ја локацијата преку вашиот нов TWINGО или препуштете WAZE да Ве води. Во случај на дефект, R&Go Ве води до Renault Assistance само преку еден клик.

Новиот TWINGO, совршен партнер за возење низ град!

.                 
Renault TWINGO  - Photo aide au parking et caméra de recul

Помош при паркирање и камера за возење назад!

Новиот Twingo е создаден за градот: со сензори за паркирање и ретровизорски фотоапарати, паркирајте на мали места, без страв од гребнатини. Исто така, уживајте во поглед со широк агол н а целото подрачјето зад вашето возило кое благодарение на камерата со поглед на задниот дел, се прикажува на екран од 7 ".
Renaut TWINGO - Photo capteurs de pluie et de luminosité

Сензори за дожд и светлина

На ист начин, вашите бришачи автоматски ја активираат и прилагодуваат брзината на бришење во зависност од интензитетот на дождот.
Renault TWINGO - Photo projecteurs anti-brouillard avec fonction cornering

Светла за магла со функција на вртење

Тие ја подобруваат видливоста во кривините и пресеците, со осветлување на патот од страната на која се движите.

СИГУРНОСТ

...возете безгрижно, вие сте во потполна безбедност.

Новиот TWINGO ја следи вашата безбедност.

Renault TWINGO - Photo alerte de franchissement de ligne

Предупредување за ненамерна промена на лентата

Со брзина над 70 км на час, овој систем Ве предупредува ако случајно сте преминале полна или испрекината линија. Визуелното и звучно предупредување придонесува за безбедно возење и Ве спречува да излезете од патот.
Renault TWINGO  - Photo système de surveillance de la pression des pneus

Систем за контрола на притисокот во гумите

Со новиот TWINGО, вашите гуми се под контрола! Во случај на пробивање од некаков предмет или недоволен притисок, ќе бидете веднаш известени, преку инструмент таблата.
Renault TWINGO  Photo régulateur-limiteur de vitesse

Регулатор или ограничувач на брзината

Прилагодете го темпото или максималната брзина. Контролите на воланот Ви овозможуваат да ги прилагодите параметрите за неколку моменти. Едноставно и ефикасно решение за безбедно возење.
Renault TWINGO - Photo contrôle de trajectoire (ESC)

Контрола на стабилноста (ESC)

Во случај на губење на вниманието, системот за контрола на динамичката стабилност (ESC) помага да се контролира траекторијата на вашиот градски автомобил и спречува пренасочување од патот.
Renault TWINGO - Photo sécurité passive de la petite voiture citadine

Пасивна безбедност

Новиот TWINGO е опремен со предни и странични воздушни перничиња и затегнувачи на безбедносните ремени со ограничувач. Воздушното перниче за совозачот може да се исклучи, овозможувајќи Ви да поставите седиште за бебе. Светлото на инструмент таблата Ве информира дали опремата е активна или не.

Дополнителна опрема

ДИЗАЈН

Уникатни со новиот TWINGО…

Прилагодете го изгледот на овој мал градски автомобил по ваш вкус и изразете го вашиот стил и оригиналност.

Renault TWINGO - Photo gamme de jantes accessoires

Избор на фелни

Изразете ја вашата личност преку изборот на ексклузивни фелни на Renault.         
Renault TWINGO - Photo coques de rétroviseurs chromées

Хромиран ретровизор

Додадете повеќе стил и елеганција во вашиот мал градски автомобил .
Renault TWINGO - Photo gamme de seuils de portes

Избор на праг за фелни

Заштитете ги праговите на вратата од вашиот нов TWINGО и персонализирајте ги преку различните достапни бои.

ПРЕВОЗ

... и понесете сè што сакате, каде и да посакате...

Дополнителна опрема, која му овозможува на новиот Twingo бројни транспортни решенија.

Renault TWINGO - Photo pack de portage arrière Quick-fix

Носач Quick-fix за задниот дел од возилото

Ваквиот начин искористете го како алтернатива за приколка, Ви овозможува да при качите носач за велосипед на вашиот мал градски автомобил кој воедно нема хомологација за приколка.       
Renault TWINGO - Photo barres de toit aluminium

Алуминиумски кровен држач

Идеален за монтажа на кровен држач за велосипеди, ски- држач или кровен куфер. Зголемете го капацитетот на оптоварување на вашиот нов TWINGО .
Renault TWINGO - Photo coffre de toit

Кровен куфер

Практичен и робустен, го зголемува обемот на товарење на вашиот мал градски автомобил. Неопходен за патување, без компромис!

ЗАШТИТА

…со добра заштита…

Уживајте во извонредна заштита и издржливост .

Renault TWINGO  Photo pack protection carrosserie

Пакет за заштита на каросеријата

Ефективно заштитете ја бојата на вашиот нов TWINGО од мали удари или гребнатини.
Renault TWINGO - Photo tapis de sol Premium

Премиум патосници

Создадени по мерка, тие се закачуваат едноставно, со два безбедносни клипови и не се мешаат со педалите. Совршена заштита на подот.
Renault TWINGO - Photo tapis de coffre

Постава за багажникот

Лесна за одржување и прилагодување во вашиот нов TWINGО, гарантира трајна заштита на тој дел од просторот. Двострана обвивка од текстил-гумена облога, која се прилагодува на обликот на сето она што сакате да го транспортирате.

УДОБНОСТ ВО ВОЗИЛОТО

... не заборавивме на удобноста.

Естетските и функционални додатоци совршено одговараат на новиот TWINGО .

Renault TWINGO - Photo chargeur smartphone à induction

Индукционен полнач за паметен телефон

Едноставно наполнете го вашиот паметен телефон преку поставениот држач за полнење кој се наоѓа во празната централна фиока.
Renault TWINGO - Photo accoudoir avant

Преден потпирач за рака

Ја подобрува вашата удобност при возење и обезбедува дополнително складирање.
Renault TWINGO - Photo support smartphone nomade

Држач за паметни телефони

Мал и дискретен, со магнетски систем кој Ви овозможува да го фиксирате вашиот телефон со само еден потег на вентилационите отвори во овој мал градски автомобил.