Renault TALISMAN Grandtour

Елегантен дизајн

Играјте на картата на заведување

Надворешен дизајн

Неговите пропорционални димензии

Со својата свилена предница, изострен профил нагласени бокови и одлучен поглед - Renault TALISMAN Grandtour веднаш паѓа во очи. Единствената елеганција ја нагласува светлосниот потпис, хромирани украсни лајсни и двобојни 18" или 19"  фелни. Витка но и динамична и модерна форма на караванот ве повикува да ја погледате внатрешноста. 

Дозволете да бидете заведени од исклучителната предница

Спортскиот изглед на Renault TALISMAN Grandtour, дополнет со страст е основна карактеристика на возилата од оваа класа. Светлосниот потпис ја комбинира технологијата на светлосни диоди LED Pure Vission со препознатливи дневни светла во форма на буквата С. Складните димензии и големата украсна маска придонесуваат за активниот и динамичен изглед.

Светлосен потпис на задните светла

Светлосниот потпис на задните светла го откриваат неговиот модерен карактер кој го прави поразличен од другите. Со својата елеганција и оригиналниот изглед ќе ве освои на прв поглед.


xsx

Изберете елегантни алуминиумски фелни

Подобрете го изгледот на вашиот Renault TALISMAN Grantour со избор на 16, 17, 18,  или 19'' фелни.

Аеродинамика


Акустичните воздушни отвори за воздух, управувањето со протокот на воздухот под капакот на моторот, воздушната завеса и аеродинамичните плочи на подвозот се грижат за намалување на загубата на енергијата поради воздушен отпор. Благодарение на напорите на нашите инженери и дизајнери, успеавме максимално да го намалиме трошењето на автомобилите на  Renault Talisman Grandtour.

Добредојдовте!

Дојдете поблиску! Renault TALISMAN Grandtour ве препознава. Ги вклучува дневните светла, осветува кабина, расклопува ретровизори и вклучува амбиентално осветлување. Седиштата се поместуваат согласно последното програмирање, а возачот ќе го поздрави звучна и визуелна анимација на екранот на допир. Кога ќе стигнете на саканата дестинација, седиштата сами се поместуваат 5см наназад и го олеснуваат напуштањето на возилото. Кога ќе се одалечите од него, вратите автоматски ќе се заклучат, а осветлувањето уште еднаш ќе се запали.

Уживајте во внимателно дотерана внатрешност

Внатрешен дизајн

Уживајте во слободата на движење

Пространата внатрешност во Renault TALISMAN Grandtour нуди неограничена слобода на движење. Секако ќе ви се допадне широката средишна конзола, седишта како во бизнис класа и висината на патничкиот простор. Патниците позади исто така ќе почувствуваат удобност со големиот простор за нозе.

Опуштете се

Возачкото седиште ве опушта на посебен начин бидејќи ве масира по желба: грее или лади. Може да сочувате до 8 положби за возење, 4 вида на масажа обезбедуваат удобност на вашиот грб во лумбалниот дел. Кога многу студи може да вклучите греење на управувачот до саканата температура да ги стоплите рацете.

Искористете ги многубројните места за складирање и големата пространа внатрешност

Renault TALISMAN Grandtour како караван со големи димензии нуди многу места за складирање, интелигентно распоредени во патничкиот простор. Веќе сме во големите прегради во вратите  и преградата со ладење во наслонот за раце  на располагање имате 25L простор. Багажникот  собира 572 L. Grandtour верзијата е пример за прилагодување без разлика дали се работи за долги или кратки патувања. Renault TALISMAN Grandtour како караван со големи димензии нуди многу места за складирање, интелигентно распоредени во патничкиот простор. Веќе сме во големите прегради во вратите  и преградата со ладење во наслонот за раце на располагање имате 25L простор. Багажникот  собира 572 L.  Grandtour верзијата е пример за прилагодување без разлика дали се работи за долги или кратки патувања.

Опуштете се, паметниот клима уред се грижи за вашата удобност


Клима уредот во Renault TALISMAN Grandtour преку сензорот за влага автоматски се вклучува кога нивото на влага е поголемо. Замаглените стакла  нема повеќе да ја попречуваат видливоста.

Дишете слободно! Сензорите за отровни гасови ве заштитуваат од загадениот воздух

Ви треба повеќе воздух? Вентилациониот систем во Renault TALISMAN Grandtour може да го управувате преку мултимедијалниот систем R-LINK 2. Микрочестичките, прав, полен и мирис од издувните гасови ги пресретнува и апсорбира. Доколку ја достигне горната граница на загаденост на воздухот, вентилацискиот систем автоматски се префрла на кружење на воздухот како би се обезбедил чист воздух во кабината.

Уживајте во внимателно дотерана внатрешност

Многу внимание е посветено на избор на материјали и квалитетна завршна обработка и секој детал во Renault TALISMAN Grandtour. Патничкиот простор со луксузна централна конзола и голем 8,7 инчен (22см) екран, како и  мултимедијален  систем R-LINK 2  го прeтставуваат светот на технологијата и удобноста.

Дали сте подготвени да ве заведе TALISMAN Grandtour?

Откријте ги неговите перформанси