TALISMAN Grandtour

Карактеристики

Возење подржано од технологија

Технологија за помош при возење

Renault TALISMAN Grandtour е опремен со најсовремена технологија која ве предупредува во случај на опасност.
- Предупредување за ненамерно напуштање на сообраќајната лента
- Предупредување за возило во мртов агол
- Предупредување за надмината брзина со функција за препознавање на сообраќајни знаци
- Систем за помош при паркирање со предни, задни и странични сензори и камера за возење наназад.Нека работат наместо вас.
- Систем Easy Park Assist
- Aвтоматско префрлање помеѓу долги и кратки светла
- Регулатор на брзина со контрола на растојание
- Активно нужно сопирање

Sistem Easy Park Assist

Со системот  Easy Park Assist паркирањето станува формалност. Оставете системот да го измери паркинг просторот и да определи насока. Потоа тој сам управува со воланот, а вие само да менувате брзина и притискате на гас или сопирачка. Со сензорите на предниот, задниот и страниците, тој е заштитен од сите страни.

Систем на озвучување Bose Surround

Почувствувај ја музиката по мерка на возилото Renault TALISMAN Grandtour. 12 звучници со високи перформанси Bose Surround озвучување репродуцираат автентичен и богат звук со сите нијанси. Системот е направен по мерка да следи жива музика која ги буди чувствата.

Дневни светла и функција за осветлување во кривини

За да бидете забележани секогаш нашите експерти го унапредија осветлувањето кое најмногу е со светлечки диоди LED: дневни, кратки, долги, позиција, за сопирање како и за покажување на насока. Диодните светла имаат подолг век, помаку трошат енергија, допринесуваат на подобар изглед на Renault TALISMAN Grandtour, а што е најважно даваат 20% поголемо осветлување од халогените светилки. При возење во слабо осветлени места, со брзини под  40 km/h ќе имате подобра видливост благодарејќи на функцијата за осветлување во кривини, која е додадена на светлата за магла.

Електрохроматски ретровизор

Електрохроматски внатрешниот ретровизор не дозволува да ве заслепи сонце или светла од друго возило. На вашите очи им овозможува идеална удобност и дење и ноќе.

Картичка за слободни раце

Искористете ги иновативните функции на новата картичка за слободни раце на Renault TALISMAN Grandtour: поздравно сценарио, отвoрање и затвoрање багажник со зафатени раце, одредување положба на возилото со светлосен сигнал... Освен тоа за стартување на моторот не е потребно да ставате клуж, доволно е да стиснете копче  "Старт" и да ја притиснете сопирачката.

Head up екран

Со Head up прикажувачот на податоци, не мора да го тргате погледот од патот. Прикажува реална брзина на движење која не смеете да ја пречекорите, основни навигациски упатства пренесени преку мултимедијалниот систем R-LINK како би знаеле каде да свртите, а при тоа да не го вртите погледот. Така полесно ги добивате информациите и возењето е посигурно.

Интуитивен таблет компјутер R-LINK со интернет врска

Прилагодување со R-LINK 2 до најситни детали

Со сите функции во Renault може интуитивно да управувате преку голем 8,7 - инчен (22см) таблет компјутер R-Link. Може да сочувате до 6 профили, така да секој корисник веднаш може да ја подеси мултимедијална содржина и навигација или систем за помош при возење. Почетна страна, авто радио, навигациски систем, клима уред, подесени седишта, систем  MULTI SENSE  итн. може да подесите директно преку екранот на допир или вртечко централно копче и создадете амбиент по мерка.

Направете го поедноставно времето поминато зад воланот

Искористете ги бројните функции, распоредени во разни полиња. Системот R-LINK 2 овозможува активирање Том Том навигација, пристап до мултимедијалните содржини, телефонирање со слободни раце преку Bluetooth и читање SMS пораки. Во рубиката  " Возило " може да ги смените своите поставки и параметри на ситемот за помош при возење.

Искористете го мултимедијалниот систем во својот автомобил

Не е потребно да го ажурирате именикот. Мултимедијалниот систем R-LINK 2 преку Bluetooth автоматски се синхронизира со вашиот паметен телефон, веднаш штом ќе влезете во автомобилот. USB приклучок во предниот и задниот дел, слот за SD картичка, AUX влез за екстремни уреди... достапно е се што ви треба да ги наполните преносните уреди и делите мултимедијалната содржина. За максимална сигурност при возење можете со мултимедијалниот систем да управувате говорно. Со  SMS to Speech и Text to speech може да ја дознаете содржината на  SMS пораките и е-пошта, без да го тргнете погледот од патот. Во Renault TALISMAN Grandtour вашата удобност и сигурност е оптимизирана како никогаш досега.

Продавница R-LINK Store

Збогатете го доживувањето со апликации од R-LINK Store продавници, дизајнирани да ви го олеснат возењето. На продавницата можете директно да и пристапите од автомобилот Renault TALISMAN Grandtour или така што ќе повикате Мој Renault. Даваме 1- годишна интернет врска и бесплатен пристап до ТомТом Traffic и ажурирани карти на Европа. Исто така ќе добиете и 3 месеци бесплатен пристап до услугата  Coyote Series и информации во реално време за евентуалните опасности на вашето патување. 

Помош во возењето и сигурност

Системот Visio постојано ги следи настаните околу вас

Системот "Visio Sistem" обезбедува најдобра технологија за помош во возењето. Овој иновативен систем е опремен со камера  поставена во горниот дел на ветробранското стакло и технологијата кој ги анализира податоците, а доколку постои опасност ве предупредува преку три уреди:
- Предупредување за пречекорена брзина со функција за препознавање на сообраќајни знаци
- Предупредување за ненамерно напуштање на сообраќајната лента,
- Автоматско префрлање помеѓу долги и кратки светла. Visio System постојано го прилагодува осветлувањето на вашиот автомобил согласно ситуацијата. Така автоматски се вклучуваат кратки светла кога влегувате во населено место или кога ви доаѓа во пресрет друго возило.

Предупредување за безбедно растојание и активно нужно сопирање (AEBS)

Избегнете го наглото сопирање. Предупредување за безбедно растојание се јавува доколку премногу се доближите на возилото пред вас. Ако системот детектира опасност од судир, автоматски се вклучува активно сопирање кое ја активира сопирачката.

Предупредување за возила во мртов агол

Не треба повеќе да размислувате за мртов агол. Renault TALISMAN Grandtour со светлосен сигнал во надворешните ретровизори ве предупредува за присуство на возило во мртов агол, кое го детектира преку сензори поставени од двете страни на браниците.

Систем за помош при возење по нагорнини

Тргнете без проблем и на стрмни терени! Renault TALISMAN Grandtour е опремен со технологија која не дозволува возилото да тргне наназад или да згасне кога се движи по нагорнина. Сензорот го детектира нагибот и обезбедува неподвижност на возилото во траење од 2 секунди, доволно да тргнете без проблем.

Регулатор на брзина со контрола на безбедно растојание и HUD прикажување на податоци

Упростете го возењето! Преку копчето на воланот може да ја подесите брзината  со помош на регулаторот на брзина  со контрола на безбедно растојание. Оваа тхнологија овозможува да се прилагоди растојанието со брзината на движење со возилото пред вас. Преку HUD прикажувањето на податоци добивате информации без да го вртите погледот од патот.

Сигурноста на вашите деца на највисоко ниво

Во Renault TALISMAN Grandtour може едноставно и брзо да монтирате две детски седишта од последна генерација. На задната клупа се 2 со  ISOFIX прицврстување компатибилни со новиот стандард i-Size. Вашите деца така патуваат сигурно. Доколку вашите седишта не се опремени со прицврстување ISOFIX, може во возилото да монтирате 3 стандардни седишта за деца кои може да ги прицврстите со три сигурносни појаси.

Видео содржина

Видео галерија


MULTI-SENSE и 4CONTROL: Почувствувај го возењето со сите сетила


Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе TALISMAN Grandtour?