Renault TALISMAN

Елегантен дизајн

Дизајн: Играјте на картата заведување

Надворешен дизајн

Уживајте во соодветните пропорции.

Уживајте во соодветните пропорции

Елегантен и комфорен Renault TALISMAN како да е составен дел од патот и соединет со него. Флуидните линии на предниот дел се нагласени со двобојните фелни во големини 18" или 19". Неговата површина е мазна како стакло и истакната со прецизни изострени линии, кои од хаубата до багажникот ја потврдуваат неговата современост.Неговите широки рамења врз извајаните тркала покажуваат сила и моќ. Витката става истакната со хромирани лајсни привлекува внимание. Површината на неговото задно стакло ве мами да влезете во него .

Дозволете да бидете заведени од неговиот одличен преден дел


Подгответе се на тоа дека ќе го привлекувате вниманието насекаде. Предниот дел на Renault TALISMAN го одразува неговиот силен карактер  и темперамент  на моќна  лимузина. Рафинираните хромирани линии и широка маска го зајакнуваат неговиот стил. Со high-tech  светлосниот потпис,  Renault TALISMAN  има карактеристични LED  светла во форма на буквата C* LED светлата се достапни како опција или сериска во зависност од нивото на опрема.

Светлосниот потпис на задниот дел ќе ви се допадне

Пронајдете рамнотежа и разлика во задниот дел на Renault TALISMAN. Неговиот светлосен потпис веднаш се препознава.

Бидете поразлични со алуминиумски фелни

Изберете нешто посебно и поразлично. 16", 17", 18" или 19"  фелни го надополнуваат естетскиот изглед на вашиот Renault TALISMAN.

Топло добредојде


Со Hands-free картичката Renault TALISMAN ве препознава и поздравува штом му се доближите .Се палат дневните светла, светлото во возилото, ретровизорите се отвораат и го осветлуваат теренот и на крај се активира комплетното осветлување. Страничните покажувачи на насока даваат светлосен сигнал кога се отвора вратата. Седиштата се враќаат во позиција во која биле последен пат, а Touch Screen-от ве повикува и ви посакува добредојде.
Кога ќе пристигнете на саканата дестинација, седиштата се повлекуваат назад за 50 милиметри за да излезете полесно од возилото. Штом се оддалечите Renault TALISMAN  автоматски се заклучува. Проектирајте го својот светлосен потпис кој постепено се гаси.


Комфор: уживајте во неговиот удобен ентериер

Внатрешен дизајн

Уживајте во слободните движења.

Уживајте во слободата на движење



Уживајте во просторот во возилото.
Висок плафон, широка централна конзола, предни седишта како во бизнис класа, добивате голема слобода на движење. Поделете го тоа чувство со патниците позади кои имаат доволно простор за нозе и комотно сместување.

Релаксирајте се


Возачкото седиште може да почне со масажа на грбот штом ќе седнете во него, благодарејќи на 4 мотори програмирани да ве опуштат со масажа во лумбалниот дел на грбот. Седиштето има електрично подесување и може да меморира до 6 прилагодени позиции. Седиштето на возачот секогаш има функција за топлење без разлика на надворешната температура, бидејќи има греење и вентилација. Во екстремни зимски услови, овозможува загревање на управувачот од -10* на +35* во интервал од 10 мин.

Искористете го големиот простор за складирање

За подолги патувања Renault TALISMAN има голем модуларен простор и многубројни места за оставање. Нека вашиот пијалак остане ладен во паметниот фрижидер под наслонот за раце*, искористете го држачот за чаши на централната конзола, чувајте ги секојдневните работи во џеповите на вратите... Се на се располагате со приближно 25L во возилото. Во багажникот имате на располагање простор од 608L. Но како се отвара? Само треба да поминете со стапалото под задниот браник, багажникот автоматски сам се отвара. Лесно нели?

Дали сте подготвени да ве заведе TALISMAN?

Откријте ги неговите карактеристики