Renault TALISMAN

Карактеристики

Multi-Sense: Почувствувај го патот

Персонализирајте го вашето возачко искуство со Multi Sense

Персонализирајте го вашето возачко искуство со Multi Sense: Komfort, Sport, Eko, Neutral и персонализиран. 
Во Komfort режимот, амортизерите имаат поголема флексибилност, седиштата со масажа се активни и возењето станува полесно. Во Sport режимот одзивот на гас се зголемува. Заедно со 4CONTROL. Овој режим помага во подобра стабилност и управувачки особини. Управувањето и амортизацијата се зголемуваат поради директна контрола на вашиот правец. Менувачот брзо префрла па зголемувањето на брзина оди побрзо и полесно. Во ЕСО режимот потрошувачката е доста намалена.
Во Neutral, автомобилот се однесува во согласност со средината.
Во персонализираниот режим, може да го изберете и сочувате вашето лично Multi-Sense подесување.

Префрлете ја контролата на 4 тркала со 4CONTROL

Располагајте со голем радиус на движење! Со шасија 4CONTROL зголемен ефект на воланот, задните тркала на Renault TALISMAN имаат агол на управување од 3,5*. Вртењето на воланот е доста олеснето. Како резултат на сето ова, вашата елегантна лимузина во урбана средина ќе биде исто агилна како мал градски автомобил. Уживајте во исклучителното држење на патот. Шасијата 4CONTROL го пренесува аголот на управување на тркалата 100 пати во секунда, со што се гарантира апсолутен одзив и стабилност. Имате исто чувство за управување како кај скратено меѓуосовинско растојание. Renault TALISMAN останува залепен за патот десетпати поголем при возење.

Уживајте во оптимално возење со регулација на амортизери

Заедно со 4CONTROL, регулираната амортизација ја подесува суспензијата во избраниот режим Multi-Sense. Со неколку сензори, системот непрекинато ја анализира состојбата на патот, брзината, аголот на управувачот и притисокот на педалот за сопирање. Тој веднаш реагира и праќа соодветен ефект во зависност од тоа кој режим сте го избрале. Од еден крај на друг чувството се менува. Во Sport режимот суспензијата се појачува за подобро лежење на пат, а во  Komfort се намалува, односно омекнува и дава оптимален комфорт.

Возете лесно со Multi-Sense

На централната конзола, при рака ви е специфична команда Multi-Sense, која со еден клик имате пристап до наменското мени на екранот од мултимедијалниот систем R-Link 2. Едноставно свртете го тркалцето за избор на режим на возење и кликнете да го потврдите изборот.Под ротирачката контрола, тастер за побрзо, овозможува веднаш да префрлите на еден од двата омилени режима, со што веднаш го персонализиравте вашиот Renault TALISMAN со вашите желби.

Изберете боја на амбиентот во возилото

Прилагодете го амбиентот во возилото и изберете еден од 5 светлосни амбиенти. Изберете: сина, црвена, зелена, Sepia (црвенкасто-кафеава боја) или виолетова во зависност од вашето расположение.Може да одберете боја на секој од Multi-Sense режимите или да ја оневозможите оваа функција.


Видео содржина

Видео галерија


Совршен од сите агли


Модерен во секој поглед


Самоуверен и енергичен дизајн


Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе TALISMAN?