Renault TWINGO

КАРАКТЕРИСТИКИ

Дизајн

Пакет Спорт


Препуштете се на спортскиот дух ; специјална налепница XXL, ексклузивни сјајно црни фелни 16"... Беспрекорна внатрешност: алу. папучи , црвени детали, црни обложувања на вратите, облоги од кожа и ткаенина...*доcтапно во бела Cristal, црвена Flamme и црна Noir.

Налепници



Бидете тоа што сте - изберете налепници по ваша мерка. Разбудете ја креативноста.

Надворешни украси


Ретровизори, лајсни на маската и вратите. Покажете ја вашата оригиналност.

Фелни


Елегантен до крај! Четири различни алуминиумски фелни 15" и 16". Тоа е одлично, јас како и вие сакам да имам избор.

Градски пакет

Покажете мускули, покажете ги калниците! Црните облоги го истакнуваат долниот дел на браникот, калникот и прагот. Бидете спокојни низ град со сензори и камера за паркирање.

Внатрешни украси

Забавувајте се со персонализација! Уметоци на кожниот управувач, рамка на отворите за вентилација и инструмент таблата во ваши бои.
Оригинален!

Сигурни на велур

Моите црвени и сиви теписи. Горд сум на нив... не само што се согласни со бојата на седиштата, туку се трајни и со висок квалитет. Гумени или текстилни? Изборот е ваш.

Мрднете со волшебно стапче


Зошто да не бидете поразлични од останатите? Изберете боја и штеп на седиштата Tech-Line и нека тоа го следи наслонот за раце! Сина, црвена или сива, бои за сите вкусови!

Мултимедија


Ви го олеснувам животот


Изгледа како да имам само три врати ... но, погледнете, имам пет! Така е многу поедноставно за полнење на возилото или сместување на деца. Практичен сум ќе останам: вашиот багаж, колички, гломазни предмети го сакаат мојот рамен под товарни должини 2,30 м и мојата голема прилагодливост.

Спасете го Twingo со вашиот паметен телефон. Благодарение на апликацијата R & Go и нејзината поддршка, која доаѓа со радио, внесувате свој свет во автомобил, пристапувате до мултимедијални функции (радио) и навигација, телефонирате и се поврзувате со патни компјутери на инструмент табла (еко возење, тахометар, итн.).

Удобност

Мислам на сè

Не е само возење, треба да знаеш да си подготвен на сè. Добредојдовте во Flexi-case, систем на генијални места за складирање распоредени низ кабината: фиоки во задните врати, простор под седиштата, средишна фиока. Сè се прилагодува, па дури и фиоката за ракавици да ја замените за пренослива патна торба. А багажник? Со текстилни прегради може да го организирате на свој начин.

Автоматски клима уред


Со филтер во кабина. Во опција во зависност од верзијата.

Платнен кров

Сакате повеќе воздух? Само притиснете копче и небото е ваше.

Задна клупа, се прилагодува секако!

Подвижен надвор, подвижен внатре... тоа го покажува задната клупа која со еден потег може да се преклопи или да се подеси нагибот без да ги допирате задните седишта. Во некои верзии може да се подели во размер 50/50. Тоа се вика прилагодување.

Рамен под


Имам неверојатни 2,30м товарна должина на рамен под. Како? Едноставно како и Twingo, со преклопување на задната клупа и совозачкото седиште. Предните седишта со функција "one touch" се преклопуваат за миг (некаде во сериска опрема).

Сместете се удобно

Подесување на воланот по висина кај некои верзии е сериско. Подесување на возачкото седиште по висина исто така.

Паркирајте без стрес

Паркирајте се без двоумење:звучниот сигнал ќе ве предупреди на присуство на препрека. Колку сте поблиску до него сигналот зачестува се додека не стане континуиран. Практично нели? Подобро од ретровизор и камера за возење наназад. На вашиот екран Renault R-LINK, во реално време го гледате просторот кој е на располагање за паркирање. Ако сликата не е доволна звучниот сигнал е сеуште тука.

Автоматско вклучување светла и бришачи

Моите светла и бришачи се вклучуваат автоматски. Мора да напоменам дека сум опремен со сензори за светло и дожд.

Сигурност

Систем против блокирање на тркалата (ABS) и помош при нагло сопирање (AFU)

Во случај на нужно сопирање, задржете ја контролата врз возилото. ABS (систем за помош при сопирање) не дозволува блокада на тркалата. Заедно ABS и AFU (систем за помош при нужно сопирање) овозможува да го контролирате движењето без разлика на интензитетот на сопирање. Патот на запирање е пократок, без големо отстапување од првичната патека.

Пролизгување под контрола

Доколку се случи губење на допир со подлогата, ESP (систем за контрола на стабилност) обезбедува да возилото остане стабилно и без отстапувања од првичниот правец.

Возете под висока заштита

Бидете опуштени, заштитени сте. Во кабината вие и вашиот сопатник имате предно воздушно перниче напред и странични воздушни перници. Сакате напред да поставите детско седиште? Исклучете го воздушното перниче на совозачот. Светлото на инструмент таблата ве предупредува дали е тоа активирано или не.

Isofix - добро зацврстено детско седиште

Вградени на две задни седишта, закачалката Isofix дозволува сигурно поставување детско седиште. Сакате да ставите детско седиште напред ? Системот Isofix го дозволува тоа на совозачкото седиште (на некои верзии).

Возете во своја сообраќајна лента


Внимание! Доколку ненамерно излезете од сообраќајната лента, системот за одржување на правилна насока ќе ве предупреди на тоа. Тој се состои од камера поставена во ниво на средишниот ретровизор и свтлосен и звучен сигнал за предупредување во серска опрема кај накои верзии.

Моите гуми под контрола

Доколку некоја од гумите се дупне или има несоодветен притисок во нив, системот сигнализира како не би дошло до губење на контрола врз возилото.

Убав дење, убав ноќе

Со своите дневни Led светла ме познаваат уште од далеку. Дури и по нај јако сонце или тешки временски услови моите светла за магла ја зголемуваат видливоста. (во сериска опрема кај некои верзии).

R&GO


R-Link


Иновативен дизајн


Цени и спецификации


Дали сте подготвени Twingo да ви го направи поубаво секое возење?