Договори за услуги

Продолжена гаранција Renault

Гаранција за ваше безгрижно возење!


Продолжена гаранција Renault е идентична со редовната двогодишна гаранција и опфаќа:

  • бесплатни поправки на сите механички, електронски и електрични дефекти на возилото;

  • бесплатни поправки на сите можни последици на возилото заради наведените дефекти;

  • бесплатно користење на услугите Renault Assistance.


  • Договорот за продолжена гаранција Renault истекува кога е исполнет првиот од следниве два услови:

     

    a) за физички лица:

    • дека возилото е старо повеќе од 4 години (староста се брои од денот на првата регистарација)

    • дека возилото има поминато вкупно повеќе од 80.000 km.

    б) за правни лица:

    • дека возилото е старо повеќе од 3 години (староста се брои од денот на првата регистрација)

    • дека возилото има поминато вкупно повеќе од 1000.000 Km.


    Договор за Продолжена гаранција Renault важи и во сервисната мрежа Renault во 36 земји на Европа


    Вашата единствена обврска е возилото да го одржувате и да го поправате во овластената мрежа на Renault.

    Зошто е важна продолжената гаранција за Renault?

    • Поволност: 3 или 4 години безгрижно возење. Со продолжената гаранција Renault осигурани сте од непредвидени случувања. Осигурена ви е квалитетна поправка во овластената мрежа Renault. Сигурна работа на вашето Renault возило ви гарантира стручно оспособена екипа на механичари кои вградуваат оригинални Renault резервни делови.

     

    • Поволност: чување на вредноста на капиталот вложен во возилото во случај на негово продавање. До колку го замените пред истекот на договорот за продолжена гаранција, продолжената гаранција Renault може да ја продадете со возилото. Во тој случај возилото е попривлечно за купување, бидејќи новиот сопственик добива и гаранција дека возилото е одржувано и поправано во овластената сервисна мрежа, во согласност со препораките на проивзодителот.

     

    • Поволност: Renault Assistance. Нашиот тим за брза помош на пат ќе се погрижи за вас и за вашето возило во најкраток можен рок. Оваа услуга ви е на располагање 24 часа на ден, 7 дена во неделата во скоро ситеm европски земји.

     

    Како да дојдете до продолжената гаранција Renault?

    Продолжена гаранција Renault е достапна за купувачите на новото возило Reanult во моментот на купувањето или во рок од една година од датумот на предавање на возилото на купувачот.

     

    Купувањето на продолжената гаранција Renault е мудра одлука. Трошоците изнесуваат приближно 2% од вредноста на новиот автомобил.

     

    Договорот за продолжената гаранција Renault може да го купите со помош на Renault финансирање. Плаќањето ќе биде на располагање во текот на периодот на финансирање на возилото.