Динамичен и елегантен дизајн
Усогласени пропорции, зајкнат под, сензуални облини, прецизни линии, светлосен потпис со 3D ефект напред и позади, интегрирани кровни носачи од елоксиран алуминиум... Новиот Renault MEGANE Grandtour зрачи со стил!
Креативност секој ден
Новиот SCENIC и Grand SCENIC се издвојуваат од толпата. Со тркалата од 20'' и малата потрошувачка, се воведува нов критериум кај сериски произведените возила. Достапен е со единствен избор на фелни, како алуминиумските фелни Exception со додатоци за аеродинамичен изглед. Двобојната каросерија дополнително го истакнува новиот дизајн на двата моноволумена. Предните светла во форма на буквата " C " се опремени со технологијата " Full LED Pure Vision " . Задните светла со технологијата Edge Light создаваат 3D ефект. Секако посебен светлосен потпис , како дење така ноќе.
Потполно редизајниран, новиот KADJAR со самоуверен надворешен дизајн, како и оптимална удобност и внатрешност со висок квалитет.Предни и задни LED светла, shark антена, цврсти браници и 19-инчни алуминиумски фелни овозможуваат да бидете во центарот на вниманието.Квалитетните материјали и внимателно одбраните внатрешни детали на овој SUV му овозможуваат карактеристична софистицираност. Ергономски новиот KADJAR е опремен со централната конзола во која може да постави 7-инчен таблет.
Kangoo Express нуди исклучително богат избор: три должини (Compact, Express, Maxi), две, три или пет места (во зависност од верзијата) и две должини на целосно електричен Z.E. Верзијата со три предни седишта е новина за новиот Kangoo Express, но исто така и во категоријата доставни возила. Ова не се единствените новини во Kangoo Express опсегот, доаѓаат со нови ефикасни и економични мотори, камера за возење наназад, нова генерација на ESP во комбинација со Extended Grip и помош за движење по нагорнинка, нови носачи со USB приклучок и Bluetooth мултимедијалниот систем R-Link со вградена навигација.