CLIO SERVISER

Откријте го Clio Serviser

Ниовиот Clio Serviser е конструиран на шасијата на моделот Clio со 3 врати. Располага со адути за да ги освои професионалците: привлечен карактер и динамичност, извонредна удобност во возењето и бескомпромисната сигурност.

Верзијата Authentique нуди потполна опрема (4 воздушни перничиња, ABS со EBV, патен компјутер, електрични подигнувачи на стакла, серво управувач....) и бензински мотор 1,2 16v 75 ks или дизел dCi 75 ks. Оваа верзија може да ја збогатите и со рачниот клима уред, како и радио уредот CD MP3 4X15W со командите кај управувачот.