KANGOO EXPRESS

Дополнителна опрема

ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА

 

Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Kangoo Express

АВАНТУРА

САКАТЕ АВАНТУРА, ДА ПОБЕГНЕТЕ ОД СЕ’, ДА РАБОТИТЕ ПОТПОЛНО СИГУРНО... РЕНО ВИ НУДИ ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА СИТЕ СТИЛОВИ НА ЖИВОТ

ПОКРИВНИ НОСАЧИ

 

За превезување товар на покривот од возилото. Се поставуваат на посебни места на покривот. Дозволена носивост е до 100kg.

ПОКРИВНА ГАЛЕРИЈА

 

Галеријата е опремена со посебен преден дефлектор којшто го намалува шумот на ударот на ветрот, и на товарниот валјак којшто го олеснува товарењето.Посебна заштита против корозија. Дозволена носивост е до 100kg.

ПОКРИВЕН БАГАЖНИК TOURING LINE

 

Багажникот Touring Line којшто се монтира на покривните носачи ви нуди дополнителен простор за превоз на багаж. Со зафатнина од 480 литри, тој е идеален за сместување на вашите работи што ќе бидат во него заштитени од кражба и од други неприлики.

КУКИ ЗА ВЛЕЧЕЊЕ

 

Изберете кука за влечење којашто најдобро одговара на вашите потреби: стандардна кука за влечење за постојана употреба, кука за влечење "Лебедов врат" за полуинтензивна употреба или кука за влечење RDSO за повремено користење. Оваа последната го чува естетскиот изглед на возилото благодарение на топчето што може да е демонтира без алат за само неколку секунди.

НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ PROPIDE

 

Носачот на велосипедот Proride од алуминиум што се поставува на покривните носачи овозможува превоз на кој било велосипед чијашто рамка не надминува 80mm.

ВНАТРЕШЕН НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕДИ

 

Со внатрешниот носач на велоспеди, може да се превезуваат 2 велосипеди со 4 лица во возилото. Носачот се монтира на наслонот од превитканата задна клупа 1/3.

НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY

 

Носач на велосипеди на кука за влечење Euroway овозможува превоз до 3 велосипеди.

НОСАЧ ЗА СКИИ

 

Во текот на зимата вашите скии и даските за скијање ќе го пронајдат своето потполно сигурно место на носачот за скии. Магнетски или на покривните носачи, на нив може да се сместат 2 до 6 пара скии.

СИНЏИРИ

 

Не заборавајте да го опремите вашиот Kangoo со синџири за снег за возење на патишта покриени со снег!

СИГУРНОСТ

ДА СЕ ВОЗИ ПОТПОЛНО СМИРЕНО, ДА СЕ ЗАШТИТАТ СИТЕ ВО ВОЗИЛОТО: РЕШЕНИЈА ОСМИСЛЕНИ ЗА ВАС

АЛАРМ

 

Уредот против провали го штити од кражба Вашето возило и сите предмети кои се во него.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НА НАЗАД

 

Заради полесно маневрирање со возилото при паркирање, сензорот за возење наназад што е вграден на задниот дел од Kangoo возилото со звучен сигнал предупредува на оддалеченоста помеѓу возилото и пречката..

СВЕТЛА ЗА МАГЛА

 

Подобрување на видливоста со светлото за магла се придонесува за поголема сигурност, а, исто така, и за нагласување на изгледот на предниот дел од возилото.

СЕДИШТЕ ЗА ДЕТЕ DUO Plus ISOFIX

 

Наменето за деца на возраст од 9 месеци до 4 години тоа се поставува исклучиво со лицето свртено во насока на возењето.

 

СЕДИШТЕ BABYSAFE PLUS

 

Наменето за мали бебиња до 12 месеци, седиштето BabySafe Plus може да се постави назад или напред на совозачкото седиште благодарение на основата Isofix.

 

МУЛТИМЕДИЈА

МУЗИКА, НАВИГАЦИЈА, ОПУШТАЊЕ... УЖИВАЊЕ И СМИРЕНОСТ НА СИТЕ ВАШИ ПАТУВАЊА

HANDS FREE КОМАНДИ ЗА ТЕЛЕФОН BLUETOOTH®*

 

Совршено вклопени во возилото, овие команди Ви овозможуваат да управувате со телефонските повици со помош на радио командите и заштитата на инструмент таблата. Системот Ви овозможожува да го видите и името на повикувачот, да одговорите или да го прекинете повикот и кога е Вашиот мобилен телефон во торбата или во џебот**.

** За да телефонирате потполно сигурно, Ви препорачуваме да направите пауза.

PARROT MK-9200

 

Подобрување на квалитетот на звукот, пренос на именикот и гласовно препознавање. Можност на поврзување со iPod, USB приклучок и MP3 плеер. TFT дисплеј што се одвојува и влез за мемориска картица до 32 GB.


PARROT MINIKIT SLIM

 

Има нова, елегантна форма. Се поставува на штитникот за сонце и врши автоматски пренос на именикот (кај поголемот број нови телефони).

 

НАВИГАЦИЈА ГАРМИН

 

Изберете меѓу широката понуда на преносни уреди за навигација по посебно поволни цени. Уредите имаат вградени регионални авто карти.

 

АУДИО КОНЕКТОР

 

Со помош на аудио конекторот можете лесно да го приклучите вашиот Walkman, iPod или USB уред на оригиналното авто радио и да ја слушате својата омилема музика преку оригиналните звучници. Со командите кај управувачот можете со леснотија да вршите избор помеѓу вашите музички листи.

 

HANDS-FREE КОМПЛЕТ PARROT

 

Hands-free комплетоt bluetooth® Parrot CK3100 ви овозможува телефонирање без да ги тргнете рацете од управувачот. Телефонот може да остане во торба или во џеп бидејќи информациите од вашиот мобилен телефон се прикажуваат на LCD екранот.

ШАРЖЕР ЗА 6 CD

 

Шаржерот 6CD-Mp3 е компатибилен со оригиналното радио, а со него се управува со помош на командите на управувачот.

ПРЕНОСЕН ВИДЕО

 

Благодарение на пресносниот видео систем кој вклучува ДВД читач и два екрани, патниците на задното седиште веќе нема ни да почувстувваат колку брзо им минало времето!

 

ВНАТРЕШНОСТ

УДОБНОСТ, ЗАШТИТА, СТИЛ... ПОСТОИ РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ ВИД НА УПОТРЕБА

ПРЕКРИВКИ ЗА СЕДИШТА AQUILA

 

За да ги заштитите седиштата во вашиот Kangoo, на располагање ви се голем број навлаки што се направени според мерка на вашето возило.

ПАТОСНИЦИ

 

За да го сочувате подот на вашето возило, може да одберете еден модел од богатата понуда на патосници. Патосниците "Relief Evolution" од велур со првокласна завршна обработка имаат долен слој со зајакнато прилепување и високи рабови за задржување на правот. Моделот "Empreite" е негов гумен еквивалент.

РЕШЕТКАСТА ПРЕГРАДА

 

Решетка од не'рѓосувачки челик овозможува ефикасно одвојување на кабината од просторот за багаж.

ПО ВАША МЕРКА

СО СПОРТСКИ ДУХ, ДИЗАЈН, ЕСТЕТИКА... ПАЛЕТА НА ОПРЕМА ЗА ИЗБОР ПО МЕРКА НА ВАШИТЕ ЖЕЛБИ

ОБЛОГИ НА КАЛНИЦИТЕ

 

Облогите на калниците го штитат долниот дел од каросеријата од гребнатинки, кал и удари од песок.

ЗАВЕСИЧКИ

 

Заштитните завеси го штитат долниот дел од каросеријата од грабнатинки, кал и удари на песок.

ПЛАСТИЛЧНО ОБЛОГИ НА ТОВАРНИОТ ПРОСТОР

 

Пластичните облоги на ѕидовите се направени по мерка и претходно исечени на соодветните делови. Нудат ефикасна заштита на внатрешноста од гребнатинки и оштетување при товарење на багажот.

 

ДРВЕНИ ОБЛОГИ НА ТОВАРНИОТ ПРОСТОР

 

Дрвените облоги на ѕидовите се направени по мерка и претходно се исечени на соодветните делови. Ниудат ефикасна заштита на внатрешноста од гребнатинки и оштетување при товарење на багажот.

 

ДРВЕН ПОД

 

Во понудата е посебна дрвена подлога за подот на товарниот простор.

 

ДРВЕН ПОД ПРОТИВ ЛИЗГАЊЕ

 

Уште подобра заштита нуди посебниот дрвен под со заштита против лизгање.

 

МРЕЖА ЗА ЗАШТИТА НА ПРОЗОРИТЕ

 

Челична мрежа со дебелина од 1 mm ги штити страничните и задните стакла при товарење и истоварање на багажот.

 

ДЕФЛЕКТОРИ НА ВОЗДУХОТ

 

Во текот на возењето со отворени прозорци штити од удари на ветрот.

 

ОБЛОГИ НА ПРАГОВИТЕ

 

Заштита и естетски елемент за прагови на предните врати со натпис Kangoo.

 

УДОБНОСТ ВО ВОЗИЛОТО

ПРАКТИЧНОСТ, ПРИСПОСОБЛИВОСТ... УЖИВАЈТЕ ВО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ ВО ПОТПОЛНА СЛОБОДА

ПРЕГРАДА ВО БАГАЖНИКОТ

 

Непропустливата преграда во багажникот овозможува превоз на влажни и валкани предмети. Лесно се вади и се мие под млаз вода.

 

ПРЕГРАДА ПОД ПРЕКРИВКАТА ЗА БАГАЖ

 

Практична преграда за сместување под прекривката на багажот овозможува да сместите и да заштитите ситни предмети.

 

КУТИЈА ЗА ДРЕБУЛИИ

 

Оваа кутија е сместена на дофат на рака и претставува многу практична преграда за сместување на ситници.

 

КУТИЈА СО ЏЕПНА СВЕТИЛКА

 

Оваа кутија со џепна светилка е идеален дел од опремата за барање ситни предмети во полутемниот багажен простор.

 

КУТИЈА ЗА БЛОКЧЕ ЗА БЕЛЕШКИ

 

Практична и секогаш на дофат на рацете за ништо да не заборавите. Кутијата за блокче е мошне практичен дел од дополнителната опрема.