ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Trafic
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Trafic
Кога ќе изберете кука за влечење, во исто време сте избрале квалитет и сигурност. Renault не се задоволува со тоа само да ги почитува најстрогите европски стандарди, туку и со дополнителни тестови се уверивме дека интензивната професионална употреба на куката за влечење нема да предизвика оштетување на возилото. Покрај тоа, Renault води сметка и за најлошите климатски услови и затоа возилото е дополнително заштитено од корозија.
Овие челични носачи на покривот може да пренесуваат и до 50 kg по една шипка од носачот, што значи 150 kg за 3 носачи.
Скалите се прицврстуваат на задната врата на вашиот Trafic и го олеснуваат поставувањето на товарот на покривниот дел. Најголемо дозволено оптоварување изнесува 100 кг.
Мрежите за стакло го заштитуваат задното или страничното стакло на вратите од кршење.
Патосниците се водоотпорни и лесно се мијат со вода, а подот на вашето возило е заштитено од абење, кал и влага.
Целосно прилагодени дополнително затемнети стакла ја заштитуваат внатрешноста на вашето возило од љубопитни погледи и служат за активна сигурност и удобност (помалку жештина, помалку одблесок...)
При превоз на товар овие облоги го штитат товарниот простор на вашиот Trafic. Подот е достапен и со облога против лизгање.
За заштита на внатрешноста на возилото Trafic, одберете ги прекривките SuperAquila кои исклучително се наменети за интензивна употреба.
Овој систем го поедноставува маневрирањето во возењето наназад. Со помош на 4 сензора тој гарантира препознавање на сите прачки до кои возилото може да дојде и да удри.
Ја штитиат каросеријата на вашето возило од кал, гребнатини и удари од камења.
Комбинацијата на MP3/CD читач со влез за надворешни уреди во предниот дел од уредот, го олеснува приклучувањето на преносниот MP3 читач. Сега на располагање ви е целата ваша фонотека. Благодарение на снагата од 4 x 45 W и нископропустливиот филтер, уживајте во оптималниот квалитет на звукот.
Постојано ви се на располагање корисни и сигурни информации за патот, што ви заштедува време, пари и гориво. Информациите ги добивате во реалното време.
Единствена опрема за телефонирање без раце Bluetooth® која ги обединува најновата комуникациска технологија со функциите наменети за слушање музика. Со вграден систем за микрофон, ви гарантира гласовно препознавање без претходно програмирање.
Единствен комплет за телефонирање без раце Bluetooth® ги обединува најновата комуникациска технологија со функциите наменети за слушање музика.
Употребата на овој комплет е поедноставно и побрзо од заменување на гумата: компресорот испушта гумена маса во вантрешноста на пукнатата гума за да можете да дојдете до најблискиот сервис и да ја замените.
Со отворање под агол од 90º и 180º. Достапни се и незастаклени врати кои на верзијата L2H1 се отвораат под агол од 250º.
Со бришач и греач на задното стакло.
Го намалуваат мртвиот агол и го олеснуваат паркирањето.
Го олеснуваат пристапот во задниот дел од возилото со што товарењето и истоварот се поедноставни.
Овозможува влечење на приколка со сопирачки од 2 тони и приколки без сопирачки од 750 килограми.
(8 прстени на L1 / 10 на L2 на Фургоните), со зголемена отпорност (625 daN).
