ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Clio Storia
ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Clio Storia
ЧЕЛИЧНИ ПОКРИВНИ НОСАЧИ
Комплет од два попречни носачи за превоз на багажот на покривот на возилото. Во црна боја, опремени со брава. Најголемото дозволено оптоварување е 60 кг (вклучувајќи ги и самите носачи).
АЛУМИНИУМСКИ ПОКРИВНИ НОСАЧИ
Алуминиумските кровни носачи кои обезбедуваат сигурно и дискретно поставување на опремата како што е кровниот сандак, носачот на велосипеди или скии.
КРОВНИ НОСАЧИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ TOURING LINE
Идеално за одење на активен одмор - носач за велосипед со пречник на рамката до 65 или 80 мм. Touring line е опремен со брава против кражба на носачите, а делумно алуминиумскиот Touring Line 80 има и брава против кражбата на велосипеди од носачот.
ПОКРИВНИ БАГАЖНИЦИ TOURING LINE
Сандаците Touring Line се квалитетни, елегантни и се нудат во различни димензии за различни потреби. Се отвараат на двете страна и остануваат отворени за полесно товарање на опремата. Најголемото оптоварување изнесува 75 кг.
НОСАЧ ЗА СКИИ
На кровните носачи може да поставите до 6 пара скии и на тој начин штедите драгоцен простор во внатрешноста на возилото. 2 брави ја спречуваат кражбата како на носачите, така и на самите скии. Тука има и големо копче за полесно отварање. Носачот X-Tender се движи по кровните носачи за полесно товарање или сложување на скиите. За одредени кровни носачи е потребен адаптер.
КУКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ
На располагање е стандардна кука за влечење.
НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕДИ XPRESS
Со помош на овој носач на велосипеди ќе можете на куката за влечење да превезете до 2 велосипед (до 30 кг). Изненадувачки лесен носач (само 4 кг), кој може да се склопи така што ќе зазема многу малку простор.
НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕДИ HANG-ON
Наменет за превоз до 3 велосипеди (до 51 кг). Има функција на свиткување со која се ослободува пристап до просторот за багаж.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY
Најефикасен носач на велосипеди на кука за влечење: до 3 велосипеди (до 45 кг), стабилен и едноставен систем за прицврстување, функција на свиткување за пристап до багажникот, вклучен носач за регистарска табличка и брава.
АЛАРМ
Заштита на возилото и предметите кои се наоѓаат во него, бидејќи го регистрира и најмалото движење на воздух во внатрешноста на возилото. Оваа последна функција може да ја исклучите во случај во возилото да го оставите домашниот миленик.
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕТО
Системот за помош при паркирањето напред и/или назад со звучните сигнали Ве предупредува на препреките околу возилото и Ви го олеснува управувањето со него.
ЗАВЕСИЧКИ
Го штитат долниот дел од каросеријата од валкање и оштетување.
ДЕФЛЕКТОРИ НА ВОЗДУХОТ
Ги намалува ударите на ветрот при возењето со отворени прозроци. Комплет за предни прозорци.
СВЕТЛА ЗА МАГЛА
За сигурно возење во лоши временски услови.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ DUO PLUS
За деца од 9 месеци до 4 години. Системот за прицврстување Isofix или сигурносен појас.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ KID PLUS
За деца од 4 години до 10 години. Прицврстување со помош на сигурносен појас.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ KID FIX
За деца од 4 години до 10 години. Прицврстување со помош на Isofix системот или сигурносен појас.
КОМПЛЕТ ЗВУЧНИЦИ
4x60 W, 2 нискотонци со пречник од 13 цм за вратата на возилото, 2 високотонци за инструмент таблата. 86 dB.
АУДИО КОНЕКТОР
Овој уред овозможува да приклучите Walkman, iPod или USB стик на оригиналното авто-радио. Користејќи ги командите зад воланот, лесно можете да пребарувате по музичките листи во меморијата на уредот. Достапно во комбинација со авто-радиото со мп3 плеерот и командите при управувачот.
PARROT MK-9200
Подобрен квалитет на звукот, пренос на именикот и гласовно препознавање. Можност за поврзување со iPod, USB стик или мп3 плеер. Преносен TFT екран и приклучок за мемориска картичка до 32GB.
ФИОКА ПОД ПОЛИЦАТА
Практичен простор со повеќе предели за одложување на различните предмети. Носивост 5 кг.
ТЕПИХ RELIEF EVOLUTION
Теписи со најдобар квалитет од велур со натписот Clio.
ТЕПИХ EXECUTIVE
Текстилни теписи од велур.
ПАТОСНИЦА CONFORT
Текстилен тепих со сигурносно прицврстување.
ПАТОСНИЦИ NOVESTRA
Гумен тепих.
КУТИЈА ЗА БАГАЖНИК
Ефикасна заштита на внатрешните облоги на багажникот од трошење и валкање.
ПАТОСНИЦА ЗА БАГАЖНИК
Одговара на димензиите на просторот во багажникот, со натпис Clio.
СПОРТСКИ ИЗДУВЕН СИСТЕМ
Се состои од пригушувачи и хромиран завршеток на издувната цевка.
СПОЈЛЕР НА ПОКРИВОТ
Спојлер со стоп светло. Со црна боја и не е наменет за боење во боја на каросеријата.
СПОРТСКИ ЗАДНИ СВЕТЛА
Наместо оригиналните задни светла.
ОБЛОГИ НА ПРАГОВИТЕ
За подобар изглед на предните прагови и заштита на каросеријата од оштетувања.
ФЕЛНИ ALTAIR
Алуминиумски фелни 5,5 x 14 ET36.
ФЕЛНИ FAR AWAY
Алуминиумски фелни 6 x 15 ET43.
ФЕЛНИ DEZENT Lsi
Алуминиумски фелни 5,5 x 14 ET35.
ФЕЛНИ DEZENT F
Алуминиумски фелни 6,5 x 15 ET38.
ФЕЛНИ DEZENT RB DARK
Алуминиумски фелни 6,5 x 15 ET38.
ТЕПИХ RENAULT SPORT
За спортскиот изглед на внатрешноста на Вашиот автомобил.
СРЕДИШЕН НАСЛОН
Нека биде Вашето возење уште поудобно. Приспособлив нагиб на наслонот. Не е споив со електричното поместување на прозорецот.
ШТИТНИК ОД СОНЦЕ
ZaЗаштита од силните сончеви зраци.
ИЗОТЕРМИЧКА ТОРБА
Нека Вашата храна и пиење бидат пријатно разладени и во текот на долгите возења. Приклучок за 12 V и 220 В. Запремнина 13 L.
