ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Espace
ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Espace
ЛИЗГАЧКИ НОСАЧИ НА ПОКРИВОТ
Лизгачки покривни носачи со профил од алуминиум се поставуваат во жлебовите. На нив може да се монтира кутијата Touring Line која нуди дополнителен простор за оставање со зафатнина од 530 литри.
НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕД НА ЗАДНАТА ВРАТА КОЈА СЕ ПОДИГНУВА
Сигурен превоз на велосипед на задната врата која се подигнува. Овој носач може да носи до три велосипеди, а вратата може непречено да се отвори кога велосипедите ќе се истоварат.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY
На куката за влечење го монтирате носачот за велосипеди Euroway и на тој начин можете да превезувате до три велосипеди, а во исто време да ви биде овозможен пристап до багажникот.
НОСАЧ ЗА СКИИ
Носачот за скии Deluxe овозможува превоз на максимум 6 пара скии во зависност од моделот. Се монтира на носачот на покривот со помош на системот за приспособување.
КУКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ RDSO
Автоматската влечна кука го задржува естетскиот изглед на Вашето возило, а лесно се демонтира без алат за неколку секунди.
НЕЛИЗГАЧКИ НАВЛАКИ ЗА ГУМИ
За возењето на снежни патишта, нелизгачките навлаки Trendy мошне едноставно се поставуваат на гумите за само неколку секунди.
АУДИО КОНЕКТОР
Овој уред Ви овозможува да приклучите Walkman, iPod или USB стик на оригиналното авторадио. Користејќи ги командите зад воланот, лесно може да пребарувате по музичките листи во меморијата на уредот.
АВТОРАДИО SONY CDX-GT 30RN
Авторадиото Sony CDX-GT 30RN е компатибилен со командите на управувачот и одвоен екран. Има дополнителен влез на средишната конзола на која може да приклучите свој преносен аудио уред.
ИЗМЕНУВАЧ ЦД-а
Изменувач за 6 ЦД-а/МП3 е компатибилен со оригиналниот радио уред, а со нив се управува со помош на командите на управувачот.
HANDS FREE КОМАНДИ ЗА ТЕЛЕФОН BLUETOOTH®
Совршено вклопени во возилот, hands free командите за телефон bluetooth® (CMLTb) овозможуваат да управувате со телефонските повици со помош на радио командите и екранот на инструмент таблата.
ТЕПИХ RELIEF
Изработени по мерка, различните Renault теписи го штитат подот на возилото од абење и влага. Меѓу нив, текстилниот модел 3D Relief Evolution се истакнува со висок квалитет на завршна обработка.
ПАТОСНИЦИ NOVESTRA
Гумените патосници Novestra се доста отпорни и едноставни за одржување (се мијат со вода).
НАВЛАКИ ЗА СЕДИШТА
За да ја персонализирате и заштите внатрешноста на Вашиот Epsace изберете од понудата на навлаки од ткаенина и/или алкантре. Достапни се три модели меѓу кои навлаките Blason во комбинација алкантре и велур, како и навлаките Rive Gauche во комбинација со алкантре и ткаенина со испакнатини во светлосива боја (се препорачува за внатрешност со сива боја).
ДОПОЛНИТЕЛНО ЗАТЕМНЕТИ СТАКЛА
Дополнително затемнетите стакла кои се совршено приспособени на Epsace ја чуваат Вашата интима со стил! Фолиите филтрираат УВ зраци и ја засилуваат отпорноста на стаклото на удари.
АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ
За понагласен спортски изглед, опремете го вашиот Espace со алуминиумски бандажи од 17’’, модел Superturismo или од 18’’, модел F1 Sport.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ DUO PLUS
Седиштето Duo Plus е направено специјално за удобност и сигурност на децата на возраст од 1 до 4 години.
ПРИСПОСОБЛИВОСТ НА ДЕТСКИОТ НАСЛОН ЗА ГЛАВА
Приспособлив детски наслон за глава кој нуди подобра удобност и поголема сигурност за децата на возраст од 3 до 7 години.
ЈАСТУК ERGOS
Јастукот Ergos може да се користи со приспособлив наслон за глава за најмладите.
ПОДИГНУВАЧИ KID PLUS
Подигнувачот Kid Plus го следи Вашето дете додека расте на возраст од 4 до 12 години. Ексклузивниот систем за приспособување го прави ова седиште поудобно и обезбедува подобра заштита на детето.
НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ
Иако пренослив, овој навигациски систем совршено се фиксира и вклопува во возилото. Има екран чувствителен на допир со големина од 9 цм и ги вклучува следните функции: информации за сообраќајот RDS TMC, hands free функција за телефон, читач на МП3 формат, база на податоци за фиксни радари, карта на Европа (34 земји) и гласовна навигација на 20 јазици.
ФИОКА СО ПРЕГРАДИ ВО БАГАЖНИКОТ
Фиоката со подвижни прегради од алуминиум нуди 35 можни комбинации. Секој предмет во нега природно го наоѓа своето место во посебен простор.
ФИОКА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ
Фиоката за одложување под капакот за багаж, Ви овозможува малите предмети да ги држите на едно место во текот на возењето.
ЛАДИЛНИК
Ладилникот со запремнина од 32 литри е поставен на систем на лизгачите на седиштето и Ви овозможува храната и пијалоците да ги чувате на студено...
ВГРАДЕНИ ВИДЕО СИСТЕМИ
Поставени на плафонот или наслоните за глава, вградените ДВД видео системи Ви овозможуваат гледање на филмови и имаат приклучок за конзола и играње. Освен тоа, може да бидат опремени со двоен приемник кој овозможува гледање дигитални телевизии од земјата во возилото.