LATITUDE

Откријте го Latitude
Lattitude
  • LattitudeLattitude

Во Renault Latitude патувате со бизнис класа. Latitude е вистинска лимузина со висока класа која се наметнува со својот изглед како и со својата појава, одвнатре и однадвор. Неговиот префинет преден дел, флуидни и елегантни линии, како и широки рамења ја изразуваат целата моќност на неговиот мотор.

Задните светла со ЛЕД диоди се прв знак на висока технологија што се нуди на возачот и на патниците, во големиот простор што им е наменет. Таму ги очекува нешто повеќе од обична кабина - тоа е вистински „деловен салон“. Тоа е простор во кој се спојуваат благородните материјали и иновативноста кои заедно создаваат извонредна удобност.