ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Mégane Berline
ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Mégane Berline
АЛУМИНИУМСКИ ПОКРИВНИ НОСАЧИ
Оригиналните носачи на покривот од алуминум, направени посебно за Вашето возило. Благодарение на нив, можете да возите скии, велосипеди или да го сместите багажот во сандакот на покривот.
КУКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ RDSO
Автоматската влечна кука го задржува естетскиот изглед на Вашето возило, а лесно се демонтира без алат за неколку секунди.
КУКА ЗА ВЛЕЧА ЛЕБЕДОВ ВРАТ
Продолжената кука за влеча се вади со помош на алат и наменета е за честа употреба.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY
На куката за влечење го монтирате носачот за велосипеди Euroway и на тој начин можете да превезувате до три велосипеди, а во исто време да ви биде овозможен пристап до багажникот.
АЛАРМ
Уредот против провали го штити од кражба Вашето возило и сите предмети кои се во него.
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕТО
Во задниот браник се вградуваат сензори кои со звук Ве предупредуваат на препреките и овозможуваат полесно паркирање на возилото.
АУДИО КОНЕКТОР
Овој уред Ви овозможува да приклучите Walkman, iPod или USB стик на оригиналното авторадио. Користејќи ги командите зад воланот, лесно може да пребарувате по музичките листи во меморијата на уредот.
НАВИГАЦИЈА ГАРМИН
За едноставно доаѓање до целта, Рено Ви нуди повеќе модели за навигација (сите во себе содржат карта Adria Route).
ОБЛОГИ НА ПРАГОВИТЕ
Заштитните облоги на праговите на предните врати кои изгледаат како алуминиумски ги нагласуваат праговите на возилото и ги штитат од оштетувања.
ПАТОСНИЦА CONFORT ÉVOLUTION
Confort Evolution е модерно обликуван текстилен тепих кој истовремено е удобен и отпорен.
ТЕПИСИ STANDARD
Текстилни теписи кои извондредно се вклопуваат во Вашиот нов Megane.
ЗАВЕСИЧКИ
Завесите за кал ја штитат каросеријата од гребаници.
КОМПЛЕТ СПОРТСКИ КИТ
За спортски изглед на Вашео возило, изберете комплет спортски кит.
СПОЈЛЕР НА ПОКРИВОТ
Стилски обликуваниот аеродинамичен спојлер претставува идеален додаток на спортската дополнителна опрема за Megane.
ЗАДЕН ДИФУЗОР СО ДВА СПОРТСКИ АУСПУСИ (ИМИТАЦИЈА)
Со овој додаток Вашиот нов Megane ќе изгледа уште поспортски.
СИГУРНОСНИ ЗАТЕМНЕТИ ФОЛИИ
Затемнетите стакла Ви овозможуваат повеќе приватност, ги задржуваат УВ зраците и ја зголемуваат издржливоста на стаклата ако се појави оштетување.
АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ AVANZA
Алуминиумските фелни од 17’’ Avanza го истакнуваат спортскиот карактер на Вашиот нов Megane.
СРЕДИШЕН НАСЛОН ЗА РАЦЕ СО ФИОКА
Преносниот наслон за раце има практичен простор за одложување на различни работи.
КАДИЧКА НА БАГАЖНИКОТ
Кадичката на багажникот нема прегради што Ви овозможува одложување на поголеми делови од багажот. Направена е од издржлива пластика.
МРЕЖА НА ДНО НА БАГАЖНИКОТ
Мрежата за багажниот простор ги задржува предметите во багажникот и спречува ниво преместување за време на возењето.
ДЕФЛЕКТОРИ НА ВОЗДУХОТ
Овозможуваат пријатно возење со отворени прозорци и размена на воздухот во кабината.
ВЕРТИКАЛНА МРЕЖА
Направете уште едно место за одложување со оваа мрежа за багажниот простор.