РЕГУЛАТОР-ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
Регулаторот-ограничувач на брзината овозможува одредување на постојана брзина или одредување на максималната брзина. Типката на управувачот овозможува подесување на посакуваната брзина. Видливоста е подобрена благодарение на интуитивниот приказ вграден во бројачот:
кога регулаторот на брзината е вклучен, се прикажува зелен лак, а при функцијата на ограничувачот на брзината, лаковите остануваат во бела боја. Ако се надмине брзината, лакот има црвена боја.