Renault Mégane Coupé Cabriolet кој освојува на прв поглед. Неговата елеганција е присутна во секој најмал детаљ: во хромираните рабови за патниците и носачите на ветробранското стакло, покривот и ретровизорите во сјајна црна боја. Материјалите се преплетуваат во совршен склад и пружаат вистински уживање за очи.

Панорамски покрив: Затемнет застаклен покрив со светлуцава површина која го нагласува единствениот стил на Mégane Coupé Cabriolet. Пружа исклучителна осветленост.

Чисти линии. Префинети детали. Елеганција која повикува. Тоа не е само стил, туку уметност на живеење.

Хромирани рабови: патничкиот простор го затвораат хромирани рабови кои ја истакнуваат елеганцијата на завршната обработка.

Карактеристично осветлување: со своите флуидни и динамични линии и карактеристичен стил на задните светла, Mégane Coupé -Cabriolet зрачи со безвремена елеганција.

Надворешни огледала со сјајно црна боја.

Стаклениот покрив отвара поглед кон небото кое се простира во бескрај. Секое патување ветува спектакл. Автомобилот кој понекогаш е coupe, а секогаш кабриолет, во секое годишно доба нуди бесконечни видици до онаму до кадешто ви стига погледот.








Посетете не’ на Facebook