ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Mégane Coupé
ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Mégane Coupé
АВТОМАТСКА КУКА ЗА ВЛЕЧА
Автоматската влечна кука го задржува естетскиот изглед на Вашето возило, а лесно се демонтира без алат за неколку секунди.
АЛУМИНИУМСКИ ПОКРИВНИ НОСАЧИ
Оригиналните носачи на покривот од алуминум, направени посебно за Вашето возило. Благодарение на нив, можете да возите скии, велосипеди или да го сместите багажот во сандакот на покривот.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY
На куката за влечење го монтирате носачот за велосипеди Euroway и на тој начин можете да превезувате до три велосипеди, а во исто време да ви биде овозможен пристап до багажникот.
НОСАЧ ЗА СКИИ
Ви нудиме повеќе модели на носачи на скии кои ќе ги поставите на носачите на покривот.
АЛАРМ
Уредот против провали го штити од кражба Вашето возило и сите предмети кои се во него.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ DUO PLUS
Детското седиште опремено со Isofix копчињата за прицврстување и наменето е за деца на возраст од 9 месеци до 4 години. Удобното седиште со подигнати рабови и сигурносен појас кој се прицврстува на 5 точки. Наслонот на седиштата е приспособлив во 3 положби. Навлаките може да се перат на 30 степени.
СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕТО
Во задниот браник се вградуваат сензори кои со звук Ве предупредуваат на препреките и овозможуваат полесно паркирање на возилото.
SUBWOOFER
Subwoofer ги нагласува ниските тонови на музиката која ја слушате. Ставете го во багажникот, лесно ќе го извадите и повторно ќе го вклучите. Subwoofer има најголема сила од 250W, нискотонец меѓу 20 и 150 HZ, има два звучника со пречник 165 мм. Може да се поврзе со оригиналниот радио уред со натпис tuner list или update list. За возилата со конектори на радиото Fakra (Megane), достапен е и за радио уредот со Iso приклучоци.
АУДИО КОНЕКТОР
Овој уред Ви овозможува да приклучите Walkman, iPod или USB стик на оригиналното авторадио. Користејќи ги командите зад воланот, лесно може да пребарувате по музичките листи во меморијата на уредот.
СРЕБРЕНА ЛЕТВИЧКА
Го нагласува изгледот на инструмент таблата на возилото и ја нагласува неговата елеганција.
ОБЛОГА НА РАЧКАТА ОД МЕНУВАЧОТ
За внатрешноста на возилото да остане во истиот стил, може да ја опремите со сребрена облога на рачката на менувачот.
ПЕДАЛИ
Mégane Coupé е спортско возило само по себе, а алуминиумските педали му додаваат дополнителен дух на моќен тркачки автомобил.
ОБЛОГА НА РАЧНАТА КОЧНИЦА
Поставете посебна облога на рачната кочница и така заштитете ја од абење.
СПОРТСКИ КОМПЛЕТ
Богатата гама на елементи за персонализација дополнително го нагласува дополнителниот динамичен дизајн на новиот Megane Coupe. Спортскиот комплет го истакнува прочистениот и моќен изглед на новиот Megane Coupe. Комплетот се состои од преден долен спојлер, две странични завеси на кои се продолжува имитацијата на средниот завршеток на издувната цевка со што Вашиот Megane ќе добие на спортски карактер. За уште повеќе да го нагласите блесокот на Вашиот нов Megane Coupe, изберете и заден горен спојлер како и алуминиумски бандажи Avanza.
ХРОМИРАНИ НАДВОРЕШНИ РЕТРОВИЗОРИ
Сакате Вашето возило да биде уште повпечатливо? Опремете го со хромираните надворешни ретровизори.
АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ AVANZA
Фелните се еден од главните естетски елементи на возилото. Фелните Avanza се со модерен и спортски дизајн па со нив Вашиот Megane Coupe сигурно ќе предизвика внимание на патот.
ЗАВРТКИ ЗА ТРКАЛАТА СО ЗАШТИТА ОД КРАЖБА
Заштитете ги вашите тркала од кражба со завртките на Renault за заштита од кражба. Прицврстени се директно на фелните наместо класичните завртки, а може да ги извадите само со помош на клуч што оди во комплет.
ЗАВЕСИЧКИ
Завесичките ја штитат каросеријата од гребаници и удари од каменчиња.
СПОЈЛЕР НА ПОКРИВОТ
Стилски обликуваниот аеродинамичен спојлер претставува идеален додаток на спортската дополнителна опрема за Megane.
СРЕДИШЕН НАСЛОН ЗА РАЦЕ СО ФИОКА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
Новост за возилата на Renault е средишниот наслон на задните седишта во кој има многу простор за одложување на играчки, ЦД-а и тн.
ORGANIZER BOX И NOTE BOX
Organizer box и Note Box се поставуваат во држачот за чаши. Лесно се достапни и практични и сами по себе претставуваат мудри делови на дополнителната опрема.
МРЕЖИ ВО БАГАЖНИКОТ
Со мрежата во багажникот предметите нема да се превртуваат во текот на возењето.
ГУМЕНИ ТЕПИСИ
За заштита на внатрешните облоги на возилото најприкладни се гумените теписи. Достапни се два модели: класичен модел Novestra со име на возилото и Empreinte со подигнати рабови за уште поефикасна заштита.
ТЕПИСИ ОД ТКАЕНИНА
Ви нудиме широка палета на теписи од ткаенина изработени по мерка на возилото: од стандардниот до модерниот од највисока класа Reliefe Evolution.
КАДИЧКА НА БАГАЖНИКОТ
Кадичката на багажникот нема прегради што Ви овозможува одложување на поголеми делови од багажот. Направена е од издржлива пластика.