MÉGANE GRANDTOUR

Дополнителна опрема

ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА

 

Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Mégane Grandtour.

АВАНТУРА

ДО КОЛКУ САКАТЕ АВАНТУРА, ДА ПОБЕГНЕТЕ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО.... RENAULT ВИ НУДИ ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА СИТЕ СТИЛОВИ НА ЖИВОТ.

ПРЕЧКИ ЗА НАДОЛЖНИ НОСАЧИ

 

На вашиот Mégane додадете му прачки на надолжните носачи и ќе можете да превезувате до 80 кг дополнителен багаж на покривот.

 

САНДАЦИ НА ПОКРИВОТ

 

Сандаците Touring line се квалитетни, елегантни и се нудат во различни димензии за различни потреби. Се отвараат од двете страни и остануваат отворени за полесен утовар на опремата. Најголемото оптоварување изнесува 75 кг. На сликата е прикажан сандак со запремнина од 480 литри.

 

КРОВНИ НОСАЧИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ TOURING LINE

 

Идеален за одење на активен одмор - носачот на велосипеди со пречник на рамката до 65 или 80 мм. Touring line 65 е опремен со брава против кражби на носачите, додека делумно алуминиумскиот Touring Line 80 има и брава против кражба на велосипедот од носачите.

 

НОСАЧИ ЗА СКИИ

 

На кровните носачи може да поставите до 6 пара скии и на тој начин да заштедите драгоцен простор во внатрешноста на возилото. 2 брави спречуваат кражба како на носачите за скии, така и на самите скии. Големо копче за полесно отварање. Носачот X-Tender се движи по кровните носачи за полесен утовар или сложување на скиите. За одредени кровни носачи, потребен е адаптер.

 

ПРОДОЛЖЕНА КУКА ЗА ВЛЕЧА

 

Куката има продолжен врат, а куглата може да ја извадите со помош на алат.

 

АВТОМАТСКА КУКА ЗА ВЛЕЧА

 

Најдобрата кука во понудата! Куглата ја вадите со вртење на копче, опремена е со брава и има подобра заштита против корозија. Кога ќе ја извадите куглата, куката останува скриена под возилото, со што се зачувува естетскиот изглед.

 

НОСАЧ НА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY

 

Најефикасниот носач на велосипеди на куката за влеча: до 3 велосипеди (до 45 кг), стабилен и едноставен систем за прицврстување, функција на превиткување за пристап до багажникот, вклучен носач за регистарска табличка и брава.

 

СИГУРНОСТ

ДА СЕ ВОЗИ ПОТПОЛНО СМИРЕНО, ДА СЕ ЗАШТИТАТ СИТЕ ВО ВОЗИЛОТО: РЕШЕНИЈА ОСМИСЛЕНИ ЗА ВАС

АЛАРМ

 

Го регистрира секое движење во внатрешноста на возилото и отварање на вратата, на багажникот или на капакот на моторот. Можност за исклучување на сензорот, за внатрешноста во случај во возилото да го оставите домашното милениче.

 

СЕНЗОРИ ЗА ПАРКИРАЊЕ

 

Сензорите вградени во задниот браник со звучни сигнали ве предупредуваат на оддалеченоста од препреката. Кај оддалеченоста од 30 метри, звучните сигнали стануваат непрекинати.

 

ЗАВЕСИЧКИ

 

Ја штитат каросеријата од оштетувања и валкање.

 

ДЕФЛЕКТОРИ НА ВОЗДУХОТ

 

Предните дефлектори го намалуваат дувањето на ветерот во возењето со отворени прозорци.

 

ДЕТСКО СЕДИШТЕ DUO PLUS

 

Од 9 месеци до 4 години старост. Систем за прицврстување Isofix или сигурносен појас.

 

ДЕТСКО СЕДИШТЕ KID PLUS

 

Од 4 до 10 години старост. Прицврстување со сигурносен појас.

 

ДЕТСКО СЕДИШТЕ KID FIX

 

Од 4 до 10 години старост. Прицврстување со системот Isofix или сигурносен појас.

 

МУЛТИМЕДИЈА

МУЗИКА, НАВИГАЦИЈА, ОПУШТАЊЕ... УЖИВАЊЕ И СМИРЕНОСТ НА СИТЕ ВАШИ ПАТУВАЊА

АУДИО КОНЕКТОР

 

Адаптерот овозможува слушање музика од вашиот преносен УСБ уред, Ајпод или МП3 плеер преку оригиналниот радио уред и звучник, а музиката можете да ја контролирате со помош на оригиналните команди на управувачот. Расположиво за R1 (2 до 4 звучници).

 

ДВД ЧИТАЧ SONY DVP-FX730

 

Екранот ТФТ ЛЦД од 7 инчи, приклучот за УСБ. Поддржува ДВД, ЦД и DivX формати. Вграден звучник и влез за слушалки. Се вклучува со далечински управувач и авто адаптер. Идеален за долги патувања!

 

ДВД ЧИТАЧ SONY DVP-FX875

 

Доаѓа со носач за наслон за глава! Големиот екран ТФТ ЛЦД од 8 инчи со висока резолуција може да се врти. Заштита од удари. Поддржува формати ДВД, ЦД, DivX. Вграден звучник и влез за слушалки. Вклучува далечински управувач и авто адаптер.

 

PARROT MK-9200

 

Подобрен квалитет на звукот, пренос на именикот во гласовно препознавања. Можност за поврзување со Ајпод, УСБ стик, мп3 плеер. Преносен ТФТ екран и влез за мемориска картичка до 32GB.

 

ВНАТРЕШНОСТ

УДОБНОСТ, ЗАШТИТА, СТИЛ... ПОСТОИ РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ ВИД НА УПОТРЕБА

ТЕПИСИ NOVESTRA

 

Изберете помеѓу разновидните понуди на оригиналните теписи кои се одликуваат со точната изработка по мерки на возилото, со прицврстување на страната на возачот и посебен дизајн со натпис на возилото. Novestra се единствени гумени теписи со натписот Megane.

 

ТЕПИХ RELIEF EVOLUTION

 

За најдобар квалитет, изберете ја гарнитурата на текстилни теписи Relief Evolution.

 

ТЕПИСИ EXPRESSION

 

ТЕПИСИ CONFORT

 

ТЕПИСИ STANDARD

 

ТЕПИСИ НА БАГАЖНИКОТ

 

Тепихот е од текстил на едната страна и од гума на другата страна.

 

ХОРИЗОНТАЛНА МРЕЖА

 

Мрежата се прицврстува на местата предвидени за тоа во багажникот. Со неа сигурно ќе превезувате поголеми предмети во багажникот.

 

ВЕРТИКАЛНА МРЕЖА

 

Мрежата има три фиоки во кои можете да ги одложите разните предемти и така да го спречите нивното движење по багажникот.

 

ПРЕГРАДНА МРЕЖА

 

Го одвојува патниот простор од багажникот, што е посебно практично кога го возите домашниот миленик.

 

ПО ВАША МЕРКА

СПОРТСКИ ДОДАТОЦИ, ДИЗАЈН, ЕСТЕТСКИ ИЗГЛЕД... ИЗБОР ПО МЕРКА НА ВАШИТЕ ЖЕЛБИ

КОМПЛЕТ СПОРТСКИ ДОДАТОЦИ

 

За робусен изглед на вашиот Megane препорачуваме додатоци како што се облогата на предниот браник, праговите и аглените облоги на задниот браник. Целата опрема се бои во боја на каросеријата.

 

СРЕБРЕНИ РАМКИ

 

Откријте потполно нов изглед на предната маска на Вашиот Megane. Со рабовите на сребрената маска станува сосема ново возило.

 

ХРОМИРАНИ ОБЛОГИ НА РЕТРОВИЗОРИТЕ

 

Пар хромирани облоги за надворешните ретровизори.

 

ОБЛОГИ НА ПРАГОВИТЕ

 

Заштита и стил за предните прагови на возилото.

 

АЛУМИНИУМСКИ БАНДАЖИ AVANZA МАТ СИВА

 

Препорачуваме за возила со светли и живи бои на каросеријата - бандажи со истиот дизајн во нова, модерна боја.

АЛУМИНИУМСКИ БАНДАЖИ AVANZA ХРОМ СИВА

 

Препорачуваме за возила со светли и живи бои на каросеријата - бандажи со истиот дизајн во нова, модерна боја.

 

ПРОТИВПРОВАЛНИ ЗАВРТКИ

 

Заштитете ги алуминиумските бандажи од кражба.

 

АЛУМИНИУМСКИ БАНДАЖИ DEZENT F

 

7 x 16 ET 40

 

АЛУМИНИУМСКИ БАНДАЖИ DEZENT RB DARK

 

7 X 15 ET 40

 

УДОБНОСТ ВО ВОЗИЛОТО

ПРАКТИЧНОСТ, ПРИСПОСОБЛИВОСТ... УЖИВАЈТЕ ВО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ ВО ПОТПОЛНА СЛОБОДА

СРЕДИШЕН НАСЛОН ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ

 

Служи како наслон за раце или простор за одложување со две фиоки.

 

ПРЕНОСНА ИЗОТЕРМИЧКА ТОРБА

 

Одржувајте ја храната и пиењето ладни и во текот на возењето на одмор. Запремнината од 13 литри и простор за две пластични шишиња од 1,5 литри. Прицврстување со сигурносен појас, приклучок од 12 V и 220 V.

 

НАВЛАКИ ЗА СЕДИШТА

 

Прирачен додаток во текот на летниот одмор кој служи како пешкир - навлака од фротирка која се мести на седиштето на возилото.