МОЌТА НА ЗАВЕДУВАЊЕТО ТРЕБА ДА СЕ НЕГУВА КАКО ПРИЈАТЕЛСТВО И СТИЛ
Со Renault Scénic и Grand Scénic колекцијата 2012 ќе имате многу заеднички работи. Имате ли смисла за сти? Тие имаат смисла за детали. Нивниот обновен преден дел нагласен со хром и сјајна црна боја ја истакнува нивната динамичност која кај Grand Scénic ја нагласуваат и надолжните кровни носачи. Предниот браник подобро од кога било досега си поигрува со оптичките ефекти. Неговите нови светла со светлечки диоди му даваат ексклузивен, современ и заводлив изглед.
Дневни светла со светлечки диодиДневни светла со светлечки диоди
Дневни светла со светлечки
диоди
Веќе на нивото Dynamique сериски се вградени во долниот дел на браникот и на надворешната линија и’ даваат чувство на современост.

Нова маска
Обновената маска на Scénic колекцијата 2012 и’ дава поистакнат и подинамичен стил.

Надолжи кровни носачи

Врвна изработка

Двојни движни ксенонски светла
Тие светла даваат силна светлина налик на дневната и така ви помагаат навремено да ја предвидите опасноста и да го надгледувате возењето. Освен тоа, светлосниот сноп ги следи движењата на управувачот поголеми од 20о за да ја осветли внатрешноста на кривината и да обезбеди посигурно возење во кривина со повеќе надзор.

Отменоста на нивните профили е нагласена со хром преку страничните заштитни летвички и новата палета на грижливо обликувани бандажи. Ви преостанува само да ја изберете нијансата на боја, на пример сина „majorelle“ или гранатно црвена за да му дадете свој печат. Кај Scénic и Grand Scénic и изгледот придонесува за патувањето.




















Посетете не’ на Facebook