ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Scénic
ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Scénic
АВТОМАТСКА КУКА ЗА ВЛЕЧА
Автоматската влечна кука го задржува естетскиот изглед на Вашето возило, а лесно се демонтира без алат за неколку секунди.
КУКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ
Куката за влечење се симнува со помош на алат, а наменета е за честа употреба.
ПОКРИВНИ НОСАЧИ
Лизгачки покривни носачи со профил од алуминиум се поставуваат во жлебовите. На нив може да се монтира кутијата Touring Line која нуди дополнителен простор за оставање со зафатнина од 530 литри.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY
На куката за влечење го монтирате носачот за велосипеди Euroway и на тој начин можете да превезувате до три велосипеди, а во исто време да ви биде овозможен пристап до багажникот.
ЗАВЕСИЧКИ
Заштитете го долниот дел на каросеријата на возилото од удар на чакал и кал со завеси на тркалата.
ДЕФЛЕКТОРИ НА ВОЗДУХОТ
Ги смалуваат ударите на ветерот во текот на возењето со отворени прозорци.
Покривните кутии Touring Line се квалитетни, елегантни и се достапни во разни димензии за различни потреби. Се отвораат од двете страни и остануваат отворени за полесно товарање на опремата. Најголемото оптоварување изнесува 75 kg.
АЛАРМ
Заштитете го вашето возило и предметите во него.
ПАРКИНГ СЕНЗОРИ
Помош при паркирање наназад ви обезбедуваат 4 сензори вградени во задниот браник на возилото, кои со звучен сигнал ве предупредуваат на оддалеченоста од пречката.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ DUO PLUS
За деца од 9 месеци до 4 години. Систем за прицврстување Isofix или сигурносен појас.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ KID PLUS
За деца од 4 до 10 години. Прицврстување со помош на сигурносен појас.
ДЕТСКО СЕДИШТЕ KID FIX
За деца од 4 до 10 години. Прицврстување со помош на сигурносен појас.
НАВИГАЦИЈА ГАРМИН
Одберете навигација од понудата на преносни навигациски уреди по посебно поволни цени. Сите уреди веќе ја имаат картата Adria Route. Информации за комплетната понуда побарајте од овластениот продавач на возилата Renault.
АУДИО КОНЕКТОР
Ви овозможува да слушате музика од вашиот Walkman, iPod или USB стик преку оригиналното радио и звучници. Само за оригинално радио RadioSat Classic CD MP3.
ДВД ЧИТАЧ SONY DVP-FX730
Екран TFT LCD од 7 инча, приклучок за USB. Ги подржува форматите DVD, CD и DivX. Вграден звучник и излез за слушалки. Има и далечински управувач и полнач за автомобил. Идеален за долги патувања!
WALKMAN SONY NWZ-B135
Приклучете преносен музички уред на AUX влез на вашиот Scénic и слушајте ја вашата омилена музика преку звучниците во возилото. Има капацитет од 2GB за 500 песни. Приклучок за USB и AUX влез. Приемник FM.
PARROT CK-3200
Комплет за телефонирање без раце Bluetooth® за сигурно возење без да го пуштите управувачот. LCD екран на кој се прикажува и фотографијата на контактот. Пренос на телефонски именик, гласовно препознавање...
PARROT MK-9200
Подобрен квалитет на звукот, пренос на именикот и гласовно препознавање. Можност за поврзување со iPod, USB приклучок, MP3 уред. Преносен TFT екран и отвор за мемориска картичка до 32 GB.
PARROT MINIKIT SLIM
Нов елегантен дизајн. Автоматски пренос на именикот (компатибилен со поголемиот дел од новите телефони).
ПРЕГРАДНА МРЕЖА
Сигурен превоз на домашниот миленик ви овозможува преградната мрежа од нерѓосувачки челик.
ХОРИЗОНТАЛНА МРЕЖА
Спречува тркалање на предметите во багажниот простор.
ВЕРТИКАЛНА МРЕЖА
Во оваа мрежа можете да ги ставите предметите што треба да стојат вертикално, или други предмети како што се задолжителна опрема или прва помош.
КУТИЈА ЗА БАГАЖНИК
Заштитете ги внатрешните облоги на возилото со кутија за багажник која може да се мие.
ПАТОСНИЦИ NOVESTRA
Гумените патосници Novestra со натпис Scénic се доста отпорни и едноставни за одржување (се мијат со вода).
ТЕПИХ RELIEF
Изработени по мерка, со натпис Scénic, различни Renault патосници го заштитуваат подот на возилото од абење и влага. Меѓу нив, моделот од текстил 3D Relief Evolution се истакнува со висок квалитет на завршна обработка.
ПАТОСНИЦА CONFORT
Патосници од текстил со натпис Scénic.
ПАТОСНИЦА STANDARD
Стандардни патосници од текстил.
ПАТОСНИЦА ЗА БАГАЖНИК
Двострана патосница, од едната страна гумена, а од другата од текстил.
ОБЛОГИ НА ПРАГОВИТЕ
Разубавете го изгледот на возилото и заштитете ги праговите на возилото од удари.
АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ AVANZA ВО СРЕБРЕНА БОЈА
Алуминиумските фелни во сребрена боја со различни димензии: од 15 до 17 инча. Информациите за комплетната понуда можете да ги добиете кај овластениот продавач на возилата Renault.
АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ AVANZA ВО ХРОМ СИВА БОЈА
Алуминиумски фелни во нова светло сива боја, со различни димензии од 15 до 17 инча. Информациите за комплетната понуда можете да ги добиете кај овластениот продавач на возилата Renault.
АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ AVANZA ВО МАТ СИВА БОЈА
Алуминиумски фелни во мат сива боја, со различни димензии од 15 до 17 инча. Информациите за комплетната понуда можете да ги добиете кај овластениот продавач на возилата Renault.
НАВРТКИ НА ТРКАЛАТА ПРОТИВ КРАЖБА
Заштита на алуминиумските фелни од кражба.
ПРЕГРАДА ЗА ОСТАВАЊЕ ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ
Со оваа преграда добивате дополнителен простор за оставање на ситници, играчки, лименки...
ИЗОТЕРМИЧКА ТОРБА
Чувајте ја храната и пијалакот на ладно во текот на топлите денови или за време на долгите патувања во годишните одмори. Има приклучок од 12V и адаптер за 220V. Се прицврстува со помош на сигурносниот појас и има рачка за пренесување.
СРЕДИШЕН НАСЛОН ВО ПРЕДНИОТ ДЕЛ
Во случај вашето возило да не е сериски опремено со средишен наслон, можете да го вградите дополнително во овластените мрежи на Renault.
СРЕДИШЕН НАСЛОН ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ
Се погриживме и за удобноста на патниците и на задните седишта. Наслонот има доста простор за оставање разни предмети, пијалак, играчки...