ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Trafic
ПРАКТИЧНА, НЕОПХОДНА ИЛИ ЕДНОСТАВНО ПРИЈАТНА
Понуда на дополнителната опрема избрана за Вашиот Renault Trafic
КУКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ RDSO
Автоматската влечна кука го задржува естетскиот изглед на Вашето возило, а лесно се демонтира без алат за неколку секунди.
ВГРАДЕНИ ЧЕЛИЧНИ НОСАЧИ НА ПОКРИВ
Овие челични носачи на покривот може да пренесуваат и до 50 kg по една шипка од носачот, што значи 150 kg за 3 носачи.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ EUROWAY
На куката за влечење го монтирате носачот за велосипеди Euroway и на тој начин можете да превезувате до три велосипеди, а во исто време да ви биде овозможен пристап до багажникот.
НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ TOURING LINE
Носачот за велосипеди Touring Line што се поставува на покривните носачи овозможува превоз на кој било велосипед чијашто рамка не е поголема од 80 mm.
НОСАЧ ЗА СКИИ
Носачот за скии Deluxe овозможува превоз на максимум 6 пара скии во зависност од моделот. Се монтира на носачот на покривот со помош на системот за приспособување.
НЕЛИЗГАЧКИ НАВЛАКИ ЗА ГУМИ
За возењето на снежни патишта, нелизгачките навлаки Trendy мошне едноставно се поставуваат на гумите за само неколку секунди.
АЛАРМ
Уредот против провали го штити од кражба Вашето возило и сите предмети кои се во него.
АВТОРАДИО SONY
Авдиорадио Sony има преден влез на кој можете да го приклучите вашиот преносен MP3 уред.
АУДИО КОНЕКТОР
Овој уред Ви овозможува да приклучите Walkman, iPod или USB стик на оригиналното авторадио. Користејќи ги командите зад воланот, лесно може да пребарувате по музичките листи во меморијата на уредот.
HANDS FREE КОМАНДИ ЗА ТЕЛЕФОН BLUETOOTH®
Совршено вклопени во возилото, hands free командите за телефон bluetooth® во овозможуваат да управувате со телефонските повици со помош на радио командите и екранот на инструмент таблата.
ПАТОСНИЦИ ОД ТЕКСТИЛ
Изработени по мерка, различните Renault патосници го штитат подот на возилото од абење и влага. Патосниците од текстил ви гарантираат извонредна удобност и заштита.
ПАТОСНИЦИ NOVESTRA
Гумените патосници Novestra се доста отпорни и едноставни за одржување (се мијат со вода).
ЗАШТИТНА МРЕЖА ЗА БАГАЖНИК
Оваа мрежа од нерѓосувачки челик ефикасно ги раздвојува патничкиот и багажниот простор од багажот во случај на нагло сопирање.
ЗАВЕСИЧКИ
Заштитните завеси го штитат долниот дел од каросеријата од грабнатинки, кал и удари на песок.
СВЕТЛА ЗА МАГЛА
Светлата за магла придонесуваат кон сигурноста со тоа што ја подобруваат видливоста. Исто така, тие го нагласуваат карактерот на предниот дел на вашиот Trafic.
НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ
Иако преносен, овој навигациски систем совршено се зацврстува и вклопува во возилото. Има екран чувствителен на допир со големина од 9 cm и ги вклучува следниве функции: информации за сообраќај RDS TMC, hands-free функција за телефон, читач на MP3 формат, база на податоците за фиксните радари, карта на Европа (34 земји) и гласовна навигација на 20 јазици.
LIGHT BOX
Оваа светлосна кутија со сигнално светло е идеален дел од опремата, а може да послужи и за барање на ситни предмети во затемнетиот дел од багажникот. Достапен е во неколку бои.
СЕДИШТЕ BABYSAFE PLUS
Наменето за деца до 12 месеци, седиштето BabySafe Plus може да се постави назад или напред на седиштето од патникот на предното седиште благодарејќи на основата Isofix. Покрај тоа, количката Yanis овозожува да го водите детето секаде со себе, а не мора да го вадите од седиштето.
