Надворешниот изглед на Méganе RS е исклучително препознатлив, а го изразува високото ниво на неговите перформанси и технологии. Предниот дел остава силен впечаток благодарение на проширените калници, предните браници со аеродинамична лајсна по углед на F1 и светлата со ЛЕД технологија.

Новиот Mégane RS е плод на признатото знаење и работата на екипата на Renault Sport. На тоа не потсетува и знакот RS поставен на украсната маска.

Лајсните F1 со сјајно црна боја (или металик сива) потсетуваат на многу нискиот преден дел на Формула 1 R28.

Дневна светлина со ЛЕД технологија: нагласувајќи го агресивниот преден дел на Méganе RS, ЛЕД светлата го прават неговиот изглед остар и секогаш забележителен.

Пакет на RS дизајн: во зависност од верзијата, различните надворешни елементи како што е лајсната F1, заштитната лајсна на предниот браник, ретровизорите и задниот дифузор на воздухот, се достапни во две бои: Noir Brillant (сјајно црна) или Gris Metal Froid (металик сива).

Долните странични лајсни му даваат на возилото спортски и благороден изглед.

Од задната страна, Mégane RS поради мускулестите рамења, дифузорот за воздух и хромираната издувна цевка како да е подготвен да скокне. Впечатливи алуминиумски бандажи со димензии 18'' (или 19'' во зависност од верзијата) се одличен елемент на овој отмен спортист. Вистински Renault Sport изглед.













Посетете не’ на Facebook