Сервисни услуги

Се за акумулаторите на Renault

Се за акумулаторите на Renault

Кога треба да се замени акумулатор?

Renault ја проверува состојбата на полнењето на акумулаторот на секој сервис на Renault, бидејќи акумулаторот е неопходен за стартување на моторот и за напојување на целата електрична опрема на возилото, како што е осветлувањето, авторадиото или алармот.

Акумулаторот е потребен при секое стартување на возилото, а особено во зима кога е влажно и ладно, затоа препорачуваме да го донесете на преглед на почетекот на зимата, за да избегнете возилото да ве остави на пат..

Ако го приметите следново:

  • Слабо стартување на моторот,
  • Моторот не може да се покрене,
  • Се пали ламбата на акумулаторот за предупредување
  • Бел слој околу приклучоците

што порано можете посетете ја сервисната мрежа на Renault, каде по потреба ќе ви понудат да ја проверат состојбата на вашиот акумулатор со помош на посебен дијагностички уред.

Зошто е потребно да се замени акумулаторот?

Акумулаторот е неопходен за стартување на возилото и претставува извор на електрично напојување на бројните делови и системи. Неговата редовна контрола гарантира стартување на моторот во секое време. Во случај акумулаторот да се расипе, треба да се преземат определен број мерки на претпазливост. Затоа за негова замена ви се потребни стручните лица од мрежата Renault

Каква улога има акумулаторот? Како функционира?

Акумулаторот го напојува стартерот со електрична енергија, со што се овозможува стартување на моторот и дистрибуција на електрична енергија за корисниците (кога мирува моторот).

Акумулаторот е главен елемент на системот за напојување на возилото кој во текот на возењето, кога работи моторот, складира електрична енергија, а ја дава кога тоа е потребно.

Акумулаторот има две главни улоги:

  • му дава на стартерот потребна струја за стартување на моторот,
  • ја напојува целата електрична опрема на возилото, како што се осветлувањето, радиото или алармот.

Кога се користат некои од електричните уреди (радио, осветлување...) додека моторот мирува, акумулаторот ја користи складираната енергија. Кога таа енергија се користи предолго, таа се троши.

Ако се појават проблеми при стартување на моторот или при користење на електричните елементи на возилото, посетете го најблискиот сервисер.

Акумулаторот е чувствителен:

  • на топло,
  • на ладно,
  • на долго мирување,
  • на состојбата на системот за полнење.

Што означува ознаката 12V/250A/50Ah на акумулаторот?

12V:    ова е електричен напон, разлика на електричниот потенцијал кој овозможува кружење на струјата.
250A:    ова е најголема јачина на струјата која ја постигнува акумулаторот, на пример при стартување на моторот.
50Ah:   е капацитет на акумулаторот; конкретно тоа означува дека акумулаторот во рок од еден час може да произведе струја со јачина од 50A или во текот на 10 часа да дава струја со јачина од 5 А.

Зошто треба да се посети мрежата на Renault?

Renault е неизбежен партнер за одржување или замена на акумулаторот на вашето возило, бидејќи ви гарантира:

  • знаење, искуство и посебно школување Renault: нашите механичари редовно се школуваат за новите технологии и го надградуваат своето знаење и затоа секогаш користат посебни, а понекогаш и многу сложени методи на поправање.

  • алати и опрема, посебно прилагодени за вашето Renault.

  • решение за вашата подвижност во зависнот од траењето на зафатот.

Искористете ја нашата стручност и донесете го вашето возило кај нас кога ќе биде потребно да го замените акумулаторот. Кога ќе ни го доверите вашето возило, можете да очекувате квалитетна услуга.
Сигурност, доверба и подвижност се клучните зборови на Renault Услугите. Со доверување на вашето возило на нашите стручни лица се грижите за неговиот долг животен век и добра вредност при можна продажба.