Сервисни услуги

Sve o amortizerima

Се за амортизерите

Амортизерите претставуваат еден од најважните делови на вашето возило што се однесува до безбедноста, бидејќи овозможува постојан допир на гумите со земјата, а со тоа и ефикасно сопирање.
Renault ви нуди неопходна помош во проценката на состојбата на истрошеност на амортизерите и при нивната замена.

Каква улога имаат амортизерите?

Амортизерите имаат важна улога: го намалуваат вибрирањето на пружините и со тоа гарантираат добра приспособеност на возилото на патот и ваша удобност.


Амортизерите го контролираат движењето на каросеријата и ви гарантираат:

СИГУРНОСТ: подобро приспособување на патот благодарение на постојаното одржување на допирот на тркалата со земјата:
  • подобро лежење на возилото на земјата во свијоците
  • подобро управување и насочување на возилото,
  • подобро сопирање.

УДОБНОСТ: ги ублажуваат силните удари предизвикани од дупки или нерамнини на патот,
  • го смалуваат движењето на каросеријата,
  • ги ублажуваат болките во грбот и мачнината,
  • ги ублажуваат силните удари предизвикани од дупки или нерамнини на патот итн.

ТРАЈНОСТ:
спречуваат предвремено трошење на бројни делови:
  • елементите на предниот мост,
  • гумите,
  • лагерите итн.

rlesdesamortisseurs.jpg

Кога треба да се заменат амортизерите?

Вашата сигурност особено зависи од три елементи: сопирачките, амортизерите и гумите. Тие елементи го сочинуваат „сигурносниот триаголник“. Ако едниот од нив не работи добро, вашата сигурност веќе не е оптимално загарантирана.

Амортизерите претставуваат еден од најважните делови на вашето возило што се однесува до безбедноста, бидејќи овозможува постојан допир на гумите со земјата, а со тоа и ефикасно сопирање.

Renault ви советува да барате проверка на амортизерите на вашето возило на секој сервисен преглед а особено ако при возењето го забележите следново:

  • Возилото се занесува во свијоци или при претекнување.
  • Возилото се занесува при сопирање.
  • Гумите на возилото се нееднакво истрошени и/или се трошат многу брзо.
  • Слаба видливост ноќе.

 

  • Уништено фиксирање
  • Оштетените силент блок

  • Oштетена клипнача

 

  • Деформации

  • Течене на улето

 

  • Гумите на возилото ce трошат многу брзо.

 

571.jpg

Во сите овие случаи посоветувајте се со стручни лица во сервизната мрежа на Renault.

Зошто треба да се менуваат амортизерите?

Амортизерите секогаш се во движење, затоа нинвите бројни составни делови се изложени на триење и трошење. Исто така се изложени и на надворешни штетни влијанија како што се вода, каменчиња...

Амортизерите на вашето возило постепено се трошат и при возењето вие несвесно се прилагодувате на тоа за да ја ублажите слабата ефиканост. Затоа Renault ги проверува амортизерите при секој сервисен преглед.

Истрошените амортизери создаваат подолг пат на сопирање, помала удобност и поголем ризик од аквапланиниг (лизгање по мокра подлога).

Животниот век на амортизерите се менува во зависност од условите на употреба:

  • состојбата на патната инфраструктура.
  • тежината која ја превезува возилото,
  • начинот на возење,
  • временските услови (дожд, снег итн.).

Затоа за ваша сигурност ви советуваме:
  • да се погрижите за нивен преглед на секои 20.000 поминати километри.
  • да ги замените на секои 80.000 поминати километри.

Зошто треба да ја посетите мрежата на Renault?

Renault ви гарантира:

 

  • Лично примање и советување.

  • Нашите советници за услугите ќе ве сослушаат и ќе ви ги дадат сите потребни објаснувања за правилно користење и одржување на вашето возило.

  • Вградување на оригинални делови од Renault, што ви гарантира сигурност, квалитет, естетски изглед и сигурност. Изработени се од најиздржливи материјали и дизајнирани така да во целост се вколопуваат во возилото во однос на нивниот изглед и отпорност. Амортизерот, на пример, мора да сочува 90% од својата ефикасност од 2 милиони вибрации за 4 цм под агол од 40°. Тоа ви гарантира чување на целиот почетен влог во вашето Renault, особено што се однесува до сигурноста.

  • Едногодишна гаранција на Renault, на вградени резервни делови и извршената работа и за сите работи извршени во мрежата.
  • Знаење и искуство на Renault.. Нашите техничари ги знаат и најмалите детали на вашето возило. Редовно се усовршуваат и го пратат технолошкиот развој на новите модели.
  • Алати и опрема, посебно прилагодени за вашето Renault
  • Решение за вашата подвижност прилагодено спред вашите потреби
  • Паушален "all inclusive" за најчестите зафати.. Нашите цени се конкурентни и транспарентни, бидејќи ги вклучуваат резервните делови и работната рака.
   

Искористете ја нашата стручност и донесете го вашето возило кај нас на поправање. За проверката на вашето возило може да очекувате квалитетна услуга.
Сигурност, доверба и подвижност се клучните зборови на Renault Услугите. Со доверување на вашето возило на нашите стручни лица се грижите за неговиот долг животен век и добра вредност при можна продажба.

Што ви нуди Renault?

Renault ви нуди паушал за замена на амортизерите на вашето возило.
Паушалите на Renault вклучуваат се: резервни делови и извршена работа. Така уште пред да дојдете во нашиот сервис ќе знаете колку тој ќе ве чини!

Претставникот на сервисната мрежа на Renault секогаш ви стои на располагање за дополнителни информации за цените на паушалните услуги и за договарање на терминот за посета.

Искористете ги и нашите моментално најдобри промотивни понуди!