Се за обновување на возилото
Зошто е потребно да се обнови возилото?
- Каросеријата и патничкиот простор на возилото бараат одржување како и механичките системи.
- Одржување на убавиот надворешен и внатрешен изглед на возилото овозможува да се зачува удобноста во возењето, продолжување на изгледот на новото возило, како и зачувување на неговата вредност во случај на продажба.
Кога треба да се обнови возилото?
- После зима со дожд или снег, на враќање од одмор, после настани значајни за смејството или поради продавање, возилото може да се обнови
- Не чекајте влошениот естетски изглед на возилото да го отежне неговото обновување.
- Одлучете се за редовно одржување со соодветни средства за чистење, кои ја чистат и штитат внатрешноста и надворешноста и со што му го враќаат изгледот на ново возило. Затоа имате голем избор на производи на IXTAR, како што се шампони за каросеријата, средства за обновување на пластичните делови и средства за патничкиот простор, кои се наменети за полесно одржување на возилото.
Зошто треба да се посети мрежата на Renault?
Избор на производи Renault:
- Renault со марката IXTAR разви целосен асортиман производи за чистење и обновување на возилата во целост.
- При развојот, овие производи се прилагодувале за употреба на различни материјали: лакирани метали, алуминиум, пластични маси, текстил и кожа.
Искуство, способност на експертите од Renault и нивните постапки:
- Renault во својата мрежа ви нуди услуги на оспособени стручни лица кои наместо вас ќе го измијат, исчистат и обноват целото ваше возило, при што строго ќе се управува со постапките за обновување развиени од Renault.
Што ви нуди Renault?
- Погрижете се за вашето возило кај нас, поради тоа што Renault ви нуди комплетен асортиман на производи IXTAR, кои на најдобар начин овозможуваат чување на убавиот изглед на возилото и ви гарантираат траен изглед на новото возило.
Нашите обврски:
- Употреба на производи испробани и одобрени од експерти
- Строги критериуми на употреба
- Постојано збогатување на асортиманот на производи
- Овој асортиман ги има следниве производи:
Надворешно миење:
- Отстранувач на смола
- Средство за фелни
- Отстранувач на инсекти
- Шампони (за побрзо сушење, восок 2 во 1)
- Сунѓер за миење
- Крпа од еленска кожа
Патнички простор
- Средство за чистење на патничкиот простор
- Средство за обновување на пластичните делови
- Мирис
- Нега на кожата
- Крпчиња за одржување на пластичните делови
Полирање
- Средство за полирање за обновување
- Средство за вришење на гребаници
Завршно чистење
- Средство за миење стакла
- Крпи за чистење на ветробранското стакло
- Средство за чистење на надворешните пластични делови
- Средство за сјај на гумите
Претставникот на сервисната мрежа на Renault секогаш ви стои на располагање за дополнителни информации за цените на паушалните услуги и за договарање на терминот за посетата.
Искористете ги и нашите моментално најдобри промотивни понуди!


Посетете не’ на Facebook