
За безгрижно и сигурно возење доверете го прегледот на вашето возило на стручните лица од овластената мрежа на Renault!
Кога да отидете на сервис?
За секое возило се предвидени редовни одржувања во определени временски растојанија во зависност од техничките карактеристики на возилото.
Ве молиме да се запознаете со временските рокови во вашата книшка кога е потребно да се сервисира вашето возило.
Доколку имате некои дилеми што се однесува до одржување на вашето возило, слободно обратете му се на својот претставник на Renault.
Зошто своето возило треба редовно да го одржувате во Renault?
Вашето возило е вашиот секојдневен сопатник во вашата работа, слободното време, на годишен одмор.
Како што изминува времето, одредени делови ја губат својата ефикасност, што може да придонесе за механички или електронски дефекти.
Редовното одржување на возилото е неопходно за да го задржите првичниот квалитет на вашето возило во поглед на сигурноста, удобноста и перформансите.
Доаѓање во Renault за редовно одржување на вашето возило значи:
- Избирање сигурност и едноставност
- Имате гаранција дека е извршен сервис на вашето возило во согласност со препораките на производителот за вашите идни патувања да бидат сосема спокојни.
- Користете ги стручните знаења на техничарите кои ја поминале стручната обука за сервисирање и поправање на вашето возило.
- Имате едногодишна гаранција од Renault за вградените делови и за работата извршена во сервисната мрежа на Renault.
- Renault ви нуди решенија во зависност од траењето на работата извршена на вашето возило за и тогаш да бидете подвижни.
- Најдобар начин да ја сочувате вредноста на вашата почетна инвестиција.
- Сигурни сте дека вашето возило ќе биде поправено со вградување оригинални резервни делови од Renault.
- Вашата сервисна книшка се ажурира со „печатот на сервисот“, што е гаранција за зачувување на капиталот кој го претставува вашето возило. На тој начин можете да ја зголемите вредноста на своето возило при неговото продавање
Што е услуга на Renault за редовно одржување?
Услугата на Renault за редовно одржување претставува многу повеќе од обично заменување масло, она е стручен зафат.
Услугата на Renault за редовно одржување предвидува целосен преглед на сите делови поврзани со сигурноста на вашето возило, за работата на вашите мотори и за електрониката.
Редовното одржување на Renault го изведува висококвалитетен техничар кој редовно се школува во согласност со технолшкиот развој на нашите возила и опремен се со специјализирани алати за дијагностика и одржување на вашегто возило Renault.
Сигурноста дека вашето возило е во стручни раце!
КЛУЧНИ ТОЧКИ НА ПРЕГЛЕДОТ ВО РАМКИТЕ НА РЕДОВЕН СЕРВИС ВО RENAULT

- Системски зафати:
На секој сервис, техничарот на Renault врши замена на моторното масло, дополнување на течностите и прегледува дваесетина контролни точки.
- Дополнителни зафати:
Овие зафати се изведуваат во зависност од староста на возилото и поминатата километража, неговото користење како и од вашиот начин на возење.
Ве молиме да ја разгледате вашата сервисна книшка за да се запознаете со барањата на овој зафат.
Главните дополнителни зафати кои треба да се извршат во зависност од временското растојание и кои се дефинирани во вашата сервисна книшка се:
Замена на филтерот за воздух/бензинско и дизел гориво/клима
свеќички
течност за сопирачки
течност за ладење
ремени..…
Треба ли да го проверам нивото на маслото?
Во текот на редовното одржување во Renault, техничарот на Renault системски го менува маслото во вашиот мотор
Сепак, ве советуваме помеѓу два сервиса, редовно да го проверувате нивото на маслото во вашиот мотор. Нивото на маслото треба да биде помеѓу оснаките за минимално и максимално количество масло на мерната шипка.
Доколку нивото на маслото е под ознаката за минимално ниво, секако ви препорачуваме да доставите масло пред да седнете зад управувачот.
За правилен избор на масло што ќе го користите во вашиот мотор, ви советуваме да ги разгледате податоците во вашата сервисна книшка.
Што нуди Renault со редовното одржување?
Renault ви нуди цени на пакети за Редовно одржување кои го покриваат целиот асортиман на нашите возила.
Цените на пакетите на Renault вклучуваат се што е потребно: делови и работна рака. На тој начин, знаете која ќе биде цената на зафатот пред да го оставите вашето возило во нашиот сервис.
На располагање ви стои и вашиот претставник на Renault кој ќе ви даде подетални информации за цените на пакетите и со вас ќе договори термин за доаѓање во сервисот кој вам ви одговара.
На крај, искоористете ги нашите најдобри акции во овој момент
Редовното одржување на Renault е клучно за вашето возило па поради тоа треба да се обратите на стручни лица за неговото сервисирање.


Посетете не’ на Facebook