Сервисни услуги

Оригинални резервни механички делови на Renault

Нови и фабрички обновени резервни делови


Renault ви нуди избор на резервни делови кои одговараат на строгите технички стандарди во поглед на дизајнот, сигурноста и довербата: тоа се оригинални резервни делови. Со вградувањето на такви резервни делови, се гарантира оптимална работа на сите елементи на Вашето возило.

Renault Ви нуди две различни гами на оригинални резервни делови.

 

Нови резервни делови


За време на гаранцијата на Вашето возило при можните поправки се вградуваат исклучиво оригинални резервни делови. Тие делови се потполно исти како сериски вградените оригинални делови во Вашето возило.

Гама на новите резервни делови

Понудата на новите оригинални резервни делови на Renault ја покрива цела гама на сериски вградени делови на Вашето возило.

Пократко време за невозна состојба на возилото

Каде и да сте, Renault Ви овозможува достава на поголем дел од оригиналните резервни делови во рок од 24 часа.

Гаранција за квалитет

Сите наши нови резервни делови имаат 12-месечна гаранција на деловите и извршените услуги со неограничен број на поминати километри.

Фабрички обновени резервни делови


Понудата на фабрички обновени резервни делови е наменета на возилата во кои вградувањето на новите резервни делови веќе не е обврзна. Тие резервни делови потекнуваат од обновените делвои во кои виталните делови се заменуваат со нови. Фабрички обновените делови се составени со строги процедури и според стандардите за квалитет на Renault заради што имаат статус на оригинални резервни делови.

Чување на околината

Renault со својата понуда за фабрички обновени резервни делови се придружи на трајниот развоен процес за заштита на околината. Тие обновени делови бараат помалку енергетски ресурси и сировина заради рециклирани делови, кои се отстранети од возилото. Според тоа, со нивната употреба ја чуваме и нашата околина.

Интересна понуда

Заради помали трошоци по рециклирањето, во мрежата на Renault плаќате 20% до 40% помалку за поправки.

Широка гама

Гамата на обновливи резервни делови ги покрива главните делови на сите возила на Renault. Таа гама се состои од мотори, менувачи (рачни и автоматски), преноси, ладилници, алтернатори, електро-придвижувачи, управувачи, компресори на клима-уреди, турбо-компресори, кочнички челусти, пумпи за вбрзигување, бризгалки, мотори, инструмент табли и компјутери.

Безгрижност

Фабрички обновените резервни делови се оригинални делови кои се обновени по стандардите на Renault. Затоа имаат, како и новите резервни делови, 12-месечна гаранција на делови и поправки со неограничен број на минатите километри. Заради 100% вградливост на нашите резервни делови имате загарантирано и најкратко можно време на поправка.

Пократко време на состојба во која возилото не може да се вози

Најголем дел од обновените делови се продаваат заради дефекти поради кои возилото не е во возна состојба. Интервенцијата често е поедноставна (замена на целиот дел) и овозможува пократко време на состојба во која возилото не може да се вози.