Сервисни услуги

Извештај за сообраќајна несреќа
Известувањето за сообраќајната несреќа е документ кој...
Точно
Неточни
 

  • има правна валидност
 

  • овозможува да се утврди одговорност за несреќата
 

  • може да се измени откако ќе го потпишат двете страни
 

  • е ист во сите европски земји
 

Пред да го исполните извештајот за сообраќајната несреќа:

 

  • Остенете мирни

 

  • Вклучете ги сите трепкачи

 

  • Ставете го сигурносниот елек (задолжителен во определени земји):

- Елекот треба да ви биде на дофат

- Би било идеално да имате уште еден елек за евентуалниот патник

 

  • Во границите на можностите, поместете го возилото ако го попречува сообраќајот

 

  • Поставете сигурносен триаголник на оддалеченост од најмалку 30 метри од местото на несреќата. Триаголникот треба да се гледа од оддалеченост од 100 метри.

 

  • Тргнете се од сообраќајницата,

 

  • Подгответе сопствен извештај за сообраќајната несреќа.



 

Неколку совети за пополнување на извештајот за сообраќајна несреќа

 

  • Подгответе си ја возачката дозвола, осигурителната полиса и сообраќајната дозвола.

 

  • Не се брзајте да го пополните извештајот за сообраќајната несреќа.

 

  • Одбијте ја секоја понуда за нагодба.

 

  • Исполнете го извештајот во близина на местото на несреќата.

 

  • Пишете разбирливо со пенкало.

 

  • Наведете ги што е можно попрецизно и објективно причините за несреќата и нејзините последици.

 

  • Уверете се дека третите лица кои учествувале во несреќата ги имаат сите документи, личните, за возилото и осигурителната полиса.

 

  • Наведете ги точните податоци за третите лица кои учествувале во несреќата, за нивното возило (возила) и наведете ги имињата и презимињата и адресите.

 

  • Во случај на несреќа во која учествувале повеќе од две возила, направете извештај со секој од возачите кои се судриле со вашето возило.

 

  • Во полето « „ВКУПЕН БРОЈ НА ИСПОЛНЕТИ ПОЛИЊА“» на крајот, наведете го бројот на полињате што се означени во секоја колона.

 

  • Дома мирно пополнете ја првата страница на вашиот примерок, со што ќе останете доследни на информациите наведени во извештајот.

 

  • Пратете го извештајот што е можно побрзо на својата осигурителна компанија (последен рок во Франција:5 дена)