Сервисни услуги

Гаранција на Renault

ГАРАНЦИЈА НА RENAULT ВО МАКЕДОНИЈА

ГАРАНЦИЈА НА RENAULT


РЕДОВЕН ГАРАНТЕН РОК е 2 години, без ограничување на бројот на поминати километри за сите возила освен за возилата Latitude, Espace, Laguna 3 и Koleos кои имаат гарантен рок од 3 години или 150.000 поминати километри.

ГАРАНЦИЈА НА КОРОЗИЈА е 12 години за сите патнички возила, вклучувајќи ги и Kangoo и новиот Trafic. За сите останати возила гаранцијата на корозија е 6 години од датумот на предавање на возилото. ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА НА RENAULT - едноставно решение за мирно возење.

Продолжената гаранција на Renault е идентична со редовната двогодишна гаранција и опфаќа:

- бесплатно отстранување на сите механички, електронски и електрични дефекти на возилото;
- бесплатно отстранување на сите можни последици на возилото од наведените дефекти;

Договорот на Renault за продолжена гаранција важи и во сервисната мрежа на Renault во 36 земји од Европа.

Договорот на Renault за продолжена гаранција истекува кога ќе се исполни еден од следниве два услова:
а) за физички лица:
- ако возилото е постаро од 4 години (староста се смета од денот на првата регистрација);
- возилото поминало повеќе од 80.000 километри.

б) за правни лица:
- ако возилото е постаро од 3 години (староста се смета од денот на првата регистрација);
- возилото поминало повеќе од 100.000 километри.


ГАРАНЦИЈАТА НА RENAULT ВО ЕВРОПА*

ГОДИНИ,
од датумот на продажбата на првиот купувач
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10 11
12

Гаранција на производителот:

грешка во материјалот, монтажата,

изработката, освен вообичаено абење и одржување

 

& помош на Renault

дефект поради кој возилото не е во возна состојба во траењето на гарантниот рок

НОВА LAGUNA**      

до 150,000 поминати километри

ESPACE IV**, VEL SATIS**, LOGAN       до 100,000 поминати километри
СИТЕ ОСТАНАТИ ВОЗИЛА     без ограничување на бројот на поминати километри

Гарација на бојата:

дефекти што ги признава производителот

СИТЕ ВОЗИЛА        

Гаранција против корозија:

корозија одвнатре према надвор

MASTER (освен за рамката за носење на моторот)              
СИТЕ ОСТАНАТИ ВОЗИЛА                        

Што е тоа договорна гаранција (или гаранција на производителот) Renault?

Поправките се бесплатни за времетраењето на гаранцијата на производителот, под услов да се почитувале прописите за одржување,, ако возилото има проблем кој не може да се препише на грешка во производство, материјал или монтажа,, а не со вообичаено користење, несоодветно користење, надворешни влијанија итн. Гаранцијата на Renault се применува на сите делови од возилото и за сите дефекти кои ги покрива договорната гаранција. Таа подразбира покривање на трошоците за поправање вклучувајќи ги деловите и работата, како и помош на пат 24 часа на ден во случај возилото да не е во возна состојба, со поправка на лице место секој пат кога е тоа можно, или со влечење односно услуга за можно заменско возило.

 

Гаранцијата на бојата се однесува на деловите кои претставуваат оштетување на бојата кои ги признава производителот; трае 3 години без ограничување на километражата за сите возила на Renault во Европа.. Враќањето во првобитната состојба ја зема предвид општата состојба на возилото со оглед на староста на возилото, километражата и одржувањето.

 

Овие начела исто така се однесуваат на гаранцијата против корозија,, во траење од 12 години, без ограничување на километражата (6 години за Master)). Оваа гаранција подложи на почитување на препораките на производителот и контролата на корозијата на каросеријата, носечката рамка и долниот трап кои мора да се извршуваат најмаку еднаш на секои две години, а според километражата наведена во Книшката за одржување на возилото и гаранцијата.

 

Возилата на Renault покрај тоа имаат и гаранција во траење од 1 година на поправките и резервните делови за сите поправки во мрежата на Renault, дури и по завршувањето на периодот од едногодишната договорна гаранција.

Во случај на продажба: целата договорна гаранција важи за купувачот на вашето возило под исти услови како и во моментот на купувањето. Овие услови се детално опишани во вашата нарачка и во Книшката за одржување на возилото и гаранцијата.

** Гаранција на подвижност: посебни услови за возилата VEL SATIS, ESPACE IV, NOVA LAGUNA: во случај на дефект во рамките на гаранцијата за кој е потребно да се закаже состанок (најмалку 48 часа пред поправката со барање за заменско возило), имате можност да добиете заменско возило во времетраење од најмногу 3 дена, во зависност од расположивоста и под определени услови.

* Земји: Андора, Германија, Австрија, Белгија, Хрватска, Данска, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Полска, Португалија, Чешка, Сан Марино, Словенија, Словачка, Шведска.

Специфичности: Бугарија и Романија: 2 години ограничено на 100 000 км. Норвешка, Швајцарија, Кипар и Велика Британија: 3 години или 100 000 км/60 000 милји.