Како плод на истражувањата и на технологијата на Renault, оригиналните делови се развиени за успешно да ги поминат тестирањата на усогласенист кои се спроведуваат во лабораториите и центрите на Renault.
Вистински концентрат на вештина и сопствена вредност на марката, оригиналните делови на Renault се осмислени за да гарантираат одржување на оригиналните карактеристики на возилата Renault.

5 ДОБРИ ПРИЧИНИ ЗА ИЗБОР НА ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ RENAULT
СИГУРНОСТ

За да се испита ефикасноста, отпорноста и флексибилноста на деловите, секоја година се спроведуваат 350 вистински тестови за судири и околу 4500 виртуелни тестови, со цел да се подобри активната и пасивната сигурност на возилата на Renault.
НАЧЕЛО НА ТЕСТОТ ЗА СИГУРНОСТ НА ВОЗИЛОТО (УДАР ОД ПОВЕЌЕ НАСОКИ)*
Следење на испитните епрувети поставени во браниците.
На испитните епрувети се применува удар на масата и се следат промените во материјалот. (брзина на удар: 4,4 m/s, односно 15,8 km/h).
РЕЗУЛТАТИ:
Испитните епрувети од оригиналниот браник на Renault
Хомогеност на пластичните пукнатини без значителни деформации.
Испитните епрувети од тестираниот браник кој не е оригинален резервен дел на Renault
Неизедначена отпорност и пукање со измена на обликот на пластиката.
Разлика во отпорноста на двата типа браници се објаснува со различниот хемиски состав на материјалот од кој се направени браникот кој е оригинален резервен дел на Renault и браникот кој не е оригинален резервен дел на Renault.
*Изводи од извештајот LNE1
1LNE: Национална лабораторија за мерења и тестирања, јавна и овластена установа.
Напомена: резултатите од тестирањето се однесуваат само на тестираниот неоригинален дел
ОКОЛИНА

Во концепцијата на резервните делови Renault секогаш настојува да користи рециклирани материјали или материјали кои се избрани заради можноста за рециклирање
ИНОВАЦИИ

Со 700 патенти секоја година Renault ја потврдува својата желба секогаш да користи врвна технологија и ги опремува своите возила со најдобри материјали и користи најнапредни индустриски постапки.
КВАЛИТЕТ




600 инженери и техничари водат сметка за избор на материјалите, постапките за производство и спроведување на тестирањата за постојано да го подобруваат квалитетот на резервните делови.
РЕЗУЛТАТИ ПО 600 ЧАСА ТРЕТИРАЊЕ СО СОЛЕНА ВОДА (ТЕСТ СО СОЛЕНО ПРСКАЊЕ)*
Оригиналниот капак за моторот на Renault:
Внатрешна површина: нема никакви видливи оштетувања на површината (само траги на засушена сол), што не е поврзано со никакви оштетувања на површината.
Тестиран капак за мотор што не е оригинален:
Внатрешна површина: низа рѓосани делови од челикот се забележани на сите рабови на дупките и отворите на мазниот дел од внатрешниот лим.
Тие оштетувања се резултат на недоволна заштита на челикот поради лошиот квалитет на површината од тестираниот капак на моторот.
*Изводи од извештајот LNE1
1LNE: 1LNE: Национална лабораторија за мерења и тестирања, јавна и овластена установа
Напомена: резултатите од тестирањето се однесуваат само на тестираниот неоригинален дел.
ДИЗАЈН

Секој резервен дел се карактеризира со совршена геометрија, естетски изглед, аеродинамика и скратено време на монтажа при поправки.


Посетете не’ на Facebook