Renault Assistance
Корисници
Сопственици на Renault возила:
Купувачот или овластениот возач и патниците кои со него патуваат бесплатно, а кои може да бидат најмногу за колку што е регистрирано возилото, остваруваат право на помош во земјата и во странство според наведените услови.
Renault Assistance е достапна 24 часа на ден 7 дена во неделата со повикување на бесплатниот телефонски број
*доколку патувате во странство информирајте се за бесплатниот телефонски број за Renault Assistance во земјата каде патувате.
За возилата VEL SATIS, ESPACE IV и LAGUNA III важат посебни услови наведени под „Понуда за мобилност“ за VEL SATIS, ESPACE IV и LAGUNA III.
Причина
Возилото не е во возна состојба поради непредвиден механички, електричен или електронски дефект покриен со гаранција на производителот. Испорачаните нови возила Vel Satis и Espace IV после 2 мај 2005 година исто така остваруваат право на помош во периодот на важење на допонителната гаранција на RENAULT и мрежата на Renault.
Пружање на услугата Renault Assistance
Услугите за помош исклучиво се пружаат по пат на услугата Renault Assistance. Пред да ја повикате Renault Assistance, морате да ги имате следните информации за поефикасно поправање на дефектите:
- Точно место на кое се наоѓа возилото во дефект: улица и број, пат и километража, визуелна ориентација....
- Идентификација на возилото: идентификациски број во Гарантниот лист, регистерски број, тип на моторот
- Телефон на кој корисникот може да се контактира
Штом ќе прими повик од корисникот, во зависност од неговата ситуација, Renault Assistance организира и ги презема трошоците за подолу наведените услуги.
Начално, Renault Assistance е должна да ги преземе потребните дејства за корисникот да не мора да дава аванс на име трошоци, освен ако трошоците се однесуваат на преминување од едно на друго превозно средство и во зависност од важечките прописи, тршоците за влечење кога возилото мора да се влече по автопат или по сличен пат. Во тој случај Корисникот мора да ја извести Renault Assistance штом ќе излезе од автопатот или од сличниот пат.
НАПОМЕНА: Renault Assistance не ги сноси трошоците кои купувачот ги направил без нивна претходна согласност.
Поправање на  дефектот на лице место
Доколку тоа е можно, Renault Assistance организира поправање на дефектот на лице место во што е можно пократок рок. Ако возилото не може да се поправи на лице место и ако се покаже дека влечењето е неопходно, возачот и патниците од ставот 1.1 остваруваат право на следниве услуги:
- Влечење - возилото ќе биде влечено до најблискиот овластен сервис
Дополнителни услуги
Ако возилото не може да се поправи во истиот ден или ако времето на поправање трае подолго од 6 часа* клиентот, во зависност од својата ситуација може да користи една од следниве дополнителни услуги. Услугите (в, г, д, е) може да се користат заедно. Услугата ѓ може да се комбинира со услугата в, г или д.
в) Сместување- ако возилото е одалечено повеќе од 50 км од местото на живеење на клиентот и ако клиентот сака да почека возилото да се поправи на лице место, Renault Assistance може да организира и да ги сноси трошоците за него и за патниците за најмногу 3 ноќевања (со појадок) во хотел одбран од Renault Assistance.
г) Продолжување на патувањето или д) враќање дома.
Ако корисникот сака да чека да се заврши со поправката на возилото на лице место, Renault Assistance организира и ги сноси трошоците за продолжување на патувањето по најкраток пат со едно од следниве превозни средства (воз, авион во економска класа ако патот со воз трае подолго ос 8 часа, брод, такси до 100 км)
ѓ) Превземање на поправеното возило
За да се овозможи превземање на возилото по поправањето, Renault Assistance му овозможува на клиентот или на лицето кое клиентот ќе го одреди да избере едно од превозните средства под г/д
е) Возило за замена*
Клиентот може да го користи возилото за замена од Б категорија кое RENAULT бесплатно му го става на располагање во траење од најмногу 3 дена во зависност од локалната расположивост (дополнителните трошоци ги сноси самиот клиент)
ф) Трошоци за преместување од едно на друго превозно средство
Сите трошоци што ќе настанат при преместувања кои клиентот ги направил во согласност со Renault Assistance, ги сноси Renault Assistance.
**специфичните услови важат за возилата VEL SATIS, ESPACE IV и LAGUNA III; за овие услови распрашајте се кај вашиот концесионер или овластен сервисер.
*Надвор од Европскиот економски простор (ЕЕЕ), техничката дефиниција на возилото, зачестенот на одржувањето и условите на гаранцијата може да се разликуваат. Ако вашето возило се користи или е регистрирано во земји надвор од ЕУ, ве молиме да го контактирате RENAULT концесионерот или пост продажната служба.
*Подетално во „КНИШКАТА ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ГАРАНЦИЈА“


Посетете не’ на Facebook