Договор на Renault од 2009 година
На почетокот на 2006 година, Carlos Ghosn го најави Renault договорот од 2009 година. Поставената цел е: да се направи Renault да стане најисплатлив конструктор на автомобили. Дефинирани се три големи подрачја:
- квалитет: да се постави возилото Lagunа, лансирано во 2007 година, меѓу трите најдоби автомобили според квалитетот на производот и услугите,
- исплатливост: да се постигне оперативна маржа од 6% во 2009 година,
- растеж: да се зголеми продажбата од 800 000 возила помеѓу 2005 и 2009 година
Renault и неговите марки

Dacia
>Renault во 1999 година ја купи Dacia, румунскиот производител и ги модернизира неговите погони. Остварените вложувања овозможија производство на Logan, кој се најде во средиштето на стратегијата за освојување нови пазари. Предизвикот беше: да се понуди модерно и габаритно возило со умерена цена. По комерцијализацијата на Logan berline, Dacia го прошири својот асортиман во 2006 година со лансирање на Logan MCV, а потоа и со лесното деловно возило Logan Van.

Renault Samsung Моторs
Во 2000 година, Renault ја презема браншата на автомобилите од групата Samsung и Renault Samsung Motors станува европски производител кој се пробива на јужнокорејскиот пазар. По овој индустриски почеток, зголемувањето на силата на фабриката во Бусан, Renault Samsung Motors стана пример за успех во земјата која долго време била затворена за странски вложувања.

Сојуз Renault-Nissan
Основан во 1999 година, Сојузот Renault-Nissan се наоѓа помеѓу првите четири конструктори на автомобили во светот. Renault и Nissan се обединиле заради заедничкиот успех и ги поделиле најдобрите искуства од двете страни
Двете групи направија заедничко друштво со кое управува Управен одбор кој е задолжен за заедничка стратегија и соработка.
Оваа соработка постојано се зголемува во сите области, од производство до комерцијализација. Сојузот посебно формираше друштво за заедничка набавка, RNPO (Renault Nissan Purchasing Organization) која покрива 83% од набавките на овие две групи.

Renault на меѓународно ниво
Од 1966 година, потпишани се спогодби и договорени се многубројни соработки на индустриски, технички и комерцијален план.
Renault во Индија
Во соработка со индискиот производител Mahindra во 2005 година, Renault започна да произведува и да продава Logan и во Индија. Тоа беше првата фаза од соработката која продолжува со изградба на фабрика во оваа земја во 2009 година.
Дознајте повеќе na sajtu www.renault.com
Renault во Русија
Renault е присутен во Русија од почеток на 20 век. Во 1998 година, тој ја создава основата за своите возила во оваа земја кога ја формира компанијата Avtoframos. По десет години, Renault потпиша договор за стратешко партнерство со компанијата AvtoVaz. Целта е: да се зацврсти во растечкиот пазар за автомобили во Русија, кое е на пат да стане најголем во Европа.
Дознајте повеќе na sajtu www.renault.com

Посетете не’ на Facebook