Политиката за сигурност на патот во Renault содржи 4 начела:

Да се спречи
Renault ги опремува своите возила со системи за помош при возењето чија цел е да му помогнат на возачот да ги забележи случувањата и подобро да одговори на условите на возењето (ограничување на брзината, визуелен и звучен аларм во случај сигурносните појаси да не се врзани) и да го информираат за состојбата на возилото (систем за контрола на притисокот во гумите, контролни ламби).

Да се исправи
Сите возила на Renault имаат опрема која им овозможува да ги исправат грешките во возењето: систем против блокирање на сопирачките (ABS со EBV), помош при нагло сопирање (AFU), контрола на патеката (ESP), систем против лизгање (ASR), варијабилен серво управувач.

Да се заштити
Секое возило има врвна заштитна опрема. Структурата на шасијата ги впива ударите и ја чува кабината. Засилената структура на кабината е како заштитна ќелија за патниците. Страничните воздушни перници за главата и телото ја гарантираат заштитата на патниците во кабината.

Да се создаде разумност
Во текот на 2000 година, Renault ја започна меѓународната операција „Сигурност за сите“. Таа ги собира и мобилизира родителите, наставниците и децата околу една едноставна цел: образување, разумност и едукација на младите за сигурноста на патиштата, за тие да научат како треба да се однесуваат во сообраќајот.
Започната во 2005 година во 17 земји, „Сигурност за сите“ е најголема операција за промовирање на сигурноста на патиштата која некогаш ја поттикнал некој производител на автомобили.

Посетете не’ на Facebook