
1898-1918
Приказната за Renault пред се е приказна за еден човек кој имал необична судбина. Авантурата започнала на 24 декемви 1898 година, кога Луис Рено успеал со своето возило да се качи на стрмната улица Rue Lepic во парискиот кварт Монмартр. Тоа бил прв пат некој да се качи по нагорница од 13% во „кочии без коњи“. Тајната на овој успех била во системот за директен пренос кој го дизајнирал Луис Рено. Оваа победа ги донесе првите 12 нарачки.
Компанијата продолжила да се развива бидејќи Renault почнал да победува на трките Париз-Берлин, Париз-Виена... Renault започнува со сериско производство во 1905 година. За време на Првата светска војна, фабриката произведува камиони, амбулантни возила, носилки, гранати, па дури и познатиот тенк FT 17 кој дал значителен придонес во одлучувачките борби за конечна победа на сојузниците. Кога повторно завладеа мир, Renault продоложи со производството за цивилни потреби како водечки француски производител на коли.

1919-1945
Renault се модернизира. Синџирот фабрики Billancourt бил основан во 1929 година. Фабриката ги намалува трошоците за да се избори против економската криза. Меѓутоа, социјалната клима се влошува. За време на Втората светска војна Луис Рено го сметал конфликтот со Германија како грешка и ги следел барањата на Германците. Поради тоа фабриката Renault била национализирана во 1945 година и станала државно претпријатие "Régie Nationale des Usines Renault" (RNUR).

1946-1975
Како државна компанија, Renault ги модернизира своите фабрики, гради и купува нови производни погони. Се обидува да биде конкурентен на американскиот пазар, но доживува неуспех. Сепак, продолжува да се пробива на меѓунродна сцена. Успесите доаѓаат со моделот 4 CV, првиот „мал автомобил за секого“, потоа со Dauphine, Renault 4, Renault 5.. Својот асортиман возила го збогатува со моделот од висока класа Renault 16, кој најавува долгорочни автомобили. Renault паралелно продолжува со впечатливиот успех во автомобилскиот спорт.

1976-1991
Развојот продолжува до почетокот на осумдесеттите години. Обновувањето на асортиманот на возилата се забрзува со појавувањето на два модела од висока класа:Renault 25 и Espace. Марката се наметнува во спортските натпревари и влегува во светот на Формула 1. Меѓутоа се појавуваат и тешки загуби со кои компанијата мора да се соочи. Поради тоа започнуваат со драстична политика за намалување на трошоците и повторно се фокусираат на својата потесна дејност. Во текот на 1987 година, Renault повторно работи со добивка.

1992-2005
Renault планира фузија со Volvo, но проектот е отфрлен во 1993 година. Голема пресвртница: приватизација на компанијата во јули 1996 гофина. Послободен Renault влегува во капиталот на групата Nissan во 1999 година. Renault продолжува со иновации и обновување во возилата Mégane, Laguna,..Успесите во Формула 1 го зајакнуваат Renault. Сојузот Renault-Nissan се консолидира и постојано се развиваат нови проекти. Со купување на компаниите Samsung Motors и Dacia, Renault го забрзува своето пробивање на меѓународната сцена. Лансирањето на Logan е во средиштето на стратегијата за отворање нови пазари.

Od 2005
Carlos Ghosn, кој веќе бил претседател на Nissan, го наследува Louis Schweitzer на чело на Renault.Тој го создава планот Renault Договор 2009, кој треба од Renault групата да создаде најисплатлив европски производител на автомобили. Clio III е прогласен за автомобил на годината 2006, а успехот на Logan на новите пазари е неприкосновен. Renault два пати ја освои титулата светски првак меѓу конструкторите на Формула 1
Во текот на 2007 година, Renault го проширува својот асортиман на Logan и ги лансира новите Twingo и Lagunа.

Посетете не’ на Facebook