Историја за марката Renault

Историја на Renault

Пред вас е историски преглед на нашата марка од 1898. година па сè до денес.
 Величенствената Renault индустриска авантура ги опфаќа историските модели, спортски достигнувања, харизматични луѓе и иновации кои го сменија авомобилскиот свет.
 2013 - Renault  оформува претпријатие во КинаRenault со кинескиот производител Dongfeng потпиша спогодба за заедничко инвестирање и го оснива друштвотo Dongfeng Renault Avomotive Compamy ( DRAC ).Со таа спогодба се ставени темели за изградба на фабрика во Wuhan. 
 2012 - Clio IV  е претставен на саемот на автомобили во Париз Clio IV  инспириран од концепт автомобилот  Dezir е прв автомобил создаден согласно  новиот Renault дизајн. 
 2010 - Претставување на концептниот автомобил Dezir Концептниот автомобил Dezir  е претставен на саемот на автомобили во Париз како нова Renault дизајнерска стратегија под водство на Laurens van den Acker. Овој модел претставува прво  ливче во цветот на животниот љубовен циклус.
 2008 - Renault превзема 25% од удели во друштвото Avtovaz  На 29 Февруари Renault превзема 25% од удели во друштвото Avtovaz, водечки Руски производител на автомобили во чии рамки е и Lada. 
 2007 - Renault ја прошири палетата на модели Logan и го претстави новото Twingo и новата Laguna
 2000 -  Формирање на друштвото Renault Samsung Motors После Dacia, Renault ги превзема 70,1% од уделот во друштвото Samsung Motors и ја формира подружницата Renault Samsung Motors, која и денес произведува и продава автомобили во Јужна Кореа. 
 1999 - Renault ја превзема Dacia. Renault vo 1999 година со 51% удел стана мнозински акционер на романската марка Dacia. Во тој период главниот модел на марката Dacia, Dacia 1310 чија продажба започнала во 1966 година се викал само Dacia. 
 1999 - Потпишан е договор за соработка помеѓу Renault и NissanRenault и Nissan потпишаа договор за соработка со заедничка сопственост - Renault превзема 36,8% удели во Nissan - во заедничко усовршување и производство. Така е родена алијансата Renault и Nissan. 
 1998 - Отворен Renault технолошки центар во Guyancourt во Франција Технолошкиот центар во францускиот Guyancourt е отворен на 100 годишница од постоење на марката Renault. Новиот центар е направен така да ги поврзе исте кои поработуваат во дизајнерски и технички сегменти на развојот на новите модели. 
 1992 - Претставување на новиот Twingo Twingo беше права сензација на саемот на автомобили во Париз. Шармантниот преден дел кој потсетува на жаба и модерен дизајн, спој на доставен и градски автомобил, новиот модел беше право изненадување, а потоа се докажа и како исклучително популарен автомобил. Со комбинација на зборовите Twist, Swing i Tango, Twingo се насочи кон младите и во почетокот беше достапен само во минимални верзии (на почеток само 4 бои). Втората генерација на Twingo која почна со продажба во Јули 2007 година го замени Twingo 3 во 2014 година. Авантурата продолжува... 
 1992 - Почнува продажбата на моделот Renault Safrane Safrane кој е замена за Renault 25, беше луксузен модел се до крајот на производството во 2000 година. 
 1992 - iams Renault станува конструкторски првак на F1 Со 15 први стартни позиции и 10 победи од кои 6 пати прво стартно место и победи остварени во иста трка во 16 трки. Wiliams Renault во таа година стана конструкторски светски првак, а Nigel Mensell титула за најдобар возач. Моторите на Renault беа непобедливи и во следните 6 сезони.  
 1992 -Затворање на фабриката на островот Seguin Производството во историската фабрика во Париз на островот Seguin во предградието Boulogni-Billancourt за секогаш престана со производство на 21 Март 1992 година. 
 1984 - Renault Espace прв моноволуменец на светот Претставување на моделот Espace доби големо одобрување во медиумите. Меѓутоа никој не се надеваше на таков успех. Нокој до тогаш не понудил толку голем и прилагодлив автомобил. Со 5 сосема прилагодливи задни седишта  кои може да се свртат и направат впечаток на дневна соба. Espace ги изненади купувачите ширум светот.
 1972 - Раѓање на класиката - Renault 5Новиот градски автомобил со краток преден дел и 3 врати кој е замислен за млади девојки ги смени навиките на возачите. Внатрешноста е дизајнирана во стил на седумдесетите со живи бои и украсни елементи со коцкаст облик. Во првата година на продажба Renault 5 остварил 5% од Францускиот пазар, а три години подоцна стана европски автомобил на годината. Повеќе од 10 години беше на врвот на компактни автомобили во Франција па ширум светот е продаден во повеќе од 5.325.000 примероци. Денес R5 има посебно место во историјата на класични возила во стората половина на 20тиот век, заедно со Спачек, Буба и Цитроен ДС.
 1965 - Renault 16 автомобил на годината Renault 16 чие производство започнало во Јануари 1965 година, беше прв фамилијарен автомобил. Автомобилот прво беше критикуван како преавангарден, но неговиот успех набрзо се проширил. Renault 16  пола караван и пола лимузина е замислен како возило на иднината. Несекојдневниот облик набрзо почнаа да го копираат и конкурентите. Renault 16 произведен во новата фабрика во Sandouville е продаден во скоро 2 милиони примероци.
 1961 - Почеток на продажба на Renault 4, прв културен феномен Renault 4L, прв "автомобил за живот", беше резултат на брлијантна идеа да се создаде повеќенаменски автомобил со кој може да отидете било каде и во било кои услови. Тој модел со 5 врати е претставен во 1961 година. Багажниот простор беше прилагодлив со преклопување на задната клупа, со што автоматски можеше да се претвори во доставно возило. Фантастично! Renault 4 е произведен во повеќе од 8 милиони примероци и извезен во повеќе од 100 земји прет да ја заврши кариерата, на 21. Декември 1994 година.
 1959 - Почеток на продажба на Estafette Renault во 1959 година започна со продажба на моделот Estafette, својот прв автомобил со погон на задните тркала. Половина од произведените автомобили беше наменета за извоз претежно во USA.
 1956 -  Почеток на продажба на Dauphine Моделот Dauphine повеќе е наследник одколку замена за моделот 4CV. Идејата за наследство и се гледа од името Dauphine, кој на француски значи "престолонаследничка". Новиот модел внесе свежина со современата опрема на тоа време, како седишта со подесување, функција за греење и автоматски менувач. Заоблените линии на каросеријата беа во согласност со автомобилскиот дизајн на 60тите години од минатиот век. Кариерата на моделот 4CV е завршена во Декември 1967 година. Со 2.150.738 продадени примероци ја доби титулата најпродаван француски автомобил. 1946. -  Почеток на продажбата на моделот 4CV Моделот 4CV е претставен на октомврискиот саем за автомобили во Париз. Тој е прв кој имаше мотор во задниот дел и прв француски автомобил произведен во повеќе од 1 милион примероци. Развиен е во тајност за време  на втората светска војна, тежеше само 560кг со многу мала потрошувачка на гориво и можеше да превезе само 4 лица. Произведен е во повеќе верзии, од многу штедливо сервисно возило до привлечни модели Convertibile и Sportive 1063. Се продаваше со USA, а се произведуваше и во Јапонија. 
 1929 - Отворена е фабрија на островот Seguin Renault Renault ја отвори фабрината на островот Seguin во париското предградие Boulogne-Billancourt. Фабриката произведуваше модел со 8 цилиндри Reinastella. Марката тогаш беше присутна во 49 земји. 1924. - Логотипот на Renault добива облик на ромб 
 1914 -  Нарачката на 1000 автомобили за "такси на долината Marne" Францускиот министер за одбрана го повика Renault да соработува во војната и му го додели 31виот договор, за да произведува возила за прва помош, авио мотори и муниција. Renault taxi на фронт има превезено околу 4000 луѓе, а во историјата го паметиме како "такси на долината Marne". 
 1905 - Фабриките Renault воведоа сериско производство Фабриките Renault vo 1905 година, воведоа сериско производство. Во текот на првата сведска војана, војното претпријатије произведуваше камиони, носилки, возила на итна помош, муниција и познатите текнкови FT17 кои во голема мера придонесоа за конечна победа.
 1902 - Прв мотор со два цилиндри Renault Renault го конструираше првиот двоцилиндерски мотор од кој понатаму настанал и моторот со 4 цилиндри кој беше вграден во Voiturette, автомобил кој со Марчело во Renault освои 3 победи во трката Париз-Виена. 1898 - Основање на фирми  Luis Renault и неговите браќа во 1898 година оформија сопствена фирма. Набрзо стануваат популарни по авто трките во кои нивните возила редат победи. Пред вас е историски преглед на нашата марка од 1898. година па сè до денес. Величенствената Renault индустриска авантура ги опфаќа историските модели, спортски достигнувања, харизматични луѓе и иновации кои го сменија авомобилскиот свет. 

Renault и кинематографија

Renault и кинематографија

Во 1899 година Luis Renault се појавил во филм зад управувачот во филм на својот прв автомобил произведен една година порано. Тоа е почеток на историјата на љубов помеѓу Renault и филмот која опстојува повеќе од 100 години.


Renault Espace на престижниот филмски фестивал во Кан

Од 1983 година Renault соработува со фестивалот во Кан. На фестивалот во 2015 година соработува со едни од најпознатите глумци кои на фестивалот пристигнаа со стил во новиот Espace.


Renault колекција на модерна уметност

Со повеќе од 300 дела оваа колекција е формирана од 1967 до 1985 година. Во тој период целта на тоа претставување новина  не беше да се купат веќе готови дела. Renault сакаше да воспостави соработка со модерните ументници, не толку познати кои ги интересира светот на индустријата. Тие уметници денес ја прават историјата на уметноста.

Приказна за Renault 4

Приказна за Renault 4, започна во 1956 година

Како трет најпродаван модел во автомобилската индустрија и најголем француски успех во светот со повеќе од 8 милиони продадени примероци во повеќе од 100 држави, Renault 4 стана вистинска автомобилска легенда.Pierre Dreyfus во 1956 година го воведе поимот џинс-автомобил "Blue Jeanse Car". Со тоа сакаше да произведува автомобил кој ќе биде ефтин и за широка употреба и тоа го раскажа на целиот свет. После 5 години на конференција за печат пред саемот на автомобили во Париз 1961 година на светот му беше претставен Renault 4, прв со погон на предни тркала..

Проектот имаше ознака 112, а прекарот му бил "350" (во согласност со идната цена од 350.000 франки).

Автомобилот во Франција е претставен во Јули, 1961 година, а во јавност на саемот за автомобили во Париз. Моделот се произведуваше во 28 држави заедно со Франција, а се продаваше во повеќе од 100 држави. Крајот на производството беше 3 декември 1992 година кога е најавено и конечното престанување на тој модел. Производството продолжи само во Словенија и Мароко.

Renault 4 така стана трет најпродаван автомобил во свет. Постоеа 3 верзии: R3 кој е повлечен после една година, R4 и R4L (L е кратенка за лукзуз). Ознаката R4 набрзо стана како име на моделот кој за секогаш остана во срцата на францускиот народ и целата јавност. Внатрешноста, малите трошоци и прилагодливоста веднаш станаа омилените негови карактеристики кои ги нарекоа моментален успех. Веќе после 6 години од производната лента излегоа 1 милион возила. Вкупно за 31 година производството достигна до 8.135.424 автомобили.

Renault 4 беше успешен и надвор од Франција. Се произведуваше во 27 држави како: Австрија, Јужно-Афричката Република, Филипини и во Чиле. 4ката можеше да се купи во неколку верзии помеѓу кои и доставна со погон на 4 тркала и кабриолет. Имаше и различни верзии кои ги викаа Родео. Во Франција најпознати беа: Parisienne (1963), Jogging (1981) и Sixties (1985), исто така тој беше познат и на рели трките. Беше најомилено превозно средство на младите кои со него го истражуваа светот. Можеше да се види и на автомобилските натпреварувања, како релито во Монтекарло и релито Париз-Дакар. Во тоа афричко рели се качи и на победничкиот подиум.

Специјалната серија Bye-Bye е направена во 1922 година, а се произведуваше до 1994 година во Словенија и Мароко, но во мали количини. Последната 4ка на светот од Ново место во Словенија.

Временска трака на Renault 4

*1956 Pierre Dreyfus го започнува проектот (џинс автомобили)*1959 Прототипот на идниот Renault 4 ги помина сите патишта низ светот. Од САД до Шведска преку Сардинија и Гвинеа, инжинерите го тестираа автомобилот кој ги поднесе сите екстремни услови*1961, (6 Јули) последен 4CV е произведен во фабриката Billancourt. Со тоа е направен простор за подвижни ленти на кои се произведуваше новиот Renault 4*1961 (Август) е претставен Renault 4 и Renault 3 во францускиот реон Camargue.*1965 (Октомври) е првиот јавен настап на новото Renault 4 на салонот на автомобили во Франција (Grand Palais)*1965 R4 службено станува Renault 4*1966 Почеток на Реновата операција (Les Routes du Monde)*1967 Скоро 370.000 се произведуваат годишно. Renault 4 станува француски успех. Во Септември е конструирана маската од алуминиум.



*1974 (Септември) е воведена пластичната маска*1977 Renault 4 - продадено во 5 милиони примероци. Renault станува најголем европски производител на автомобили.*1980 Renault 4 - трето место на релито Париз-Дакар во рацете на браќата Marreau.*1985 Производството го поминува прагот од 7 милиони автомобили*1988 Renault 4 на германскиот пазар заврши со продажба, после 27 години успех и повеќе од 900.000 продадени примероци, обележан со ограничена серија од 500 примероци е верзијата Van.*1992 фабриката во Billancourt искочија последните 1000 примероци на Renault 4. Верзијата GTL ја красеше комемориската плочка со натписот Bye-Bye со која е обележан крајот на производството. На крајот на декемсври Renault го најави официјалниот крај на производството на Renault 4. Само уште две земји по оваа дата продолжија со производството (Мароко и Словенија).Вкупен број на произведени Renault 4 примероци е 8.130.000 автомобили.

Renault 4 Miss Sixty


По повод 50 години на 4ка Renault ја произведе верзијата Miss Sixty. Темелот на Renault 4 е од 1965 година, а дизајнот му е инспириран од модната марка Miss Sixty. Карактеристичен е со бојата на каросеријата специјално прилагодени гуми, задни светла, како и ексклузивна внатрешност со розеви рабови и везени детали.


Мотори кои се употребуваа во Renault 4 се:

603cc, 747cc, 782cc, 845cc, 956cc i 1.108 cc. 


Имиња и прекари на Renault 4:


*Италија-JP4 продаван под името Жаба*Шпанија-Cuatro Latas (четри кутии)*Бивша Југославија-Картичка*Тунис-R4 Monastir, по родното место на претседателот Bourguiba.*Зимбабве-Noddy Car*Аргентина-El Correcaminos (тркач)*Финска-Tiparellu (Капка)*Cupe de France Renault Cross Elf (1974-1984)

Серии и специјални верзии



*1963 Sinpar Four - верзија со погон на 4 тркала ( се до крајот на производството)*1963 Parisienne*1968 Plein Air*1970 Rodeo*1975 Safari ограничена верзија*1981 JP4 изведена R4, произведена CAR sistem, Jogging ограничена серија од 500 возила*1982 Ограничена серија Shopping (300 возила произведено во Белгија)*1985 Ограничена серија Sixties (2200 возила)*1988 специјална верзија за германскиот пазар Salu, со која е обележан крајот на производството (500 возила)*1991 ограничена серија Cartes Jeunes*1992 Bye-Bye специјална верзија за францускиот пазар со која е обележан крајот на продажба (1000 возила)