За нас

Новиот Renault Megane

НОВИОТ RENAULT MÉGANE - ЗАВОДЛИВА, ИНТУИТИВНА И СИГУРНА BERLINA

 

Линиите на Новиот Renault Méganе се резултат на желбите за производство на автомобили впечатливи на прв поглед. Неговиот динамичен, елегантен стил е инспириран од страста поврзана со автомобилите, вклучувајќи ги и влијанијата од светот на спортот. Новиот Renault Mégan е габаритен, со силен акцент на обликот и завршниот изглед на каросеријата, како и на материјалите што се користат. Новиот модел исто така го искористи напредокот во областа на сигурноста и трајноста во целиот асортиман на Renault.

 

Внатрешноста на новиот Renault Méganе е опремена со практични карактеристики за поголема уметност и ергономија. Тоа вклучува комбинирани аналогни и дигитални броила со нов интерфејс на регулаторот за брзини во боја. Освен тоа има и опрема која обично се поврзува со повисок сегмент како што е автоматска паркирна сопирачка, „hands-free“ влез и движење на возилото, автоматско заклучување на возилото кога возачот се одалечува од автомобилот, навигациски систем Carminat Bluetooth® DVD и аудио систем по мерка (3D Sound by Arkamys®).

 

Патните перформанси на новиот Renault Méganе е во согласност со високите стандарди кои ги ветува неговиот изглед: прецизност, контрола и ефикасност, чијашто комбинација овозможува особено пријатно и сигурно возење. На располагање е голем асортиман обновени мотори dCi и TCe кои ги комбинираат перформансите и грижата за околината. Меѓу нив се 4 дизел мотори со емисии еднакви или помали од 120 g/km.

 

Новиот Renault Mégane е дизајниран да пружи најголема сигурност во класата. Тој наследил двојни сензори за страничен судир и воздушни перничиња од два дела како на Lagunа III кои ги намалуваат последиците од страничниот судир.

Возилото е и одговорно спрема општеството бидејќи 95% од масата може повторно да се искористи на крајот од животниот век, додека речиси 12% од пластиката е рециклирана и изнесува околу 22 килограмим по автомобил.

 

Новиот Renault Mégane означува почеток на обновата на понудите на Renault во сегментот С со повеќе од третина на пазарот. Овој сегмент долго време бил најголем во Европа и значително придонесувал на успехот на Renault во областа на количина и профитабилност.

 

Do 2010. familija novih Mégana čini šest različitih modela, od kojih svaki ima svoj prepoznatljiv i prodorni karakter. Ovih šest modela je osmišljeno isključivo za kupce na evropskim tržištima i proizvodiće se u Palenciji (Španija) i Doualu (Francuska). Na tržištima izvan Evrope bit će dostupni drugi modeli opremljeni posebnim tehničkim rešenjima u skladu s lokalnim uslovima korišćenja.

 

До 2010 година, семејството на новиот Mégane сочинува шест различни модели, од кои секој има свој препознатлив и силен карактер. Овие шест модели се осмислени исклучително за купувачите на европскиот пазар и ќе се произведуваат во Паленција (Шпанија) и Дуал (Франција). На пазарите надвор од Европа ќе бидат достапни други модели опремени со посебни технички решенија во согласност со локалните услови на користење.

 

Новиот Renault Mégane, кој започна да се продава во ноември 2008 година, е 16 возило од планот на Renault Договор 2009 и заради тоа во целост ја користи предноста на напредокот остварен во областа на квалитетот кај претходните возила.

 

 

Поглавје 1: Препознатлив, продорен стил за првиот член на новото семејство Renault Mégane

Дизајниран да заваедува

Робустност и видлив квалитет

 

 

Поглавје 2: Ергономски напреден: интуитивни команди, удобност, корисна технологија

Нагласување на интуитивна, удобна внатрешност

Mnoštvo opreme iz višeg segmenta

 

 

Поглавје 3: Ненадминливо искуство во возењето

Извонредно управување: сигурност, добра реакција и прецизност

Грижа за околината и перформансите: предност на асортиманот на моторите dCi i Tce

Новиот Renault Mégane цели кон совршена сигурност

 

 

Поглавје 4: Новиот Renault Mégane, семејство со карактер

Mégane: големо семејство кое станало славно

Сегмент на компактни возила во западна Европа: пазар со повеќе од 5 милиони автомобили

Загарантирано одржливи и исплатливи економски услови

 

ПОГЛАВЈЕ 1 1

Препознатлив, продорен стил за првиот член на новото семејство Renault Mégane

"Новиот Mégane е плод на истражување на дизајн што се забележува на прв поглед, кој не само што е динамичен и спортски, туку е полн со квалитет и солидност," кажува Фабио Филипини, Директор во Дизајн Renault. Новиот Mégane го пробива патот на обновата на понудата на Renault во сегментот на компактните возила. Како и саемскиот Mégane Coupé Concept откриен во Женева на пролет 2008 година, Новиот Renault Mégane игра на картата на заведување на љубителите на автомобили.

 

Наменет да заведува

Одделението за дизајн на Renault тесно соработуваше со проектните инженери од многу раната фаза за во гените на новиот Mégane да може да ги вклучи стилските карактеристики на спортскиот дизајн. Резултат е фамилијарна берлина со должина од 4,30 метри и динамичен изглед, благодарение на своето кратко предно и задно испапчување, растојанието на вратилата од 2,64 м, стрмната линија на покривот и широкото растојание помеѓу тркалата

Неговата силна посебност веднаш се забележува во храбриот изглед на предниот крај со венец на капакот на моторот во насока на логотипот на средината, преку носачот на ватробранот. Издолжената линија на светлата продолжува со флуидна линија која ги спојува со отворите за воздух, како би се нагласил забележителниот и карактеристичен изглед на Новиот Renault Mégane

Силниот карактер на Новиот Renault Mégane исто така може да се види на задниот дел каде светлата од два дела ја продолжуваат неговата линија и го олеснуваат пристапот кон багажникот.

Латино влијанието со сензуални, елелгантни линии на Новиот Renault Mégane особено е забележителен кога се гледа од страна. Неговите странични пропорции се складни и динамични и неодоливо потсетуваат на движење, со силен карактер и ветување за вистинско уживање во возењето

 

Робустност и видлив квалитет

На прв поглед, Новиот Renault Mégane е полн со чувство на робустност и видлив квалитет. Овој впечаток е засилен со раскошната површина и заобленоста на каросеријата. Гледано од страна, заоблените предни страни продолжуваат према назад, до нагласените, солидни рамења на возилото. Широкото растојание помеѓу тркалата (1,55 m) гарантира добро приспособување на патот и чувство на стабилност, нагласено со стрмен заден ветробран и со целиот дизајн на задниот крај на возилото. Пропорциите на Новиот Renault Mégane, обликот на украсната лајсна и големи површини на вратите даваат чувство на сигурност.

Овој спој на флуидни линии и раскошните пропорции исто така максимално го нагласува визуелниот ефект кој настанува со одбивање на светлината од каросеријата, додека распонот на металик боите вклучува и потполно нов тон Ecume Blue.

Посебно внимание е посветено на намалувањето на острите линии помеѓу разните делови на каросеријата (на пр. носачите на ветробранското стакло, капакот на резервоарот за гориво). Предниот и задниот браник дискретно ги инкорпорираат сензорите за помош при паркирање. Покривот на Новиот Renault Mégane поминал посебна обработка со ласер за да не му бидат потребни капаците за покрив.

 

Во внатрешноста го откриваме интуитивното место на возачот со многу флуидни линии. Чувството дека инструмент таблата е во воздух е засилено со чистите хоризонтални линии, кои ги нагласуваат облините на украсната лајсна. Сите команди внимателно се сместени околу управувачот и средишната конзола за да ослободат повеќе место за уште попространа кабина.

Исто така е посветено и големо внимание на квалитетот и завршната обработка на користените материјали. Целосно интегрираниот визир не само што има мека завршна обработка, туку е и отпорен на секојдневно користење и сончевите зраци.

Бришачите на стаклото естетски се скриени под линијата на капакот од моторот, а тоа е избор што исто така придонесува за подобри акустични и аеродинамични карактеристики.

Внатрешните облоги се внимателно осмислени за да постигнат различно чувство во зависност од нивото на опремата. Така купувачите можат да одберат светол, елегантен амбиент кој е исполнет со удобност во возењето или потемен амбиент за спортскиот стил.

Конечно, Новиот Renault Mégane доаѓа со целосен асортиман на дополнителна опрема вклучувајќи комплети на каросерии, но и елементи за поголема удобност и решение за превоз на предмети.

 

ПОГЛАВЈЕ 2

Ергономски напреден: интуитивни команди, удобност, корисна технологија

 

Naglasak na intuitivnu, udobnu unutrašnjost

Поедноставената ергономија и интерфејс значи дека купувачите на Новиот Renault Mégane нема да имаат никакви проблеми при навикнување на својот нов автомобил.

Првата работа што ќе ја откријат кога прв пат ќе седнат зад управувачот на Новиот Mégane е inovativna instrument tabla sa аналоген бројач на вртежи и дигитален брзиномер кои се многу едноставни за употреба, што на возачот му овозможува поголема визуелна контрола над брзината на возилото. Централно сместен брзиномер исто така вклучува функции на регулатор - ограничување на брзината, показатели за гориво и температура, како и индикатори за затворање на вратите и притисокот во гумите.

 

Посебна иновација на Renault е регулатор - ограничување на брзината на Новиот Mégane со нов интерфејс. Кога оваа функција ќе се активира, брзината која ја одбрал возачот се прикажува на врвот од брзиномерот кој е опкружен со низа светла во облик на круг околу средишниот дисплеј. Кога ограничувачот е вклучен, се пали низа од црвени светла со зголемувањето на брзината, додека одбраната брзина почнува да трепка ако ја пречекорите. Користењето бои не е сами интуитивно и функционално, туку ја зголемува реакцијата и сигурноста.

 

Дизајнот на седиштата и користените материјали овозможуваат удобно возење со километри. Освен управувачот кој се подесува по висина и длабочина, интуитивните команди за подесување на седиштето едноставно се под раката, а возачот во многу кусо време може да го прилагоди аголот на наслонот на седиштето и наслонот за глава, да го прилагоди лумбалниот дел, па дури и да го качи или спушти седиштето за 70 мм.

 

Чувството на удобност во возењето е зголемено со внимателно смислена акустика на исклучително пространата кабина, „најдобра во класата" според ширината на лактите на предните седишта.

Зафатнината на багажникот од 405 dm3 е меѓу најдобрите во сегментот. Пристапот е едноставен поради нискиот товарен праг и големиот отвор при подигање, кој се постигнува со ставање на дел од задните светла на самите врати на багажникот. Задната клупа 2/3-1/3 овозможува едноставно прилагодување на зафатнината на багажникот според потребите на купувачот благодарение на едноставно достапните ергономски прачки. Новиот Renault Mégane исто така ги чува посебно корисните прегради под подотвоведени во претходната генерација на Mégane.

 

Mnoštvo opreme iz višeg segmenta

За подобро да ги исполни очекувањата на корисниците, Renault посвети посебно внимание на ергономијата на местото на возачот и интуитивноста на различните команди на Новиот Mégane. Во внатрешноста има многу технолошка опрема што произлегла од горниот сегмент, која го олеснува возењето и ја зголемува удобноста.

 

Новиот Renault Mégane е опремен со картичка за hands-free пристап и движење на возилото,  која во исто време го заклучува возилото кога возачот се одалечува од него. Сите врати автоматски се заклучуваат со притискање на копчето на рачката од вратата. Се отклучуваат кога лицето кое ја носи картицата ќе се приближи до една од рачките на вратите или ако ја активира бравата на багажникот. Функцијата за далечинско осветлување им овозможува на возачите да го лоцираат возилото благодарение на посебното копче на картицата со помош на кој се палат светлата.

 

Уште еден елемент на удобност во Новиот Renault Mégane: автоматска паркирна сопирачка која се активира автоматски по исклучувањето на моторот и се отпушта со едноставно притиснување на педалот за гас додека работи моторот. Системот го олеснува движењето во надолнина и може да се активира рачно со помош на прекинувачот сместен на централната конзола.

 

Новиот Renault Mégane може да се нарача со еден од двата понудени навигациски система Carminat Bluetooth® CD (2D навигација во боја на екран од 7" и сега со централаа команда) или Carminat Bluetooth® DVD (3D навигација од висока класа), кој до сега бил достапен во моделите од повисоките сегменти. Carminat Bluetooth® DVD има три функции: GPS навигација, радио ЦД компатибилен со MP3 и комади на hands-free телефон Bluetooth®. Командата со џојстик се наоѓа во средината на централната конзола, едноставно и брзо се користи.

 

За оптимална топлинска удобност Новиот Renault Mégane е сериски опремен со клима уред, додека во некои верзии е достапен автоматски двозонски систем. Овој систем му овозможува на возачот и совозачот независно да ја одберат саканата температура, Исто така им овозможува да изберат брзина на вентилација со помош на функцијата „Soft-Auto-Fast“. Во „Auto“ начинот системот автоматски ја подесува оптималната температура, нивото на звукот и почетната брзина. Програмата „Soft“ дава предност на посмирен амбиент, особено за возачот и совозачот, додека начинот „Fast“ брзо и ефикасно проветрува како би ја прилагодил температурата на целата кабина.

 

Новиот Mégane располага со широка понуда на аудио системи, вклучувајќи за прв пат и модел на Renault систем од висока класа, развиен во соработка со фирмата Arkamys® и познат под името '3D Sound by Arkamys®'. Оваа специјализирана фирма за дигитална аудио обработка има десетогодишно искуство и произведува посебен софтвер кој овозможува продукција на висококвалитетен тродимензионален звук. Системот дури може да го прилагоди искуството на слушање кон бројните патници во возилото. Во меѓувреме, радио приемот е оптимизиран со помош на системот со двојна антена, традиционална надворешна и дополнителна антена на задното ветробранско стакло.

 

Соеднувањето исто така е една од гордите карактеристики на Новиот Renault Mégane, благодарение на надворешниот влез сместен на средната конзола кој овозможува на патниците да уживаат во личните музички колекции ставени на преносните уреди за слушање музика Plug & Music опцијата му овозможува на возачот да ги пребарува функциите на преносните уреди за слушање музика (USB, iPod®, итн.) преку командите на управувачот, со приказ на мени и на листите со песни на екранот од инструмент таблата.

 

ПОГЛАВЈЕ 3

Ненадминливо искуство во возењето

 

Izvrsna upravljivost: sigurnost, reaktivnost i preciznost

Реакција, динамични перформанси и уживање во возењето кое го овозможува Новиот Renault Mégane е потполно во склад со неговиот ветувачки изглед.

 

Во раната фаза на проектот вложен е значителен инженерски труд во сите составни елементи на шасијата. Предното подвозје од типот MacPherson е поврзано со новиот мост со „облик на рогови'.  Оваа конфигурација го ограничува страничното поместување на мостот и гарантира беспрекорна прецизност во управувањето. Истовремено, новиот серво управувач на Новиот Mégane овозможува подобра усогласеност на „наредбите“ на возачот и реакцијата на системот, и го намалува феноменот на инерција зад управувачот. Задното подвозје е меко вратило со програмирано деформирање. Вратило, од сега со затворен профил, ја зголемува крутоста на торзијата и го прави возилото полесно. Сите овие технологии овозможуваат реактивно, агилно возење  како и подобро однесување во свијоците без да се намали удобноста на патниците.

 

Покрај динамичните квалитети на шасијата, Новиот Mégane има водечки перформанси за сопирање во својата категорија благодарение на големите димензии на сопирачките. Комбинацијата на предните вентилирани дискови од 296 mm и задните дискови од 260 mm му овозможува на Новиот Méganе да сопре по повтореното сопирање со 100 km/h за само 37 метри, што претставува една од најдобрите растојанија за сопирање во сегментот.

Новиот Mégane исто атака нуди прецизно, реактивно и сигурно приспособување на патот. Неговото позитивно и предвидливо управување одговара на динамичните стилови на возење со целосна сигурност.

 

Briga za okolinu i performanse: prednosti game motora dCi i TCe

Од лансирањето, Новиот Mégane располага со темелно обновен асортиман на dCi i TCe (Turbo Control efficiency) мотори кои комбинираат умерена потрошувачка со уживање во возењето. Овие мотори имаат капацитет да го реализираат вртежниот момент и снагата од малиот број вртежи и во голем распон на користење, без оглед на барањата што им се наметнуваат. Новиот Renault Mégane профитирал од оваа технологија за да понуди цел асортиман перформантни мотори и менувачи чиишто технички карактеристики го извлекуваат најдоброто од неговите динамички квалитети.

 

 

dCi мотори

Моторите dCi 85 и dCi 105, веќе познати и признати поради своите перформанси и уживањето во возењето кое го овозможуваат, се дополнуваат со моторот dCi 90 и dCi 110 со филтер за честички Секој од овие мотори испушта помалку од 120g CO2/km. Новиот dCi 130 ја користи најновата технологија на согорување и турбо полнење со емисија од само 135 g/km CO2. Најголема снага (130 KS/ 96 kW) е исто така достапна (со 3,750 врт/min наместо со 4,000 врт/min), а најголем вртежен момент (300 Nm)е достапен од 1,750 врт/min наместо од 2,000 врт/min. Оваа понуда наскоро ќе ја дополни dCi 160 со рачен менувач и dCi 150 споен со автоматски менувач.

 

бензинski motori

Во зависност од пазарот, понудата на бензинските мотори ја сочинуваат моторите 1.6 16V 100 KS и 110 KS, како и 2.0 16V 140 KS i TCe 180. Моторот 2.0 16V ќе биде достапен од лансирањето со рачниот менувач со 6 брзини, додека трајно варијабилниот менувач за овој мотор ќе биде воведен подоцна. Најновиот бензински мотор на Renault, TCe 130 е ставен во каталогот за пролет 2009 година. Развиен во рамките на Сојузот Renault-Nissan, совршено ја претставува стручноста остварена во областа на намалување на трошоците. Овој нов, економичен блок со зафатнина од 1,397 cc добива сила од 1,8-литарскиот мотор (130KS) и вртежен момент на моторот 2.0 (190Nm),а неговата емисија на CO2 е помала на оние од моторот 1,6 со што уште повеќе се грижи за околината. Во зависност од верзијата, овие мотори може да се спојат со рачниот или автоматскиот менувач со пет до шест степени пренос..

 

Во понудата на Новиот Méganе ќе се вклучат и мотори компатибилни со биогоривото (биоетанол и биодизел).

 

Освен тоа што е поголем и попростран, Новиот Méganе во просек е 8 кг полесен од својот преходник. Комбинацијата со помала тежина и оптимална аеродинамика доведе до исклучително мала потрошувачка на гориво и емисија на CO2, но  не на сметка на уживањето во возењето и возните карактеристики.

 

Новиот Méganе е еден од оптествено најодговоните автомобили во својата класа. Речиси 70 % од неговата продажба ќе биде во согласност со критериумите за потпис Renault eco²:

-          емисија на CO2 помала од 140 g/km или компатибилен со биогоривото,

-          произведен во фабрика со сертификат ISO 14001,

-          95 % повторно употреблив на крајот на животниот циклус и најмалку од 5% пластиката што ја содржи мора да биде рециклирано.

 

Новиот Renault Mégane има цел да достигне совршена сигурност

Како и неговиот претходник, Новиот Mégane е дизајниран да биде најдобар во класата во својот сегмент. Renault секако ја искористи стручноста на своите инженери и студиите што ги спроведе LAB[1] за да развие најефикасна сигурносна опрема за реални ситуации во возењето.. Новиот Mégane ги користи предностите на големата стручност на Renault во областа на сигурноста и е развиен да биде примерен во оваа област.

 

Што се однесува до активната сигурност, Новиот Mégane, како и останатиот асортиман на Renault, има долг список на опрема чијашто цел е да му помогне на возачот да да ги предвиди ризичните ситуации. Оваа опрема вклучува визуелни потсетници за сигурносните појаси за сите 5 места, систем за контрола на притисок во гумите и ксенон светла кои го следат свијокот, како и автоматско активирање на светлата, бришачите за стакло и ограничување на брзината.

За соочување си тешки или итни ситуации, Новиот Mégane исто така серисики е опремен со системот ABS со електронски разделник на силата за сопирање како и со систем за помош при нагло сопирање. . Во зависност од верзијата, располага и со системотESC (Electronic Stability Control) електронска контрола на стабилноста.

 

Во поглед на пасивната сигурност, svrha целта на програмираното деформирање на структурата на Новиот Mégane jе да ја апсорбира енергијата на ударот со цел да ја заштити кабината и патниците во неа. Материјалите што се употребени - вклучувајќи челик со висок, многу висок, дури исклучително висок степен на еластичност се одбрани за апсорпција и разнесување на кинетичката енергија. Контрола на деформациите гарантира намалување на забавувањето кое го чувствуваат патниците и заедно со системот за заштита на Renaultov од 3. генерација (SRP3), гарантира исклучително високо ниво на заштита.

Системот за заштита на Renault од 3. генерација е единствен на пазарот и ја зема предвид силината на ударот и градбата на телото на патникот. Комбинира двојни затегачи на појасите (кои го ограничуваат поместувањето на телото нанапред, затегнувајќи го појасот на ниво на градниот кош и карлицата) и прилагодливи воздушни перници од два дела (кои се пумпаат до определено ниво и го амортизираат ударот). Системот исто така нуди оптимална заштита од лизгање, т.е. за лизгањето на карлицата под долниот дел на сигурносниот појас, што може да доведе до сериозни повреди на абдоменот во случај на судир. Закопчувањето на сигурносните појаси е олеснето поради повисоката положба на држачите и поедноставниот пристап.

Страничниот удар е главна причина за смртност бидејќи страните на автомобилот традиционално нудат помала заштита. Меѓутоа, специфичниот труд вложен во оваа област доведе до позитивни резултати. Новиот Mégane ги наследил двојните сензори во случај на страничен удар и воздушни перници во два дела за торзото/карлицата, за прв пат воведени во Lagunа III. Воздушните перничиња ја прилагодуваат силата на притисокот врз телото правејќи три пати посилен притисок во пределот на карлицата, која е поизложена во однос на пределот на градниот кош.

Држачите за фиксирање наслоните за глава на новата генерација може да лизгаат во самиот наслон за главата, а не во горниот дел на наслонот на седиштето, овозможуваат подобра заштита на вратните пршлени во случај на удар од задниот дел. Бидејќи веке не се крут елемент во наслонот на седиштето, грбот на патникот може да навлезе во седиштето додека главата да не го допре наслонот и со тоа го намалува движењето на главата и градниот кош.

 

ПОГЛАВЈЕ 4

Новиот Renault Mégane: семејство со карактер

Новиот Renault Mégane е автомобил со вистински карактер соодветен за сите возачи.

 

Mégane: velika familija koja je postala slavna

Со вкупна продажба од речиси 8,5 милиони парчиња низ целиот свет од неговот лансирање во 1995 година, Mégane стана вистински комерцијален успех.

Седум типа на каросерија кои го сочинуваат семејството Mégane кое превезува милиони возачи и патници секој ден, се произведуваат на три континенти (Европа, Јужна Америка и Азија) во девет фабрики и се продаваат во повеќе од 75 земји надвор од западна Европа..

Во западна Европа, Mégane ја доби довербата на пробирливите купувачи во потрага за идеална рамнотежа: удобност во внатрешноста, најдобро ниво на сигурност, едноставно секојдневно користење и економичност. Бројните модели на Mégane долго се наоѓаат на врвот од европските продажни листи и добиле многи водечки награди, вклучувајќи ја и наградата за автомобил на годината за Scénic I 1998. и Mégane II  2003. година. Mégane исто така беше и прв во сегментот на компактни возила со пет ѕвезди на  Euro NCAP за верзијата Berline.

 

Разновиден и многу иновативен асортиман

Како прв моноволумен во својата категорија, Scénic создаде сегмент на компактни моноволумени, продолжувајќи ја пионерската филозофија на Renault започната со лансирање на моделот Espace во 1984 година и потоа на Twingо во 1993 година. Револуцијата на Scénic зпочна верижна реакција во индустријата и привлече голем број производители на автомобили во таа насока.

Mégane Coupé-Cabriolet беше првиот автомобил со сериски преклопен стаклен покрив. Прв во категоријата исто така овозможува ист стандард на сигурност како berlina, благодарение на заштитата од т.н. лизгање на патницита.

Во 2003 и 2004 година Renault бил првиот производител на автомобили кој понудил двојна понуда на каросерии во категоријата на компактни моноволумени: Scénic, Grand Scénic (5 места) и Grand Scénic (7 места).

 

2004 и 2005 година Renault Mégane бил најпродаван модел во западна Европа, вклучувајќи ги сите типови каросерија. Како што се ширело производството во фабриките во Јужна Америка, Турција и Иран, неговата популарност се зголеми и на другите континенти.

Кон крајот на 2007 година, 13 години по лансирањето на оригиналниот модел, семејството Renault Mégane беше меѓу првите пет најдобро продавани патнички возила во западна Европа, со процент од речиси 10% во сите сегменти.

 

Сегментот на компактни возила во западна Европа: пазар со повеќе од 5 милиони возила

 

Со речиси 5,2 милиони регистрирани возила во 2007 година во западна Европа, сегментот на семејни возила со средна големина претставува повеќе од една третина на европскиот пазар и продолжува да се покажува како најголем сегмент на западна Европа што се оденсува до количината.

 

По револуцијата со моноволумени на почетокот на оваа декада, сегментот доживеа доаѓање на компактните SUV-возила чијашто продажба се зголемила седум пати во период од 10 години. С сегментот се зголеми за 1,4 % во 2007 година, во однос на 2006 година.

 

Денешниот сектор е исклучително конкурентен, со повеќе од 100 модели што се достапни во Европа, кои ги произведуваат големите светски марки и европските специјалисти. Понудата е разновидна и вклучува не помалку од10 типови каросерии: berlina со 5 врати, berlina со 3 врати, coupé, tricorps, break, coupé-cabriolet, куси и долги моноволумени, SUV и деловни возила.

Berline (bicorps i tricorps) претставуваат повеќе од половина од сите продадени возила во 2007 година како традиционален тип каросерија од С сегментот. Конечно успеале да се стабилизираат во продажбата на овој тип возила во текот на десет години и продадените количини сега се постојани.

Друг најзастапен тип на каросерија е моноволумен. Повеќе од 30 % од купувачите на овој сегмент го одбираат ова возило. Во западна Европа, продадените количини на моноволуменски возила растат бавно, но сигурно, со пораст од 1,4 % во 2007 година во однос на 2006 година.

 

Компактните SUV возила оствариле значителен успех во западна Европа во последните пет години, со речиси 4 % трговски удел и околу 25 различни модели.

Статистиката укажува на стабилност во сегментот, особено поради законот чијашто цел е намалување на емисијата на штетните гасови. Компактните модели се истакнуваат како најквалитетни автомобили во оваа област благодарение на рамнотежата помеѓу уживањето во возењето, пространоста и емисии на CO2.

Дизел моторите исто така продолжуваат да напредуваат во западна Европа и претставувале 60% сегменти во 2007 година (во споредба со 25% од 1995 година). Овој растеж е резултат на перформансите на дизел моторите во однос на емисиите на CO2. Дизелашите добиваат фискални поттикнувања во поголемиот дел од земјите на западна Европа на чиишто пазар дизел верзијата на Méganе II претставува речиси 70% од продажбата.

 

Zagarantovani održivi i isplativi ekonomski uslovi

 

Капитал потребен за Нов Méganе изнесува 1,8 милијарди евра. Тој покрива дизајн на шест нови типови на каросерии и нивно производство во Паленција (Шпанија) и Дуаи (Франција).

 

И покрај бараните стандарди, трошоците за истражување и развој се одржуваат на минимум благодарение на пренесувањето на некои од технологиите развиени за Новата Lagunа.

 

Како и Новата Lagunа, Новиот Mégane ги користи предностите на планот за Извонреден квалитет и го искористува напредокот од примената на најдобрата пракса и постапките на Renault, особено во рамките на системот за дизајн на Renault (SCR) и и системот за производство на Renault (SPR). Овој повеќефункционален пристап е корисен за целиот асортиман.

 

Значителниот пренос на компонентите од Новата Lagunа и од другите модели на Renault, како и од деловите за Mégane II, придонесе за значително намалување на вложувања поврзани за производството, 30 % помалку отколку што било потребно за претходната генерација.

Раѓањето на втората генерација на семејството Mégane доведе до големи вложувања во фабрики кои веќе биле модернизирани во голема мерка, особено со воведувањето на новата лимарија. Подвозјето на Новиот Mégane е идентично на она од Mégane II кое веќе било на високо ниво. Преносот од Mégane II - кој не се однесува само на елементите на платформата, туку и на основните механички уреди, делови и технички решенија - се покажа како особено вреден за намалување на трошоците за производство. Покрај тоа, не донесе речиси никакви ограничувања бидејќи на дизајнерите им остави слобода за креативност.

 

Рационализацијата на планот за производство за оптимално користење на производните капацитети. Исплатливост на програмата во голема мера осигурана со амортизација на трошоците поради користење на постојните производни капацитети. За поттикнување на оптималното користење на капацитетите за своите европски производни погони, (Паленција и Дуаи), Renault го подели производството на шесте модели од семејството на Новиот Mégane меѓу овие две фабрики. Новата Mégane berlina се произведува во Шпанија. Оваа реорганизација, со различни фабрики специјализирани според типот на каросеријата овозможи заштеда на трошоците во производство на платформа која сега е амортизирана. Исто така овозможи подобро насочување на вложувањата што се потребни за секој тип на каросерија.

 

810 милиони евра вложување во производството е поделено на следен начин: 370 милиони евра е вложено во добавувачи и 440 милиони евра во фабриките во Дуаи и Паленција.

 

Работата со добавувачите на оптимизацијата на големината на капацитетите и укинување на повеќенаменските алати придонесе за заштеда од 125 милиони евра. Во сериското производство, потеклото на некои од деловите од источна Европа и Азија придонесе за помали трошоци за купување на деловите. Постапките за контрола на квалитет се засилени до ниво кое се бара за традиционална набавка и добиените резултати се исти: само 30 неисправни делови од милион.

 

Вложувањата поврзани со фабриките се преполовени во споредба со Méganom II и релативно еднакво се поделени помеѓу двата погона, 250 милиони ерва за Дуаи и 190 милиони за Паленција.

 

Купувањето алати за производство на новите компоненти и заменувањето на роботот за погон за составување на деловите од лимаријата претставуваат вкупно 180 милиони евра вложени во три погони: Паленција и Валјадолид (кој обезбедува 69% од составувањето на деловите од лимаријата за 3 типа каросерии) во Шпанија и Дуаи во Франција.

 

Лимарскиот погон, 95% автоматизиран, е изменет во износ од 215 милиони евра, од кои речиси половина се вложи во Паленција. Купувањето стотина роботи овозможи постигнување резултати во квалитет и трајност во споредба со претходната генерација на Méganе. Овие алати ја дополнуваат опременоста на лимариите поставени пред пет години и кои се меѓу најдобрите во светот.

 

Во високороботизираните погони за лакирање е вложено 7 милиони евра со цел да се прилагоди постоечката опрема. Погонот во Паленција значително е обновен во 2002 година.

 

32 милиони евра е вложено во погоните за склопување. Тоа вложување е потрошено на прилагодување на постојните капацитети за моделите кои го сочинуваат семејството на Новиот Méganе. Исто така послужи и за подобрување на условите за работа во Паленција за да се воведат подножја со варијабилна височина кои имаат подобра ергономија. Со воведување на постапката strip and build" која ја користи Nissan во почетната фаза им овозможи на ракувачите поголем степен на прецизност при почетно производство на новите модели. Во производната линија возилото е наменето постојано да се монтира и демонтира за ракувачите да можат да ги пратат нивоата на почетното производство.

 

Почетните трошоци се зголемуваат на 67 милиони евра, што претставува подорбување кое овозможи усогласување на постапките и методите на едната фабрика со другата.

Искуствата на претходните почетоци на производството, како оние на Новото Twingо (Ново Место) во Словенија,   Новата Lagunа (Сандовил) и Новото Kangoo (MCA Мобеж) во Франција, овозможиле искористување на најдобрите пракси и брзо и контролирано придвижување на подвижните ленти за склопување на Новиот Méganе.

 

Исплатливи вложувања

Производството на разните типови каросерија на Новиот Méganе е програмирано за кус период. Renault ќе ја обнови својата понуда во овој сегмент во западна Европа во рок од две години.